Дијаспора

ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА

Avstralija pozari 2

Avstralija pozari 2

Скоро два месеци огнените стихии бесно хараат низ целокупната територија на Австралија, но најмногу штета претрпеа шумските предели на Викторија и Нов Јужен Велс. Ови огнени јазици проголтаа илјадници, илјадници хектари шума, уништија стотици домови, фарми, спортски и старски центри.. покосија дваесетина човечки живот, илјадници животни и милијарди инсекти.

Пожарите кои причинија неколку милијарди долари штета, се препоставува дека се создадени од човечка негрижа кон заштита на природната средина, а многу од нив токмо човекот е намерен создавач на пожарите. Многу луѓе настрадаа во борбата со пеколната огнена стихија, уште повеќе останаа заробени во шумските лавиринти опколени со оган, чад и животинска смрдија. Тежок и мачен период преживуваат и многу граѓани чии градови се под окупација на силни ветрови кои носат смог, дим и пепел. И Сиднеј ова лето Господово, покрај огромните температури, го надлетуваат црни облаци пропратени со смрад на шумско и животинско гноиво. Луѓето се во паника, некои останаа без домови, а други се здобија со разни телесни заболувања. По медиумите секојдневно кружат емотивни видео снимки од овогодинашните огнени настани во Австралија. Помош доаѓа од сите страни на светот,  едни помагаат физички, други финансиски, трети со облека, четврти со прехранбени намирници…  Македонците и тие масовно се приклучија во прибирање на парични сретства. Советот на Македонската Заедница за Нов Јужен Велс објави јавен повик до сите црковни општини, културни и спортски друштва, пензионерски асоцијации, бизнисмени… кој колку може финансиски да ја помогне оваа огнена катастрофа што и се случува оваа година на нашата втора татковина Австралија, во која живеат околу 300.000 Македонци.

Avstralija pozari 3

Деновиве пожар го зафати и излетничкото место Талбинго, кое се наоѓа 500 км на запад од Сиднеј. Како што сме информирани во него изгорела и куќата на нашата сонародничка Жаклина Михајлова, која како што изјавува за радиото СБС и РТВ Скопје покрај куќата и изгореле и многу артефакти, како и национални ракотворби, стари по неколку векови. Таа планирала во една блиска иднина да оснива  Етно музеј во Сиднеј. Кога сме при пожарот во Талбинго убаво е да спомнам дека во него имаат соградено свои викендици и следниве активисти: Душан Ристевски, Нада Иванова, Васко Димовски, Петар Јошевски и Претседателот на црквата Св. Димитрија Солунски од Волонгонг. Гратчето е сместено на брегот од реката која истекува од браната на хидроцентралата „Талбинго“ и планинскиот гребен кои создаваат прекрасна панорама, погодни за одмор и рекреација. Нашиот престој, со Душан Ристевски, го искористивме за да прочитаме по неколку свои песни пред споменикот на австралиската писателка Мајлс Франклин на 12.1.2017 год.

Avstralija pozari 1

Иван Трпоски

ТАЛБИНГО

без болен беше долгиот пат до тебе

до тебе и до твоите боженствени убавини

Господе како си го содал гратчево

до езерото и до планинското зеленило

а над ритчето си ја создал и мистериозната жена

која јуначки се бори со палавите ветрови

и со разбуктаните сончеви огнови

не заменлива е оваа волшебна глетка

и низ ноќите кога кротко ми трчкаа погледите

кон месечината и ѕвездите кои пливаа во езерото

во занес падна и мојот поетски испит

сакав да се искачам на планина

макар и по своите воздишки да газам

да стигнам до неа до убавата мистериозна жена

да ја допрам и да и кажам дека сум в љубен во неа

во неа и во гратчето на Милес Франклин

во кое живеат и творат моите драги пријатели

Avstralija pozari 412.1.2017 год.                                          

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top