Македонски легенди

Константин Ангелов Робев

konstantin

konstantinКонстантин Ангелов Робев

Константин Ангелов Робев (1818 – 1900) е истакнат македонски лекар и преродбеник. Потекнувал од охридско трговско семејство, со голема финансиска моќ, кое некои го сметале за македонско кнежевско семејство.  Медицина завршил во Виена во 1842/43 година, а потоа се посветил на лекарската практика во Охрид и во Битола. Истовремено, се вклучил во преродбенското дело, водејќи борба со асимилаторската грчка политика во училиштата и во црквите. Тој бил особено ангажиран за отстранувањето на омразениот грчки владика  Мелетиј и раскинувањето на охриѓани со Патријаршијата (1867), како и за воведување на словенскиот јазик во нив. Учествувал и во познатиот Охридски и Демирхисарскиот заговор (1881).

Константин Ангелов Робев е роден во 1818 година во Охрид, Тој е истакнат претставник на охридското преродбенслко семејство Робеви, од кои најистакнати меѓу нив биле д-р Константин Робев, кој докторирал медицина во Виена и Димитар А. Робев кој бил пратеник во првиот парламент на Османлиското царство. Ангеле, таткото на Константин, во 1852 годна заминал со семејството во Битола да се грижи за претставништво на Робеви во Битола.

Константин Робев завршил грчкото средно училиште во Јанина, заедно до Димитар Миладинов. Од гимназиските денови потекнува и големото пријателство со Димитар Миладинов. По завршувањето на гимназијата Константин студирал на Медицинскиот факултет на новоформираниот Универзитетот во Атина (1837 – 1838), а од 1838 година продолжил со студиите на Универзитетот во Виена, каде што дипломирал во 1842 година.

По враќањето во Македонија, д-р Константин Робев многу децении ја практикувал лекарската професија и бил запаметен како одличен лекар за своето време. Покрај лекарската пракса, Константин  учествува и во активностите на семејната компанија Робеви, чии преставништва во земјата и во Европа биле како вистински македонски дипломатски преставништва.

Истовремено, заедно со другите членови на семејството, тој е еден од водачите во Охрид и Битола за црковна независност. Претставник е на Охриѓани во Цариград за протерување на патријаршискиот владика и раскинувањето на охриѓани со Патријаршијата (1867), како и за воведување на словенскиот јазик во нив.

Зачуваните писма од Димитар Миладинов, ги откриваат неговите ангажмани како во поглед на помагање младите Македонци да заминат на школување во Русија, така и во поглед на отстранување на омразениот  грчкиот владиката Милетија од Охрид и неговото заменување со владика од славјанско потекло.

Д-р Константин Робев барал од највисоките црковни власти во Цариград да биде отстранет од Охрид митрополитот поради неморално држење. Кога видел дека тоа негово барање е без ефект се обратил до Великиот везир на Османлиското царство и со големиот авторитет што го имал кај Турците се изборил да биде сменет неморалниот митрополит.

Д-р Константин Робев се ангажирал и за ослободување од Цариградскиот затвор на својот пријател Димитар Миладинов и на неговиот брат Константин, но очигледно не успеал да ги спаси познатите стружани.

Д-р Константин Робев е еден од најобразованите интелектуалци во Македонија од средината на деветнаесеттиот век. Има богата библиотека со томови на многу европски јазици. Таа не се состоеше само од книги од неговата струка, туку и од историја, археологија, литература. Полиглот, тој одржувал контакти со многу интелектуалци од регионот и од странство. Го примил во неговиот дом во Охрид рускиот научник Виктор Григорович во 1845 година. Цитирајќи го примерот на Стефан Верковиќ, д-р Константин Робев лично го повикува Кузман Шапкарев да го преземе собирањето на фолклорни материјали.

По неуспехот на Кресненското востание, попознато како Македонско востание, учествувал во познатиот Охридски и Демирхисарскиот заговор. Поради поврзаноста со  заговорот за подигање на востание во Западна Македонија, д-р Робев бил накратко затворен во 1881 година.

Д-р Константин Робев починал во Битола во 1900 година.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top