Историја

ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОНСКОТО АНТИЧКО НАСЛЕДСТВО НЕ Е СПОРНО

Во средновековната изворна документација, името Македонија за територијата, и Македонци – за жителите кои живееле во неа како македонски народ, имаат целосен континуитет, а тоа значи дека во етногенезата на Македонците биле вклучени и античките Македонци, кои во најголем дел останале на овие простори како староседелско население и по доаѓањето на Словените.

Во сложениот етногенетски процес староседелците, античките Македонци, постепено го примиле словенскиот јазик, а Словените христијанството, името Македонија и етничкиот назив Македонци. Притоа јазикот од околината на Солун, кој бил фиксиран од браќата Кирил и Методиј, одиграл голема улога во христијанизацијата на Словените во Македонија, сметаат историчарите што ја проучувале и проучуваат историјата на Македонија и македонскиот народ. Историските документи потврдуваат дека термините Македонија, Македонци, македонски – постепено се наметнувале и во Византија како единствени имиња за народот, територијата и јазикот што се зборувал во областите на класична Македонија.

Во Средниот век територијата на која живееле македонските Словени, сега како доминантно македонско население, и однадвор, од другите, но и од самите жители внатре, била именувана како Македонија, а луѓето кои живееле на овие простори, особено од 14-ти век наваму, самите себеси се именуваат како Македонци. Во византиските извори од 14-тиот век територијата на Македонија редовно се именува со името Македонија или биле користени термините македонски области и македонски градови, сметаат историчарите кои ја проучувале историјата на Македонија и на македонскиот народ.

Границите на Македонија никогаш не биле спорни

Според д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, македонското античко, историско, културно и етничко наследство во однос на континуитетот на имињата Македонија и Македонци е неспорно и е сублимиран во македонското средновековно културно, историско и етничко право на името Македонија и Македонци, што се гледа од богатата средновековна изворна документација. За да се проследи историскиот континуитет на името Македонија, смета тој, треба да се почне од најстарите познати извори поврзани со Македонија.

Името Ематија е најстарото познато име со кое била нарекувана Македонија од страна на античките морепловци кои пловеле кон север, а најстарите податоци за Македонија ги среќаваме во „Илијадата“ на Хомер, каде се спомнати реката Аксиос (Вардар), потоа Пајонците кои живееле крај реката, градот Амидон на устието на истата река, областите Пиерија, Ематија, а според родоначалникот Пелагон и областа Пелагонија.

Од легендите на античките автори, Македонците своето име и името на својата земја го добиле по епскиот херој Македон. Во зачуваниот фрагмент на Хесиод, византискиот цар и писател Константин Петти Порфирогенит во делото „За темите“, меѓудругото, вели дека „областа Македонија го носи името по Македон, син на Зевс и Тија, ќерката на Девкалион“. Слично потекло соопштува и Тукидит, додавајќи дека „кон Македонците припаѓаат и Линкестите и Елимиотите, и други племиња понагоре, кои се сојузници и поданици на Македонците, но си имаат и сопствени владетели“. Според него, „сегашната приморска Македонија ја придобил најнапред Александар, таткото на Пердика и неговите предци Теменидите, кои потекнувале од Аргос. Тие владееле откако со оружје в рака ги изгониле од Пиереите, кои го населувале Фаргет и други места под Пангеј, одавде Стримон“.

Се смета дека Македонците во својата етничка структура ги слеале и многубројните бригиски енклави од кои се формирал македонскиот народ. Со експанзијата на македонската држава, во македонскиот народ постепено се слеале и други, сродни со Македонците, племиња или нивни сојузници, кои си имале свои владетели, како Пајонците, на пример, кои јазично биле многу блиски со Македонците, а и тие во основа на својот јазик имале претрпеле заначително влијание од бригиската етно-лингвистичка компонентна.

Што се однесува, пак, до територијата, во историската наука општоприфатени се границите на Македонија кои ги воспоставил Филип Втори, а кои во пишана форма ги дефинирал Страбон. Значи, на север е планината Бертиск, денешните северно-албански планини, планината Скард, всушност денешните Шар Планина, Сува Гора, Јакупица и северните падини на Бабуна, потоа областите северно од Билазора, денешен Велес, денешното Овче Поле, планината Козјак и Осоговските Планини. Тоа е северната гранца.

Западната граница допирала до Јадранското Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија, па сé до Епир. Планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад, биле најјужната граница на Македонија, која од југ кон југоисток одела по реката Псенеиос, односно Пенча, областа Тесалија, Егејското Море со Халкидики и островот Тасос, а на исток допирала до реката Места, јужните падини на планинскиот масив на Родпоите и Пирин Планина на североисток.

Или, конкретно, како територија, античка Македонија се наоѓала во централниот дел на денешниот Балкански Полустров, меѓу Тракија на исток и Јадранското Море на запад, при што Илирија на запад била северниот сосед, Тесалија била на југ од Македонија, а Дарданија на север. Според грчкиот географ Страбон, во границите на Македонија влегувале и градовите Драч и Аполонија, со што Македонија на запад излегувала на Јадранското Море.

Се разбира, овие граници се границите на Македонија до нејзиното паѓање под римска власт, но факт е дека истите тие граници биле прифатени и од повеќето римски и други подоцнежни автори.

Римјаните се обидуваат да го избришат името Македонија!

Во 148 година п.н.е. Македонија е претворена во римска провинција со постојан римски провинциски намесник. Иако границите на провинциите Македонија Прима и Македонија Секунда во разни периоди биле менувани, сепак повеќе или помалку тие промени секогаш останувале внатре, во историско-географските граници на Македонија.

Многу подоцна, во 297-та година, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан, била извршена нова административна реформа, а римското царство било поделено на 12 големи диецези, кои, пак, биле составени од 100 провинции. Се смета дека со овие реформи од дотогашната провинција Македонија биле формирани три нови провинции: Тесалија, Нов Епир и Македонија.

Кон крајот на 5-от век, како што вели д-р Бошкоски, најверојатно имало нови административни промени во Византија, можеби како последница на пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476-та година. Латинскиот хроничар Комес Морцелин, кој живеел во Константинопол и бил секретар на Јустинијан Први пред да биде крунисан за цар, во записот за 482-та година известува дека готскиот крал Теодорих, по наредба на својот чичко Валамер „ги опустошил двете Македонии и Тесалија“, а во записот од 517-та година пишува за нови напади во кои повторно биле опустошени двете Македонии и Тесалија, а готските коњаници ограбувале дури до Термопилите и до Стар Епир. Фактот што во ова време се спомнуваат две Македонии може да значи дека покрај постоечката провинција Македонија Прима, повторно била формирана и Македонија Салутарис, односно била обновена втората Македонија, смета Бошкоски. Кога настанала оваа промена не се знае точно, но се претпоставува дека тоа се случило помеѓу 479-та и 482-та година.

Потврдата за ваквото тврдење се наоѓа во списот на византискиот историчар Малхус, кој во 479-та година споменува дека „и првата престолнина на Македонија, градот Стоби бил опустошен од Готите“. Подоцна, на прагот на 6-от век територијата на Македонија во нејзините историско-географски и етнички граници, како составен дел на Византиското царство, во административен поглед, влегувала во рамките на перфектурата Илирик.

Последен пат Македонија Прима и Македонија Секунда заедно, како две провинции, се споменати во 535-та година во 11-та новела на царот Јустинијан Први по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ во нововостановената Архиоепископија Јустинијана Прима, – вели д-р Бошкоски.

Како Македонија станува Склавинија?

Според византиските историчари и хроничари, како и според други изворни податоци, во изменетите политички околности кои налагале поинаква административна поделба на Византија, по паѓањето на Западното Римско Царство, како и засилените варварски, а особено по нападите на Словените и нивното населување на Балканот, се менувала и содржината на поимот Македонија.

По населувањето на Словените во Македонија се промовира нов термин Склавинија, се разбира паралелно со терминот Македонија. По формирањето на темата Македонија во западна Тракија и со нејзниното значење во византиска административна смисла, доаѓа до целосно мешање на историско-географскиот поим Македонија со нејзиното историско-географско и административно значење пренесено во раниот Среден век со истоименета византиска тема. Во тоа време територијата на Македонија главно е вклопена во провинциите Средоземна Дакија и Дарданија.

Веќе по 550- година новите кризни состојби на дунавската граница налагале поинаква административна поделба која ја извршил царот-реставратор. Имено, при набројувањето на обновените тврдини и градови од страна на цариот Јустинијан Први, византискиот дворски историчар Прокопиј, Македонија ја спомнува како една проивинција во историско-географски граници, покрај провинцијата Дараданија, во која влегувал и дел од денешна северна Македонија. Многу поинтересни согледувања околу терминот Македонија и Македонци дава списот „Чудата на свети Димитриј Солунски“, од втората половина на 7-от век, од перото на солунскиот митрополит Јован. Овде Македонија, значи во втората деценија на 7-от век, веќе не се споменува во нејзиното провинциско, туку, вообичаено, иако поретко, во нејзинито географско значење. Тоа е, пред сé, поради населувањето на Словените на територијата на Македонија и сé позачестените користења на термините Склавинија за областите населени со Словени.

 

Поради изменената етничка структура дошло до поинакво именување на територијата на Македонија и на жителите. Византискиот хроничар Теофан Исповедник, кој е роден околку 760-та година во угледно семејство во Константинопол, во своето дело „Хронографија“, напишано меѓу 810-та и 815-та година, а кое го опфаќа периодот од 284-та до 813-та гидина, зборувајќи за населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров, односно во Македонија, а во доста голем број и на територијата на Грција сè до Пелопонез, воопшто не го спомнува терминот Македонија. Областите кои ги населиле Словените на Балканот и Македонија, тој ги нарекува со заедничко име Склавинија, додека жителите на Скалвиниите ги нарекува Словени.

Под терминот Склавинија, пак, Теофан Исповедник подразбира област населена со Словени. Освен општиот термин Склавинија, односно Склавини за Словените кои се населиле во Македонија, кога зборува за византиската воена акција во 658-та година, Теофан на двапати зборува и за склавинијата Берзитија, односно територијата на словенското племе Берзити, за која се спомнува и некаков нејзин кнез. Ова укажува дека во централна Македонија веќе била создадена првата словенска државна творба под името Берзитија, смета проф. д-р Бошкоски.

По населувањето на Словените на Балканот, односно во Македонија, Грција и на Пелопонез кон крајот на 6-от век и почетокот на 7-миот, поимот Македонија кај средновековните автори од тој период е сосема редок. Територијата на Македонија неселена со Словени, како што потврдува и Теофан Исповедник, се нарекувала со името Склавинија. Византиските области населени со Словени, за царството веќе биле изгубени.
Кон крајот на 8-ми и почетокот на 9-ти век, Византија ја формирала темата Тракија, првата тема во европскиот дел на своите владенија, а набргу во западна Тракија била формирана и темата под името Македонија. Во науката аргументирано се тврди дека формирањето на темата Македонија во Тракија било извршено претежно од побегнатите жители на Македонија, односно Македонците, како и од бегалците од другите области на Балканот.

Миа

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top