Дијаспора

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (17)

posledni1

posledni1

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ – ДЕЛ I

Последните дни од животот Атанас Близнаков ги помина во својот стан, заедно со својот животен сопатник – сопругата Славка. Тие старечки моменти ги помина во фотелјата, во која поминуваше поголем дел од својот живот. За неговото здравје се грижеа лекарите од Студентската поликлиника, како и други здравствени работници  кои од почит кон Атанас и Славка Близнакови доаѓаа во нивниот стан да ги прегледаат, да им дадат лекарства, да им помогнат во нивната психофизичка состојба. Меѓу нив посебно место ѝ  припаѓа на лекарот Јорданка Ковачевска 

Меѓутоа, во последните години најголем ,,лекар” беше неговата внука Нуша Терзиева – Пачкова која до последно се грижеше посебно за хигиената.        

Атанас Близнаков почина на 10 јули 1998 година во станот на Ул. ,,Орце Николов” бр. 75 на возраст од скоро 97 години. Неговата смрт беше од старост, од што престанаа повеќе функции од неговиот организам. На тој дена згасна големото срце на патриотот, донаторот, хуманистот, на човекот со големо чувство на припадност кон Македонија. За поупатените, неговиот живот по многу нешто може да се вброи во судбините кои се однесуваат како македонска сага.

По повод неговата смрт во Ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” се одржа комеморативна седница. На седницата беа присутни: членови на Фондацијата, продекани, студенти, пријатели и други лица. За неговиот лик и дело зборуваше ректорот д-р Радмила Кипријанова, која во своето излагање рече:

,,На 10 јули 1998 година, во 07-та година од животот, почина Атанас Близнаков, основач на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје – првенец во редот на донаторите во нашата универзитетска средина, за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студиит.

posledni2 

Пренесување на моштите на Атанас Близнаков 

Роден пред 97 години во Костурското револуционерно село Д’мбени, соочен со тешки егзистенцијални проблеми, Атанас Близнаков на 19 годиша возраст тргнал по трновитите печалбарски стапки и го продолжил својот печалбарски и револуционерен живот далеку од својата родна земја, во Америка. Живеејќи повеќе од половина век на тие простори, Близнаков бил активно вклучен во прогресивните движења и организации за остварување на идеалите на својот поробен македонски народ.   Далеку од својата родна земја, целиот свој живот го посветил на слободата и напредокот на македонскиот народ.

Неговата љубов и почит кон својата родна земја, продолжи и по неговото враќање во својата слободна татковина, кога со својот хуман гест и со своето завештание и тестамент, во 1977 година формира Фондација за стипендирање студенти – ,,Атанас Близнаков”. Овој чин е прв во историјата на нашиот Универзитет. И затоа, не случајно, тој го зазема првото место на Спомен-плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”.

Од формирањето на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” до денес, чест да бидат корисници на стипендии имаа повеќе од 200 студенти од поголем број факултети од сите научни области: од техничките науки, природно-математичките, медицинските, општествените, биотехнич­ките науки и од уметностите, а дипломирале 170 негови стипендисти со високи резултати во студирањето.

Големото благородно дело на нашиот сонародник и прв донатор Атанас Близнаков, претставува своевиден пример и поттик за младите генерации да придонесуваат во развојот на науката и афирмацијата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, а со тоа да учествуваат во развојот, јакнењето и угледот на нашата држава за што тој, низ целиот свој животен пат се залагаше и придонесуваше.

posledni3        posledni4

Митрополитот Кирил

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” му е вечно благодарен за големото хумано дело кое го краси ликот на Атанас Близнаков. Нека му е вечна слава”, рече проф. д-р Радмила Кипријанова.

Пред капелата на Градските гробишта во Бутел – Скопје, пак, каде што присуствуваа сопругата Славка, членовите на Фондацијата, претставници од Ректоратот, роднини  и пријатели од Д’мбени и од други места на упокоениот Атанас Близнаков, студенти, претставници на Македонската православна црква, на бројни државни институции и голем број почитувачи на името и делото на донаторот, најпрво од упокоениот Атанас Близнаков се прости Полошко-кумановскиот архиереј Митропо­ли­тот Кирил, кој заедно со ѓаконот Александар Цандовски и свеште­ниците Ецо Јовановски, и Ристе Ристевски го изврши опелото.

Во својот говор Митрополитот Кирил рече:

,,Ожалостено собрание, роднини, блиски, пријатели и почитувачи на покојниот Атанас Близнаков,

Веста за упокојувањето на големиот доблесен син редок патриот, хуманист, голем и штедар донатор Атанас Близнаков, длагоко не’ растажи и нас во редовите на родната мајка Светиклиментова црква и овде во татковината и во дијаспората. Уште еден животен од се заврши, престана да животворува и плодотворува уште едно големо благородно широко македонско срце.

Покојниот Атанас целиот свој долгодецениски животен пат го изоде чесно и достоинствено и го вгради во светото македонско патриотско дело, а за добробитот и афирмација на својот народ на кого со душа и срце му помагаше. Моето прво среќавање со овој прекрасен деец датира од 1965 година на Североамериканскиот континент во градот Гери – Индијана. Оттогаш до последните мигови од неговото овоземно чекорење среќавањата станаа многубројни, и во далечниот свет и овде во татковината. Додека го служеше здравјето навраќаше во Архиепископијата каде што долго поседуваше. Тој пленеше со својата елоквенција, животна мудрост и едноставност.

Од неговата патриотска лика и дејност извираше неисцрпна енергичност и одлучност за победа во нашата кауза, за победа на нашата правда наднеправдата. Неговиот дух беше огнен и палеше со возвишена патриотска мисла и благородни хумани чувства и пораки. Покојниот Атанас Близнаков беше човек со широки космополитски мирољубиви погледи и стремежи. Овој наш вреден трудбеник својот работен век го помина далеку од родната и мила Македонија. Но, не пропушти својот овоземен векда го дооди во неа и занавек мирно и спокојно да почива во нејзините прегратки. Се чувствуваше извонредно среќен и пресреќен што даде утеха на својот длабок копнеж да биде опкружен со искрена љубов и почит меѓу големиот број пријатели и млади македонски студенти – стипендијанти, во својата родна и мила Македонија.

Ретки се луѓето кои во мирнодопско време се подготвени да му подарат се’ на својот народ и да живеат за својот народ. Покојниот Атанас е еден од ретките македонски знаменосци на Северноамериканскиот континент. Неуморен и истакнат поборник и чувар од секаквите непријателски  пропагандни посегнувања по чувствата и достоинството на нашите браќа и сестри во тој далечен свет. Беше редок сејач, во душите и срцата, на еднородните по дух и крв браќа и сестри, на патриотското животворно македонско семе. Го челичеше кај нив патриотизмот и силната приврзаност кон родната татковска и мајчинска македонска грутка.

Умееше да поттикнува и да насочува, нашиот народ да се образува на културно-просветен, духовен, социјален и на сите други полиња, да го зацврстува националното и духовното единсво сред нашиот народ, како најсилна гаранција за да не се одроди во тие широки простори.

Најсилна потпора и помош во неговата возвишена патриотска мисија имаше во неговата прекрасна животна сопатничка – сопругата Славка.

Во текот на неколкуте поминати децении, пак, Атанас се покажа и се докажа како редок и неуморен патриот за својот народ во далечниот свет.

Тој е еден од иницијаторите и креаторите на најкрупните црковни и културно-просветни манифестации на Северноамериканскиот континент – катагодишните црковно-народни собири. Беше озарена личност и се вгради во сите пори. Остави длабок печат во нашата понова историја. СО својот углед и самопрегор го издигна угледот на нашите луѓе пред тамошниот свет во САД. Тој ќе остане жив образец за идните поколенија како треба искрено да се сака, да се придонесува и да се живее за својот народ и татковината. Својот патриотски долг го изврши возвишено, чесно и достоинствено.

Во Америка важи девизата: ,,за да бидеш богат, треба да бидеш умен (паметен креативен – добар работник и менаџер)”.

Продолжува

 KatS
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top