Историја

Проект Кралството Македонија

kral1

kral1

Ново археолошко откритие на професорот Лилчиќ, повик за помош и заштита на воениот логор на Персеј

Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова е наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.

Ова е досега целосно непозната античка македонска воено-стратегиска база.

„Во близината на повисока кота уште пред петнаесетина години видовме древен кастел спекула. Замислете, сите три локалитети сѐ уште ги нема во археолошката стручна литература. Го посетивме местото без истражување, а во очекување на дозвола од Управата за заштита на културното наследство“, вели за МКД.мк професорот Лилчиќ.

Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје „Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини“.

kral2

Професорот вели дека продолжувањето на ова истражување ќе има големо значење во откривањето на воено-стратегискиот логор на Персеј затоа што веќе се забележани дупки направени до диви копачи кои лесно ја намирисале можноста за брза заработувачка преку трговијата со македонското археолошко богатство.

Професорот веќе го нарече овој проект како „Кале каскади, стратегиска база на македонскиот крал Персеј за одбрана на Пелагонија“.

kral3

„Република Македонија е буквално потопена со археолошките остатоци на древното кралство Македонија. Градови, тврдини, воено-стратегиски старомакедонски бази, кастели, гранични караули, монети на македонските кралеви, старомакедонски бронзени штитови со македонското сонце, артефакти од кои „боли глава“! Македонските влади преку Министерството за култура го подржаа проектот. Но не како што доликува, во насочување и фокусирање на оформување на челичен фронт со најмалку десетина бастион-кули (оформување Институт за старомакедонската археологија, македонска нумизматика, македонска полеогенеза, македонска геостратегија, македонското војување и вооружување, применети тактики и стратегии на почвата на Република Македонија, старомакедонски воено-стратегиски бази и кастели, фазите на организација на кралството под кралевите Александар I, Архелај, Пердика II, Аминта, Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметриј Полиоркет, Антигон Гонат, Филип V, Персеј). Реално гледано вистинските потреби на замислениот и планиран обем на работите не беа комплетирани. Па затоа речиси и не се премина на археолошки ископувачки деликатни операции на старомакедонските места. Само површинско истражување – рекогносцирање. Недоволно. Боли што раководствата никогаш не ја разбраа археолошката насока на потрагата околу вистинските одговори по името Македонија преку конкретни истражувања на старомакедонските локалитети. Беа само тапкања по рамо и мали суми со кои можевме да рекогносцираме“, вели Лилчиќ.

kral4

Професорот е еден од идејните основачи на макро-проектот Кралството Македонија што е замислен и планиран како „силен археолошки фронт за одбрана на името Македонија. Започнавме да го градиме во 1994 година со легендарната историско-нумизматичката студија на Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија. Се работи за сериозна научно-истражувачка работа на докажување на правото на името Македонија, што сѐ уште трае, но за жал без конкретна подршка во Македонија во последните неколку години. Успеавме да посетиме и документираме огромен број антички македонски локалитети, градови, тврдини, воено-стратегиски бази. Упорно и систематски обнародувавме научни статии, студии, интервјуа, мислења, јавно обнародени совети… Денес, после 26 години, нештата се многу појасни, ги знаеме локациите на древните старомакедонски градови, утврдувања и гробишта на древните Македонци. Со скромните средства ги запознавме и документиравме главните патни коридори, како и старомакедонските воено стратегиските бази и кастели, некрополи. На терен ги идентификувавме силните напори на античките македонски кралеви од Александар I до последниот Персеј, за одбрана на цивилизациските градски центри од северните инвајдери, Келтите, Аутаријатите, Дарданците, Бастарните, Илирите и другите агресори. За продолжување на ова истражување неопходна е подршка за набавка на сериозна истражувачка опрема и трошоци (моќни теренски возила, фото-опрема за снимање од земја и од воздух, опрема за скенирање и детектирање, дигитална ГПС опрема, средства за транспорт, гориво, дневни патни трошоци за истражувачките тимови, хонорари за професионалците и експертите)… Да создадеме моќна фото и видео-документација. Да спасиме огромен број старомакедонски монети од исчезнување. Да спасиме многу поголем број древни старо-македонски аргументи и докази од заборавот“, апелираат од Центарот за археолошки истражувања Скопје.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/novo-arheoloshko-otkritie-na-profesorot-lilchikj-povik-za-pomosh-i-zashtita-na

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top