Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (33)

Flag-Pins-Macedonia-Israel

Flag-Pins-Macedonia-Israel

БЛИСКОСТА НА ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА

Почнувајќи од древниот период па до денес, Израел како и Македонија бил, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Затоа, со право се вели дека историјата на Евреите и таа на Македонците е тесно поврзана. Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни, ќе се види дека Израел и Македонија имале слична, ако не и идентична судбина

Низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес. Македонците ја добија својата независност, социјалните, политичките и културните права во 1944 година, за во 1991 година да се конституира независна, суверена и самостојна држава – Република Македонија.

Евреите, пак, во долгиот и тежок пат на опстојување, во времето кога Римјаните го разрушиле Ерусалим и во пламенот на огинот изгорел Светиот храм, Јудеја била разграбена и опустошена. На Евреите им било забрането да живеат во нивната татковина Јудеја, со што настапило големото еврејско раселување по светот. Потоа во Јудеја дошле муслиманите, крстоносците, Отоманците и секој на свој начин се однесува кон овој народ.

Секако, минатиот век за Евреите е најжалосниот, бидејќи, Ариевците на чело со Хитлер убиле 6 милиони Евреи. Со тоа еврејскиот холокауст не се заборава, туку остави големи лузни во душата на еврејскиот народ и во неговата историја.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот период преку создавањето на првата единствена држава на Евреите од 1030 до 930 година пр.н.е., па преку нејзиното распаѓање, покорувањето на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава Изреал, која се реализира дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

Во врска со еврејскиот холокауст, секоја година на 11 март во Скопје пред Споменикот на жртвите од бугарскиот фашистички окупатор, им се оддава почит на македонските Евреи. На тој ден во 1943 година, бугарската полиција на германските нацисти им предала 7.144 македонски Евреи.

25

Меѓутоа, макотрпниот живот, севкупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава. А, еврејскиот случај на создавање на држава и опстојување на истата е единствен пример во светот.

Инаку, кога зборуваме за судбинската поврзаност на македонскиот и еврејскиот народ и на Македонија и Израел, треба да се спомене дека Република Македонија се граничи со четири земји: Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово. За жал, овие земји како во договор имаат аспирации и негаторски однос кон Македонија. Така Србите го негираат постоењето на автокефалноста на Македонската православна црква како продолжувач на Охридската архиепископија и не ја признаваат целосно границата меѓу Македонија и Косово.

Грција го негира уставното име на Република Македонија и со сите можни средства се бори да ја потцени и државата и народот со употреба на неприфатливата додавка БЈРМ.

Албанија има територијални претензии кон западниот дел на Македонија, каде се случува популациска инвазија.

Бугарија, пак, ја признава државата, а го негира македонскиот јазик. Од тие причини и не случајно Македонија е наречена „јаболко на раздорот на Балканскиот Полуостров“.

Исто така, и Израел се граничи со четири држави и тоа: Либан, Сирија, Јордан и Египет. Израел се наоѓа во изолирана положба како еврејска држава која е опкружена од Арапи, кои претежно се муслимани.

Односите меѓу Израел и соседните земји се одразуваат, речиси, на секој аспект на изразувањето на надворешните односи, како и на демографијата, економската и друга политика во текот на историјата. Сите тие соседни земји, на свој начин имаат територијални претензии и се однесуваат негаторски кон еврејскиот народ и еврејската држава. „Затоа и Израел често се нарекува како „јаболко на раздорот на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македоците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и како возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и  развива новосоздадената држава. А еврејскиот случај на создавање држава и опстојување е единствен пример во светот, од кој може да се учи.

26 27

Затоа, може да се заклучи дека историјата на Евреите и на Македонците е тесно поврзана. И едните и другите се библиски народи и имаат заедничка судбина.

Во Израел има многу мал број македонски Евреи, кои живеат во повеќе градови и кои се тесно поврзани со Република Македонија. Меѓутоа, врските меѓу двете земји се базираат токму со Евреите во Израел и Македонија.

Македонски православни цркви постојат во голем број прекуокеански и европски земји. Но, се чини дека изградба на македонски храм во Светиот град – Ерусалим е од посебно значење како за Црквата, исто така, и за македонскиот народ во целина. Инаку, идејата за изградба на македонска православна црква во Светиот град е вечна и света уште од времето на просветителите свети Кирил и свети Методиј, од времето на свети Климент и свети Наум Охридски, на цар Самуил, на Партение Зографски, од времето на поглаварите Доситеј и Михаил, до денешни дни кога поглавар е архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Имено, во 1999 година, за време на велигденскиот прием, сега починатиот поглавар на Македонската православна црква г.г. Михаил рече дека Македонската православна црква добила покана од израелските власти да изгради свој храм во таа света земја. Оваа вест беше примена со воодушевување не само кај црковните свештенослужители туку и кај македонскиот народ.

Тогаш беше обелоденета веста за изградба на македонска православна црква во Светиот град  – Ерусалим и беше речено дека можеби, таквата изградба ќе биде реализирана во рамките на активностите по повод 2000 -годишнината од христијанството. Оваа идеја предизвика голем интерес особено кај Македонците во дијаспората, потоа кај бизнисмените кои најавија дека ќе донираат за изградба на црква, исто така, и кај обичните верници.

Во тоа време  некои оваа вест ја сметаа како прерано соопштена, дека е ставена под знак прашање и слично. Меѓутоа, се чини дека требаше од нешто да се почне за подоцна да има средби меѓу претставници на Македонската православна црква и на Израел. Тоа, секако, го отвори патот за разговорите што треба да се водат во најскоро време меѓу високата државна и црковна делегација на Република Македонија и претставници на Израел.

Се чини дека поддршката на Македонија и на македонскиот народ од страна на Израел е неопходна и многу значајна. Тоа, секако, се потврдува со блискоста на овие две држави и два народа кои имаат слична и идентична судбина, историја…

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top