Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (35)

70

70

СТО ГОДИНИНИ НА МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИТЕ ОДНОСИ

Во еден од текстовите на порталот „Македонска нација“ се наведува дека во 2011 година се наврши еден век од македонско – израелските врски, и тоа од времето кога ниту Македонија ниту Израел не постоеја како држави.

По тој повод, како и по повод 63 години независност на државата Израел, одбележувајќи го овој посебен јубилеј на македонското-еврејското пријателство, државата Израел и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, организираа свечан концерт на Македонската филхармонија со сопранот Сиван Ротем од Израел, со изведби на песни на ладино, јидиш и хебрејски.

Пред концертот, на многубројните гости им се обратија амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Давид Коен и потпретседателот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, д-р Панде Лазаревски, чие излагање “Македонска нација” го пренесува во целина:

Почитувани присутни,

Ценети екселенции,

Дами и господа,

HAVERIM JAKARIM, –  KERIDOS AMIGOS,  – SHALOM !

Република Македонија и Државата Израел дипломатските односи ги воспоставија на 7 декември 1995 година. Би се рекло, нашите 16-годишни дипломатски односи не се ниту полнолетни. А сепак, денес, на овој свечен ден прославуваме еден век од настанот кој ги постави темелите на македонско – израелските односи денес, додека македонско – еврејските односи имаат многу подлабок историски корен. Од памтивека.

71

Започнуваат со визијата која Александар III Македонски ја имал во светиот македонски град Дион. Еврејскиот историчар Флавиј Јосиф ни кажува дека, исправен пред дилемите како да ја освои Азија, на Александар на сон му се јавил човек облечен во пурпур, со златна дијадема на главата и златна плоча на градите, кој го охрабрил да не чека ниту миг, туку храбро да го премине морето и дека ќе ги победи Персијанците.

Кога Александар Македонски веќе беше пред портите на светиот град Ерусалим, во првосвештеникот Јадус го препозна човекот од сонот и следејки ги неговите насоки, принесе жртва во Храмот, според еврејски обичај. И Талмудот зборува дека Александар го одбил барањето на Самаријанецот Санбалат да ги уништи Евреите. Напротив, им доделил најголеми привилегии. Со генерации потоа, името “Александар” било најпопуларното име во еврејските заедници околу Медитеранскиот басен.

Од памтивека Евреите се длабоко вкоренети во македонската земја, историја и култура. Најстарата синагога на Балканот се наоѓа во Стоби, во Македонија. 1492-та година ја промени историјата на светот бидејќи Кристофор Колумбо стаса до Америка. Но, едновремено, оваа година ја промени судбината и на Евреите од Шпанија, Сефардите, кои беа протерани од нивните огништа, и дел од нив, својот втор дом го најдоа токму во Македонија.

Во Македонија, Евреите никогаш не биле туѓинци. Напротив, дочекани како нови чеда на Македонија, тие лесно се интегрираа во македонскиот културен, јавен и економски живот. Но, се вклучија и во револуционерната борба за слобода на Македонија.

На солунскиот конгрес на Тајната македонско-одринска револуционерна организација – ТМОРО во 1896 година, учествувал и истакнатиот револуционер Рафаел Камхи, македонски Евреин од Битола, војвода, илинденец и борец за слободата на Македонија. Денес, неговото дело е овековечено во Музејот на македонската борба каде, на наше големо задоволство, посетителите ќе ја видат неговата восочна фигура.Но, и Македонците се присутни во борбата на Евреите исто онолку колку и Евреите во македонската борба.

72

Така, големиот македонски револуционер и народен трибун Димитар Влахов, како пратеник во Отоманскиот Парламент во 1911 година, категорично се испречи на планот на пратениците Арапи со закон да го оневозможат повторното населување на Евреите во нивната прататковина.

Тоа е само уште еден пример од исклучителната вредносна, културна но и политичка размена меѓу двата библиски народи. Со своето храбро и правдољубиво дело, кое остави силен белег врз тогашните политички збиднувања и беше вовед во искреното пријателство со легендарниот Давид Бен Гурион, Влахов стана предвесник на исклучително блиските македонско – израелски односи денес.

Упатувајќи на таквата блискост, при отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов нагласи: „Не смееме никогаш да заборавиме дека, како што Рафаел Камхи беше еден од носителите на идејата за слободна и независна Македонија, така и Димитар Влахов придонесе да остане отворен патот за идното формирање на државата Израел.“

Не можеме, не смееме и не сакаме да забоавиме дека на кобниот 11 март 1943 година, фашистичкиот режим на окупаторска Бугарија депортираше 98 проценти од македонските Евреи во ектерминациониот камп Треблинка. Од 7.144-те депортирани Евреи дури половината беа деца.

Преживеаните македонски Евреи кои останаа да живеат во Македонија активно се вклучија во народноослободителната борба, давајќи многу истакнати борци и првоборци.

Да си спомнеме на генералот Бено Русо, народниот херој Естреја Овадија – Мара. Да се сетиме на првоборците Роза Камхи Русо, Жамила Коломонос – Цвета, на борците Исак Сион, Самоил Мизрахи, Бенјамин Самоковлија, Милан Бахар, Ѓорѓе Блаер, Мешулам Алба, Хаим Леви, Јосеф Песо, Шами Мориц, Арон Ароести, Виктор Пардо, Аврам Анаф, Хаим Садикарио, Бранко Фрицханд, Аврам Садикарио, Ели Фраџи, Мориц Романо и многу други македонски Евреи. Сите тие се вградија во македонската слобода и независност чија 20-годишнина ја прославивме на 8 септември. За тоа сме им вечно благодарни.

Драги пријатели,

Со заеднички напори изградивме Меморијален центар на холокаустот на Евреите во Македонија како вечен паметник за нашите сограѓани, пријатели и соседи. Но, воедно изградивме и нов мост на пријателство, соработка и почитување помеѓу Република Македонија и Државата Израел. Затоа, денес, кога прославуваме 100 години од историскиот настан, ние се навраќаме на исконското препознавање меѓу двата библиски народи, меѓу Александар и Јадус, меѓу Камхи и Груев, но и меѓу Влахов и Бен Гурион. Повеќе од уверен сум дека и во иднина достоинствено ќе го продолжиме да го исполнуваме нивниот завет.

Допуштете ова кусо навраќање на историските страници да го завршам со зборови на хебрејски, на ладино и на македонски:

MAKEDONIJA VE ISREL – LANECAH!!!

MAKEDONIJA  E ISRAEL – PARA SIEMPRE!!!

МАКЕДОНИЈА И ИЗРАЕЛ – ВЕЧНИ!!!

Toda raba  –    Graсias   –   Ви благодарам. ormal’>МАКЕДОНИЈА И ИЗРАЕЛ – ВЕЧНИ!!!

Toda raba  –    Graсias   –   Ви благодарам.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top