Историја

Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (1)

125

125

Името и делото на Гоце Делчев во текот на Втората светска војна се почитувало со посебен пиетет и респект. Делото на апостолот ги храбрело Македонците, им давало сила и истрајност, но и ги мотивирало во поглед на тоа дека слободата се извојува само со организирано делување, со сплотување на сите расположливи човечки сили и ресурси за конечно и Македонците да добијат своја матична држава. Тоа за што се борел Делчев во предилинденскиот период, не останало заборавено кај сите чинители во Народноослободителната војна.

Неговата харизма на личност со безвременско историско значење за македонскиот народ, се пренесувало од колено на колено меѓу сите Македонци за целиот период од 1903 до 1941 година. Не постоело песна, текст или име на воена единица, а неговото име да не било споменато. Тоа само покажувало со каква почит оваа легендарна историска македонска личност имала влијание меѓу Македонците од самиот почетокот на вооруженото востание па сé до неговиот крај. Поаѓајќи од тој факт, тука само делумно ќе направиме обид во кратки црти да дадеме преглед каде неговото име се споменувало во текот на вооруженото востание во Македонија од 1941 до 1944 година.

За прв пат, во 1941 година, со името на Гоце Делчев бил именуван првиот прилепски партизански одред формиран на 23 октомври 1941 година во базата „Дуова Вода“, во близина на с. Степанци, Велешко. Одредот броел 39 старешини и борци. Текстот за партизанскиот марш на Одредот го напишале Оцка Михајловски, Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а се базирал на стара македонска мелодија од која, пак, произлегла песната „А бре Македонче“, која, потоа, станала официјален марш на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.

Меѓутоа, оваа песна подоцна станала и химна на целото партизанско движење во Македонија, два месеци пред создавањето на македонската химна „Денес над Македонија“. Песната била создадена во периодот меѓу 23 октомври и 8 ноември 1941 година, кога ја имала својата прва изведба во прилепското село Царевиќ, на првиот народен собир (митинг) во фашистички поробената Македонија. Првобитниот текст на песната бил:

А бре, Македонче, каде се спремаш?

Бојот те чека, бој за слобода.

Бој за слобода, за Македонија,

за Македонија, земја поробена.

Мажи накитени, жени наредени,

в борба ми одат, борба за слобода.

Нека разберат денешните тирани,

Македонско име нема да загине!

Осврнувајќи се за именувањето на одредот со името на Гоце Делчев, тогашниот политички комесар на одредот Крсте Црвенковски – Октомвриски, пред построените борци го кажал следново:„Името не е само симболика, ами нужен континуитет на вековните револуционерни борби на нашиот народ, нужна историска поврзаност и континуитет со борбата во минатото нарочно со Илинденскиот период и како признание на човекот, кој најдоследно и бескомпромисно го водел македонскиот народ во борба за слобода“. Во борбените операции на Одредот во текот на 1941 и 1942 година, загинале 14 борци, а 8 борци биле прогласени за народни херои.           

Со името на великанот од Илинденскиот период се закитил и новоформираниот битолски партизански одред, формиран на 22 мај 1943 година на падините на Вичо планина и во непосредна близина на селото Прекопана, Егејскиот дел на Македонија. Во составот на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ биле вклучени 92 борци и старешини, прилично голема бројка за тоа време. Тој број во наредните години нараснал на преку стотина прекалени борци, од кои 25 лица биле Италијанци, кои во одредот стапиле по капитулацијата на фашистичка Италија во септември 1943 година. Одредот во текот на 1943 и 1944 година превзел широки и прецизни воени операции против бугарскиот и италијанскиот окупатор на битолско-преспанското, на воденско-гевгелиското и на тиквешко-мариовскиот терен. Во натамошниот тек на народноослободителната војна, борците на Одредот биле вклучени во Втората и Третата македонска народноослободителна бригада, а во 1944 и 1945 година тие влегле во составот на 5-та, 6-та и 7-та македонска народноослободителна бригада. Голем број од овие борци учествувале во завршните операции за целосното ослободување на Југославија како припадници на 15-от македонски ударен корпус.

Од борците на Одредот „Гоце Делчев“ 14 лица загинале, четворица станале генерали во ЈНА, четворица биле прогласени за народени херои на Југославија, а носители на високото призание „Партизанска споменица 1941 година“ биле 41 борец.

Продолжува

0102

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top