Култура и туризам

И ВИРУСОТ ИМА ГРАНИЦИ САМО НЕ И СРЦЕТО НАШЕ

emi

emiПразната улица на Њујорк Тајм сквер, 2020: covid-19 владее

Сношти минав покрај вази, / тебе моме не те најдов, / срце ми се растрепери, / почнав солзи да ронам.
Сечи моме руси коси, /прави скала да се качам, / да ти видам бело лице, ем рудото ти грло.

Македонска народна песна

Не ја губам гордоста ако плачам и се плашам да не ми те загубам. Срце ми се растрепери, тешко  дишам… Знам, и ти, сокриена се виеш одвоена од светот. Дал’ здравјето сега ти го пие болеста од пирамидно време развивана, ил’ микроби, милијарди години под морски дна, и по пештери – сега активирани во темни тајни. Кажи моме вистината, Божје право имам ли, убавина пречиста да ти видам, па да умрам. И сон и јаве ми кажаа: Македонка си. И одвоени – сега, љубовта ме зема.  

Срцето ми – за тебе граници однема, а граници… и по небо и по земја секаде – библиски, научни. Граници има, и меѓу бескраен рај и роден крај, едни во други се, оти различни сме. Како и кулите, македонски и Вавилонски, спротивни по Мудрост и Добрини. Граници ќе има и овој вир на вируси од други страни подло испуштани преку брани. А ние без одбрани?! Сал с’ Бог сме, секој во своето гнездо, Љубена, чувај ми се. Руси коси не сечи, скала правам сам, од срцето мое – до тебе…

emi2Епидемии во 1. светска војна: маларија, тифус, колера, шпански грип. Празно Штипско Ново Село, мостот на р. Брегалница, куќата на револуционерната Кукубајска фамилија, средина

Кога пишував дека водата е граница за огнот, не веруваа – граници немало? Но, енергијата, иако е во материјата, граници има: и кога едно во друго се претвара. Ти, магнетна срцева фреквенција – Бранови твои со мои, заедно со сите, со планетата, природно летаме. Учиме, звучиме, садиме ѕвездени плодови на духот Божји. Сечие ДНК е граница на посебноста, жива лава, вулканска глава на животот. Различни, а сите исти, затворени, оспорени, сите права бараме: болни да не паѓаме,  мртви по пазари празни, преполни со немање. Народот – без леб, без лек, без рожба останува.

Но, каде бевме некогаш да му благодариме на Творецот за живот без вируси и без униформно калапено креативно уништување?! Што ни се чинеше кога граници ни бришеа идолите ѕверки, и од секоја вага рамнотежа растураа без мерки?! Актери без граници, без граници трговија со деца, без граници хорор пороци, без граници летање само со социјалните кредити на фер Луцифер, тие нови Калигули: деца распаметуваа, без душа ги оставаа, крв им цицаа, тела им ждерат. Лагите и кражбите нивни безграничнииииии… На острови езотерични – пророци се прогласуваа, пороци  ослободуваа, за гонење, скрнавење на чистите, како тебе, како јас. Ние незаразени, наспроти култот нивни, не’ дадовме да ни’ стават златни телиња на врат, чипирани. Не издадовме брат,

Наспроти Саломи главосекачи – ние култури култивираме, цивилизации организираме, без оргии, без култови рогати, без црвено-црни Дракули, витези болно богати: нашата суштина да не гори на гарава скара 5G. Времето Божје сепак се врти против безумен блуд на изродот луд, рандеву ќе има и со нас, безгранично отворените за космичка верност, Лидија сакана, народе мој. Во себе гледај сега: и катакомба да стега – скали од себе да градиме, братски, карантини сами да чистиме одвнатре. Помагајте се, луѓе наши умни, а намачени. Божјето во вас – ќе е лек и за овој болен век.

Оти не помогна еден јазик, еден закон за сите на планетата, една вакцина, змија серпентина

кон провалија во крвта, намерно креирана Сатан аномалија. Злото без граници само доведе Доброто да добие сила, Matrix да руши, ЦЕРНов кАнал до адски дупки да не се буши веќе. Во надземни подземја нивната слава со нечовечна глава народи гони, голта. Мајстори на лагата живи траги бришат, љубов моја, да не’ занемат, заменат со AI холограми. Но, БИДИ без тага, без страв!

Човечноста твоја посилна е, незаведена од трансхумано настрвени, безгранично закрвени промени од длабоката состојба, та таа тоталитарно испланира да тиранизира глобус на Прасоздателот. Лажни сведоци лажни процеси лажно вртат варијации на нивните лукави теории, Лаборатории на смртта. Но ти знаеш, Љубов моја човечна: иде време, во Летните Бавчи кај Бриони одново ќе дишеме, свои на своите древни а современи скали на свеста и честа зачувани од ѕверот BEAST.

Смртоносна страст за власт ги затвори границите … колку да спречува вируси од силување на народите и историјата на слободите, толку да престрои поредоци со дрогирани доктрини… Ѕверот животи коси, жетви гази, јаболка скапува, фабрики рѓосува, со новите ФараОни хистерично рика: Расизам, ксенофобија, застарена  љубов кон Бог, фамилија, татковина! Но кај нас е лекот: се љубиме, Убавино моја земно-небесна, Безгранична љубов човечна, непризната од виртуелноста. 

Сношти минав покрај вази, тебе моме ми те најдов, срце ми се растрепери … за мене се вери!

Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top