Култура и туризам

60 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА

s212

s212

Во текот на изминатиот период во слободна  Македонија се формирани голем број научни и други друштва и здруженија кои ја афирмираат не само научната, културната и уметничката мисла, туку се и здруженија во кои членуваат видни научни кадри и бројни други интелектуалци од земјата и од дијаспората. Едно од тие друштва, секако, е Македонското научно друштво од Битола, кое годинава го слави својот 60-годишен јубилеј од формирањето.

Тоа е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив – Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност – Битола, а тогаш било преименувано  во Македонско научно друштво – Битола. Во период од 60 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани.

Според пишаните документи, Македонското научно друштво – Битола било формирано со решение Бр.. 04-3214/60 од Секретаријатот за внатрешни работи на Општина Битола, на 25 април 1960 година, како прва научна асоцијација во Битола. Иницијатори за формирањето на оваа асоцијација била група од битолски интелектуалци.Според записникот од основачкиот состанок, групата иницијатори ја сочинувале: Олга Кривашија, професор по историја, Јован Д. Кочанковски, наставник по историја, Живко Паришко,шумарски инжинер, Велимир Костовски, професор по геогрефија, Александар Тодоровски, професор по биологија, Милош Константинов, архивист, Тодорка Дога, пом.архивист, Кочо Цингаровски архивист, Душан Хр.Константинов, етнолог, Томе Ивановски, правник, Владимир Чакар, службеник  и Томе Ристевски, службеник во Архивот.

Во периодот од основањето до регистрацијата на 31 мај 1960 година,во друштвото се вклучиле и: Димитар Димитровски -Такули, наставник по македонски јазик, Владимир Ивановски, учител, Теко И. Таипи, помлад архивист и  Живко Василевски, политичар.

На основачкиот состанок бил донесен Правилник за работа на Друштвото и биле избрани секретар и претседател на Друштвото како и тричлен Управен одбор. За  претседател бил избран Живко Василевски, а за секретар Душко Константинов.

За деновите кога Друштвото се формирало, единствениот жив од основачите е м-р Јован Д. Кочанковски кој вели: „За формирање на научно друштво во Битола, иницијатори беа браќата Душан и Милош Константинови. Сеуште се сеќавам на тој 25 април, од таа 1960 година. Пролетен, со мирис на расцутената природа, ден достоен за дружење, за инспирација и за иницијатива. Тогаш, на 25 април 1960  година, на улицата „Булевар Први Мај“ бр.175, од левата страна на реката Драгор, каде што времено беше сместен Околискиот државен архив (денешен Ректорат), архивистот и директор Милош Константинов, ги прифати непланираните гости. Тоа беше група млади битолчани, интелектуалци, иницијатори за формирањето на Друштвото за наука и уметност, за што ги чувам и ден денес оригиналните документи со потписите на иницијаторите“.

За  Друштво кое оваа година слави 60 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонесоја оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност. Исто така, голем придонес имаат и членовите на  Одделението за општествени науки; Одделението за правни науки; Одделението за природни науки; Одделенитое за применети науки и медицина; Одделението за технички науки; Одделението за уметност; Одделението за лингвистика и литература и Одделението за историско-географски науки.

Посебни заслуги за Македонското научно друштво – Битола имаат актуелниот  претседател, вонредниот професор д-р Марјан Танушевски, попретседател е професор д-р Деан Илиев. Членови на Управниот одбор, пак, се: д-р Екатерина Михељкис, д-р Мери Џарлиева, вонреден професор д-р Лидија Стефановска, професор д-р Наташа Мојсоска, д-р Никола Главинче, професор д-р Борис Ангелков, м-р Зоран Пејковски, д-р Александар Литовски, а секретар е Ивана Степанулевска. Исто така, од големо значење за работата на  Друштвото се членовите на Уредувачкиот и Надзорниот одбор и членовите  на Етичката комисија, како и секретарите на одделенијата.

Македонското научно друштво – Битола е сместено во зградата на Градската народна библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола.  Во него членуваат 254 членови, а има 8 одделенија и е отворена научна асоцијација не само за научната фела од Македонија, туку и за Македонците во иселеништво и претставува поттик и патоказ за македонските научни, литературни, театарски и други асоцијации насекаде во светот.

Непредвидено, денешните националнии локални мерки за заштита од корона вирусот, за жал ја одложија планираната свечена академија посветена на големиот јубилеј 60 години од денот на формирањето на Друштвото. Но, сепак, на 25 април 2020 година,  членовите на Управниот и Надзорниот одбор, потоа членовите на Уредувачкиот совет и Етичката комисија одржаа онлајн (on-line) свечена седница на која се потсетија на значајниот датум 25 април 1960 година.

Македонското научно друштво – Битола се занимава и со издавачка дејност. Во неговата публицистичка дејност се отпечатени поголем број научни и други трудови. Меѓутоа, за одбележување е монографијата за Друштвото која е отпечатена во пресрет на големиот јубилеј, чиј автор е професор д-р Марјан Танушевски, актуелен претседател на Друштвото, а рецензенти на јубилејната публикација се професор д-р Игор Неделковски и професор д-р Борис Ангелков, поранешни претседатели на Друштвото. Ова значајно публицистичко дело претставува прилог и голем придонес на севкупната научните дејност на Македонското научно друштво – Битола и на Македонија.

s213Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top