Култура и туризам

ЗА ДЕНОТ НА КНИГАТА, ПОДАРОК: ДНЕВНИЦИТЕ НА ЕМИ – „НА ЛИСТАТА НА ЧЕКАЊЕ ЗА ЖИВОТ“

1.7

1.7

„Во затвор… човечкото битие се соочува лице в лице со своето страдање… Тоа е највисоката форма на морален напор, што секогаш го облагородува секое човечко суштество. Судирот со времето и ѕидовите  се составен дел од работата и патот нагоре (ако го искачуваш) … Запознавањето со човековото постоење лежи… во развојот на душата.“

Александар Солжењицин: Архипелагот Гулаг (од предговорот кон „Дневниците на Еми“:)

„Таа беше испратена од Господ на земјата да се обиде да ги просветли луѓето околу себе, за што сум сигурна сега. Сега таа е и твој пример низ тежините во животот, да те води и ти дава снага.“

Од писмото на Баронесата Валентина Трони, другарка на Емилија Кукубајска 

Цитат од „Дневниците на Еми“

Еми: „Сакам на луѓето да им ги покажам пред се’ моите внатрешни квалитети, за да ме запознаат по мојот карактер, а потоа да им кажам за моите здравствени проблеми. Така, нема да си создадат впечаток за некоја чудна болест која ќе ги избрише нивните сознанија за мојата личност. Не сакам луѓето да ме сожалуваат и да го менуваат својот израз кога им кажам за моите проблеми со бубрезите. Не сакам луѓето да се однесуваат кон мене како да сум болна… сакам да се однесуваат како со секое здраво човечко битие, бидејќи тоа и сум.“ 

Кога дете на својот 13 годишен роденден почнува да пишува книга, дневник, а не размислува да биде позната по тоа, туку можеби корисна за децата, младината и останатите генерации, и читателот можеби ќе се прашува: а колку едно дете знае за животот. Онолку колку што и тајната наречена живот знае за детето, а културите и книжевностите – за своите неверојатни почетоци.

Ако тоа дете продолжило да пишува за својот свет, и светот на другите, од двете страни на Атлантскиот океан, од Лос Ангелес, каде живее, откако се раѓа во Либија, до Скопје, Штип, Германија и други средини во кои бара две најзначајни цели во животот: ЗДРАВЈЕ И ЉУБОВ, тогаш погледајте што може да научите од 10 годишниот пат низ „Дневниците на Еми“.

Писателот Емилија Кукубајска живее само 27 години (1979 – 2006), и од својата 16та година до смртта се бори 11 години на дијализа. Емилија, Еми, во нејзината животна и книжевна потрага верува во највозвишеното во животот, љубовта, иако минува низ најстрашното: борба против болеста и смртта. Таа храбро, умно и постојано ја отфрла безнадежноста, осаменоста, и одново бара, губи, но секогаш наоѓа верба во добрините и убавините на живеењето со љубов, и за љубов.

1.8 

Еми, ги остава своите дневници, кои постумно се објавени 2019 година, за 40 годишнината од нејзиното раѓање. Ги има напишано на англиски јазик, и сеуште не се преведени на нејзиниот сакан македонски јазик.

За Денот на книгата, како и во знак на здраво и вдахновено надминување на периодот на изолација од планетарната болест, ковид-19, мајка и’ на Емилија, Марија Емилија Кукубајска, уредник на дневниците на својата почината ќерка, го подарува ова електронско издание на македонската јавност, за бесплатно читање, за успешно надминување на осаменоста, и за оздравување од пандемијата. Иако дневниците се на англиски јазик, Др. Кукубајска се надева дека периодот на изолација ќе ги поттикне читателите да го активираат и својот англиски јазик, освен својата позитивна мисла кон иднината.

Дневници се пишуваат кога сме сами, а се читаат како посета на осамениот, или како славење со тој што положил испит. Дневниците, како и книгите – не стареат, не се разболуваат, туку подаваат рака на немоќта и чистотата, да се крене во заштита и одбрана на сопствената волја да се биде здрав и млад во мислите, благороден во срцето, да се бара ЉУБОВ во светот во кој благородноста се смета застарен етички закон, а старите Бахусови и новите холивудски деградации на љубовта се славени како забавни задоволства, пишува мајка и’ на Еми, Марија.

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска 

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top