Култура и туризам

ЈАЗИКОТ – САМОСВЕСНА ФРЕКВЕНЦИЈА ПРОГРАМИРАНА ВО ПРИРОДНИ КОДОВИ

0010

0010Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Д-р Кукубајска, средина, раководител на првиот Центар за јазици, Филолошки факултет, УГД Штип, 2007-8, кој подоцна ќе прерасне во Филолошки факултет.

Ако се’ е енергија, мислата пренесена преку јазикот е најбрза примена на енергијата во живот. Гласот и знакот на мислата во јазикот, озвучува фреквенции на цивилизациските историски наследства. Најсилна енергија е љубовта – затоа човештвото продолжува да учи од најинспиративната снага на љубовта – кон човекот, природата, општествените вредности.

Најблагородната функција на јазикот, како и најпозитивната љубов, делува низ суштински духовни содржини и состојби, бидејќи продуховената љубов, а не инстинктивните страсти, се култивираат од плодови на духот, трпеливо, без љубомора, без кражба на интелектуални добра.

Најквалитетната мисла во системот на јазикот, во зборовите, поимите, не се изразува заради сопствено возгордување или пофалби, или за пропагандно понижување, освојување и искористување на другите. Позитивната порака, како и позитивната љубов, не комуницира од нарцисоидни, лажни, агресивни френкевции, не го поттикнува поразително темното во човекот.  

Најдоброто во јазичните содржини, како и во љубовта, не произлегува од зла мисла, дури и кога е пишувано против господари на злото, туку ја воспева вистината која не застарува, како што не губи вредност совеста инсталирана од прапочетоци во совесното човештво.

Добромислата во јазичната порака е заштита од заблуди; верува во вистината и во постојаното усовршување на човечното, не губи надеж дека човекот сепак ги воочува своите погрешни чекори во историјата на материјата и духот. Затоа, потребата од љубов кон добриот збор никогаш нема да го остави човештвото гладно или мрзеливо по полињата каде треба да се сее и жнее вистината за човештвото и неговите народи, за непрекината фреквенција во вселената и на планетата Земја.

Целината на вистината не е само во еден јазик, ниту во една книга, вдахновена од еден човек на земјата, иако нечии генијални изразни можности се чини дека се приближиле до тоа во своите секуларни книжевни дела. Книжевностите на сите цивилизации се обидуваат да ја компонираат вистината за човекот и светот преку авторства, преводи, истражувања и препознавања на исти а независно развивани сознанија, но и за различни видувања пренесувани со јазични системи на преку 6000 јазици и говори во светот. UNESCO пресметал во 123 земји дека преку 2.2 милиони секуларни книги се печатат годишно. Од „светите“ книги, Гинисовата книга укажува дека Библијата е бестселер на сите времиња, со повеќе од 5 милијарди копии отпечатени годишно.

Верниците во Бог остануваат да ја читаат Библијата и нејзиниот историски контекст како книга составена на едноставен иако и симболичен и параболичен јазик. Тие веруваат дека во Библиските текстови е јазикот на врвната вистина – законите на природата кодирани во универзална, апсолутна, неменлива и одржлива вистина.

И во световните и во духовните изрази на мислата во јазикот, вистината за смисолот на животот и светот ќе се спознае кога човештвото ги надрасне своите сеуште детски заблуди, и детски болести, и лажни огледала на непослушни Алиси во земјите на огледалата, тогаш кога свеста на човекот, изразена во највисоката доблест – Љубовта, ќе се спознае себе си не делумно туку целосно, кога  во потрага по вистината ќе успее да стигне до изворот на своето постоење и цел – бесконечното Вселенско Сезнаење, Бесконечна Љубов – тајната за Бог.

Јазичната содржина, книгата отпечатена на дрвена хартија или дигитално, конвенционално се смета за најдобар другар, ако сеуште постојат добронамерни другари. Но, која книга, кој другар? Некои читатели сметаат дека најпопуларната секуларна новодобска книга за вештери и магии, Хари Потер, во суштина е и најлош другар кој води до опасно штетни илузии и анти-човечни сили. Други се внесени во таа серија на книги кои се повеќе збунувачки одошто позитивно креативни  имагинарни шеми. Некои најпопуларни книги, како и некои омилените актери во забавната индустрија – може да бидат и штетно заведливи, затоа е пресудно моќта за рассудување да води кон позитивни не само кон книги кои мамат со своите дегенеративни, субверзивни пораки.  

Човечниот јазичен потенцијал на мислата, звучи и резонира надвор и од книжните корици и од електронските мрежи. Природната средина, хабитат, на јазикот е човековата совест и љубов, и таа треба да остане да се облагородува преку суштината на живата свест, водата на животот, не преку Вештачка Интелигенција, и не во имитација на животот низ холограми. Роботиката си игра, но и подигрува со ограниченоста на човековите мисловно-јазични потенцијали, но, како и со секој изум, целта може да биде и развој на умот и уништување на душевната природа на човекот. Затоа, свесната одбрана од колонизација на јазиците треба да е во својот самостоен јазик меѓу јазиците.

Кога читаш или ги запишуваш мислите на јазикот на својот културен и историски хабитат, повлечен и сам, не бегаш од другите, туку уште повнимателно се посветуваш и на себе и на другите, притоа наоѓајќи се и дејствувајќи на својот најдобро познат, легитимен – мајчин јазик.

Прво помогни си сам, и во осаменост, како и во гужви, одбирај книги што нема лажно да ти помагаат. Тие можат да функционираат како дисфункционалната градба на Вавилонската кула: да те срушат и да не успееш ни самиот себе да се разбереш, уште помалку другите. Помогни си сам, за и твојата совест, твојот родител и твојот учител – да ти помагаат спрема взаемното добродетелско, креативно, когнитивно читање, изразување, пишување. 

Кога читаме со децата, или за децата пишуваме и читаме, правејќи го тоа преку нивниот, нашиот мајчин јазик, независно колку други јазици да владееме – тогаш градиме здрава свест, самосвест и совест за взаемна благодарност и почит, разбирање во фамилиите, остварување на човековите права и слободи меѓу соседи и народи кои, како и ние го застапуваат и негуваат сопствениот јазик.

Правата и слободите, како и моќта на јазикот, не зависат од бројноста на говорната популација на јазикот. Посебно не смеат да зависи од идеолошки и политички интереси или партиски толкувања за признаеност или применливост на еден усмен и писмен јазик.

Правата на еден јазик произлегуваат од човековата историска и надвременска, лична и колективна свест дека тоа е културното наследство на говорителот, запишувачот, писателот. Тоа е суверено и непоречно право да се биде учена, совесна, развиена индивидуа, напреден народ. Луѓе и народи  со самосвесен јазичен интегритет не прифаќаат лага за нивниот идентитет, но луѓе и народи без културолошки интегритет не прифаќаат вистина, затоа недемократски и ненаучно диктираат фалсификати на правата на сопствен јазик.    

Надвор од книжните фондови – дигиталните простори, датотеки и „облаци“, cloud computing, снимаат се’, и вредно, но и некорисно. Цицерон денес би ја корегирал својата мисла дека соба без книги е како тело без душа. Ќе треба да биде запознаен дека интернет содржините, ако се креирани без човечка совест, се како тела без душа, како ум без срце, како бездушна вештачка интелигенција, како странец во сопствениот јазичен ид-ентитет.

 0014

0011

012

Брошура на Центарот за јазици, УГД – Штип, 2007                                                                         

Текст: Д-р Марија Кукубајска                                                                                                         

Дизајн: УГД, Издавачка Дејност: Славе Димитров

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top