Историја

Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (8)

125

0000

Со името на Гоце Делчев започнува и статијата: „За падналите другари“, објавена во весникот на Третата македонска народноослободителна ударна бригада „Огин“ од 15 јули 1944 година. Охрабрени од успешниот развој на вооруженото востание во Источна Македонија, во весникот се пишува и следново: „Во историческиот поход по Источна Македонија, крвавиот окупатор разбра оти од сега натаму ослободителното знаме на Гоцета Делчев, развејано еднаш по Осогово, Пљачковица, Огражден и Беласица, нема да се свие дури слободата на Македонија не биде извојувана“.

Мошне искрено, аргументирано и впечатливо името на Гоце Делчев се користи и во обзнанувањето на важни настани и соопштенија кои се случувале во Македонија во втората поливина на 1944 година. Едно од тие било и обзнанувањето на одлуките на Првото заседание на АСНОМ, кои меѓу првите ги објавил органот на Народноослободителниот фронт на Македонија „Илинденски Пат“ во својот број од јули август 1944 година.

Посочувајќи го континуитетот на историската борба на Македонците во минатото и борбата во Втората светска војна, во статијата многу внимателно е вметнат и следниов цитат: „Не еднаш тој давал скапи жертви на олтарот на својата татковина. Никогаш не се заборават Синови-великани од редот на Гоце Делчев…што го положија својот живот за македонскиот народ.. .во тој поглед, денешната тригодишна борба црпи ценни поуки и искуства, како и морални сили од некогашната.“

Цела статија во истиот весникот од јули-август 1944 година е напишана по повод 2 август. Статијата, со симболично име „2 август 1903 – 2 август 1944“ претставува историски осврт на двата илиндена и нивната заедничка нитка што ги поврзувала – борбата за слободна Македонија. И, тука, повторно значајно место со вешто избрани зборови му се дава на Гоце Делчев и на другите револуционери, бидејќи „борбата се водела на истите принципи од 1903 година изработени од Гоце Делчев и другите прво-апостоли…“.

Со инспиративен текст е и статијата под наслов: „Да ги пазиме традициите на нашата бригада“ која во август-септември 1944 година била објавена во весникот на Третата македонска народноослободителна ударна бригада „Огин“. Во весникот се прави паралела меѓу борбата во НОВ и Илинденското востание, при што, како искуство и поука јавно се укажува и на следново: „Македонски војниче, помни да идеалите на Илинденските востаници на чело со Гоце Делчев се пред остварување“, во смисла дека Македонија во тој период била на прагот на ослободувањето и создавање на самостојна македонска држава.

Текст со слична содржина бил објавен и во весникот „Удар“, гласило на Седмата ударна бригада од октомври 1944 година. Во статијата под наслов: „Спомени“, во која авторот Илија Ивановски славејќи ја победата и се поблиската реализиција на сонот за создавање на македонска држава, не заборава борците да ги постсети и на делото на Г. Делчев, чии продолжувачи, како што запишал, биле и борците на Бригадата. Во коментарот за Гоце е запишано следново:

„Другари, утре е Илинден, ко утре ношите татковци го дигна знамето на Гоцета Делчев. Низ цела Македонија загрмеја пушките, започна една неравна, но геројска борба против турската империја. То што нашите стари го започна, ние треба да го завршиме“.

Од октомври 1944 година е и написот во кој повторно се споменува Г. Делчев, а е објавен во „Млад Борец“, весник на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија. Во статијата под наслов „Писмо од Костурско“ во кој се говори за оруженото востание во Егејскиот дел на Македонија во кое масовно учествувале и Македонците, со пиетет се споменува името на Г. Делчев со следниве зборови:

„Кај нас живеат ликовите на Гоце и Сандански, затоа што кај нас оште гори пламенот на Илинденското востание, затоа што нашата земја оште раѓаше доблестни синови…кои гинеа по великогрчките зандани, паѓаа од фашистки куршуми, скапаваа и гинеа од гнасната реакција држејќи го високо народното знаме“.

Во последниот весник од овој преглед под наслов „Народна Одбрана“, орган на Бригадата на Народна одбрана од октомври 1944 година, поместена е и кусата но содржајна статија под наслов: „Во борба против неписменоста“. Во неа, во контекстот на борбата против искоренувањето на неписменоста во новата држава, не се заборава да се спомене и името на Г. Делчев, како личност кон која македонскиот народ имал бескрајна доверба и огромна желба да го продолжи и заврши неговото дело и трасираниот пат за создавањето на македонската држава. Тука, со посебен патриотски набој за него е запишана следнава мисла: „Тој истиот македонски народ покажа да е способен да го носи знамето на Гоце Делчев, покажуејќи со тоа да уште живее“.

Покрај во списанијата и весниците, ликот и делото на Г. Делчев бил мотив тој да се запише и спомене и во фундаменталните документи за создавањето на македонската држава, донесени на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. На заседанието, кое го отворил точно во во 17.15 часот најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, тој со посебн пиетет и почит го споменал и името на Гоце Делчев како синоним на борците на двата илиндена за остварувањето на вечната кауза на борците од двата илиндена за формирање на слободна македонска држава. Тој, со треперлив но силен глас и емоции кои едвај ги контролирал, П. Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:

„…Другарки и другари народни претставители, во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден – ИЛИНДЕН-, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци – на Гоце Делчев и денешните Илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна, обединена Македонија“

Продолжува

 5.8

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top