Култура и туризам

ЗАШТИТЕНА ВО МОЛЕ-КУЛА И 243 КЛЕТКИ

1j1 1

1j1 1

ЗАШТИТЕНА ВО МОЛЕ-КУЛА И 243 КЛЕТКИ

(по македонската народна песна „Јано мори“)

Јано мори, Јано леле, севдалино, / Моја росна, Јано мори, детелино, / Ај, моја росна, Јано мори, детелино. / Поминуваш, Јано мори, заминуваш, / Камен, дрво, Јано мори, изгоруваш, / Ај, камен, дрво, Јано мори, изгоруваш. /Те прашает, Јано мори, мајсторине, /Што им готвиш, Јано мори, за вечера, / Ај, што им готвиш, Јано мори, за вечера. / Кад баница бегу море ил’ кокошка, / Ова вечер, бегу море, рудо јагне, /Ај, од две мајки, бегу море, задоено.

Ни посни ни мрсни недели не готвам за безбожни господари, туку за народот мој, мајсторот -историја со милениуми што гради, задоен ѕвездено млеко, и од небо и од земја. И вселената и земјата знаат вистина за каменот наш, во вулкански востанија горен, за нашата татковина, печен за исправени права, за росен изгрев во душата македонска. Вселената ги знае сценаристите на хорор кошмари, и жонглерите со глобусот. Нема заборав, Голема Мајко, Јано Росна, севдалино на сите што минувале, срце мое, од Бога, Злато Позлатена. Од сите страни небото те штити во моле-кули и келии здрави, да не те фати кабалата, да не гледаш како земја ти ограбува, труе, диктира ветувања лажни и лажни патувања низ лажното ново златно доба, лажна хармонија и еднаквост продава, лажно братство, слобода зла, мир во деспотски затнат вир на нашите текови… векови, Јано, мори.

Доста беше Јано – невини софри да готвиш за мршојадци ко’ билбили што пеат, а глави ни’ жнеат. Веќе се дозна се’: ДНК, РНК, секој протеин свој ред си следи, свое наследство реди. Секоја клетка во тебе – за Бог вреди, Тој среди да си кодирана од прапочетоци, а не синтетизирана, замрежена, изврзана во Вештачка интелигенција. И после се’, Бог е – со нас. А збеснетите од безбожен танц на моќта, Бог ќе го стопи нивното злато во блато, а вирусите – насилно залепени за здрави клетки, ќе ги исчисти за нов живот, ќе ги издува од земјата. Со Бог, посилни сме од марс, сарс, сида, ковид…

Јано моја, тебе Семоќниот Сезнаен те создаде: слободна да си иако со копна опколена, среде подли копнежи на соседите – очи ти копаат, благородни блага од наследства ти празнат да те казнат што не си со нив, тираните. Остани дома во своја татковина, топли огниште за децата, чувај срце нивно/наше, зашто надвор надворнини и вештери си играат рогати богати богови, природното го абортираат, природа узурпираат, вештачки војски стројат, роботи кројат против животот свет. Векот нов бил нивна креација, врвна била нивната имагинација, а човекот, народите – биле нивно органско ѓубриво, маса за кремација крв што и’ пијат, и нивни моле-кули ријат. Сепак, ќе им се врати, Господ ќе им наплати. Тие мислат вечно знаат тајни учења за бездушно владеење со душите. Ќе почнат и сеачите на болест и смрт, војна и глад – да заболуваат од сопствена смрад, од глисти Далиевски за Гала вечери подготвувани, луксузно издавани, скапо продавани … Нивните очи зли, транс-хуман медиум за паѓање во транс-национален транс.  

Јано мори, чиста храно наша, не им готви веќе вечери на оние што ни готват смрт, што не’ втераа сами да се биеме, да се губиме без здравје, без храна, без работа, без земја, без пород. Доста

сол-и-дарен леб за канибалистите, живо месо што јадат и со невидливи зраци окупираат и горе и долу, та душа задушуваат. Пропагираат: Против единство на планетата било сите своја посебна „Ода на радоста“ да сме имале. Само тие знаеле за каков нов свет да ечат, каков нов леб од пластика да печат, вистини да сечат, во лаги да не’ потопат. Тие веќе имаа предигри на правилата за радикална смрт за не-нивните: со една химна да завладеат, една уни-форма, нивна платформа, еден глоба-фонд за гладните, од нив осудени на недолжно угинување, без зрно вистина за одбрана.

Бог создаде хорови мешовити колку и луѓе, талент за сечие неповторливо создавање, давање, споделување со ближниот. А монструозни музичари, иако постанаа музи на новото доба, молзат мозок на младината, другиот го шараат, природа и општество заплиснуваат со расипани бои, за нова војна да се скрои 2020. Рушители, доминатори, експлоататори – човештвото веќе ги дозна. Не е народот маса без енергија, како што нереално гледа окото на пирАмидАта, како што лаги готви  во темнина, а од свои пирамиди зрачи, труе, мачи, умртвува вистина, укинува праведно постоење. 

Сеуште заштитени во Моле-кула на Божјата Свест, ги учиме нашите деца незагадени да се држат и со и без нас, да не дозволат телесни мутилации. Неуморно ги учиме: природата не дозволува дегенерична мутација да сече координација меѓу нормалната и здрава отпорност на Божјето битие.  Сите струни на животот од Бога се дадени – совршени, и секоја независност е благословена да биде усогласена со закони во универзумот и во умот наш, Господов, а не во подземни АЕлити.

По овој вовед на невидена контрола од Патрола на СеНеМирот, аманет ни дава Природата: да ја чуваме незагадена водата на животот, дрвото на животот на нашиот род пред да биде исушено,  обесвестено од каБаалите. Деца наши, животот е даден од Љубовта, од Бог, не од Крадецот на светлина, не од Лажниот Принц Луцифер-бог, тој вистински непријател на човекот, тој што разјадува и тело и дух. Оваа болест е Новата змија, место со јаболко денес што приморува на брзо течна смрт, гасење на последните природни струи на нашата свест за светот и себе си. Но, и таа змија има крај. Се’ што не е ни за земен ни за небесен рај, ќе има крај. Само не Љубовта – Бог.

Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top