Култура и туризам

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

1marija

1marijaМарија Емилија Кукубајска

На еден состанок со дијаспората во Вашингтон, дојде еден дипломат, влијателен за Македонија, и ни порача: На вас не ви треба историја, антиквитети, туку економија, развој.

Јас коментирав: Тогаш зошто National Geographic промовира познавање на културното наследство? А на лекар, зошто не’ прашуваат за историја на болестите кај татко, мајка, предци? Македонија се развиваше економски високо рангирана. На дипломатот, по се, не му одговарал ни овој развој, зашто не е постигнување на „неговите“ носители на промените.

Денес, и National Geographic воведува промени во своето мото, за да биде политички коректен кон пост-историските уништувања на наследствата на културите и општествата, и историската свест кај генерациите. Ребрендиран е со таг FURTHER, понатаму; оддалечување од минатото.

Тоа се случува засилено откако Disney го купи National Geographic како и Fox News на републиканецот Rupert Murdoch, за само 71.3 милијарди долари. Од тогаш се засилува левичарската кампања против републиканската Америка која го изгласа Доналда Трамп за претседател. Агендата на Disney корпорацијата (која е најмалку Мики Маус, најмногу политички активистичка пропаганда), се препознава како носител на деструкцивни промени во САД, во прилог на „Новиот светски поредок“ (NOW) со неговото психолошки деструктивно оружје и финансиска експлоатација, преку монополизирана „забавна“ агресија, контрола на умот, девијантно сексуализирање на возрасни и деца, анти-христијанство, пост-хуманизам, транс-хуманизам… и зам(ка).

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

е како…

Живот без ДНК

Мозок без срце

Ум без духовност

Свест без потсвест

Земјина почва без плоден хумус

Жена без матка

Деца без родена фамилија

Родители без своеродени деца

Крв без тело

Тело без крв

Болест без историја.

Лек со кој нема спас

Нуклеарен ветер без кислород

Планета без здравје

Биолошко оружје врз неотпорните

Геофизички војни со елементите

Галаксија без небесни тела

Планетата земја без магнетизам

Планински врв без подножје

Пирамида, небодер – без темели

Порта, врата –  без клуч

Закон без морал

Морал без законитост

Слобода без мир

Убавина без карактер – добрина

Казна без починет злочин

Злочин кој казнува правда

Лидер без следбеници

Последица без причина

Сегашност без иднина

Држави без народ

Луѓе без татковина

Збор без реченица

Утро без ѕвезда Деница

Јазик без граматика

Број без математика

Време без календар

Сезони без име

Снег без студ

Топлина без сонце

Mраз без вода во него

Магла без пареа во неа

Вода без H2O

Планета без живот

Лозје без грозје

Дрво без цвет

Машина без погон

Сонце без огон 

Мудрец меѓу лудаци

Луди без паметен наоколу

Дијаманти оставени без чувар

Чувари без оружје да бранат

Конечност без инфинитезималност

Океани без граници

Јадење, пиење, спиење – без мерка

Успех без награда, без проверка

Награда без заслуга

Библиотека без зачувани книги

Музеј без археолошки експонати

Знаење без идеи – идни и минати

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top