Историја

Дивите кози од Овче Поле

divite kozi 1

divite kozi 1Дивите кози од Овче Поле

Никола Ристевски

Дивите кози од Овче Поле се истребени во 50те години на минатиот век, во истиот период кога во Белград е однесен целиот афион собиран со децении, многу книги и записи, артефакти, и се пошумени простори со најстари археолошки локалитети.

Во едно од селата тогаш на чешма нацртале превртени “петокраки” – пентаграми кои што и ден денес автореферентно го затвараат каналот за чист проѕирен мир во котлината. Влијанието на азбестните цевки, тешките метали, подземните води, сите антени како и најсилната метеоролошка топка од бившата држава се само дополнителен капак врз амбисот.

Сатирот како митолошко суштество со себе ја носи целата енергија на ко-креација но и баланс на дуалноста. Како вибрација се појавува од дамнешни времиња, во митовите за Аркадија па до денешни денови. Пред нешто повеќе од 1000 години, тоа добро го знаел и Никола, таткото на Давид, Арон, Мојсеј и Самоил – богомил. Цел милениум пред него некој наводно ја запалил Библиотеката во Александрија за потоа да си игра со погребните остатоци на Александар, да напише MAKEDONIA KATANA MVNDI, да го прободе Скопје со копје, таман во папокот. На светот.

…дури и на јазикот на племето што се грчи (заб. Н.Р.) поимот Пан значи ‘’се’’ односно севкупност, поим кој е трансцедентален, холистички и очигледно свет. Како тогаш панот дегенерирал во шумски демон со тело на момче и нозе од коза. Овој пример најочигледно ни покажува дека асимилирајќи го ведското учење на Аријците/Словените, племето Грци потполно го паганизира и како такво го предава на Римјаните, а овие потоа го шират низ европа на најимбецилен можен начин, поради што имаме пагански култови, како оној на Алистер Кроули кај Англичаните, и исто така пагански одговор на овие ‘’вештичарења’’ од страна на црквата-ловот и палењето вештерки. Но, да ја погледнеме содржината на зборот ‘’пан’’ на македонски. Тој е најблизок со зборот ‘’полн’’ , или ‘’пун’’ на дијалект, или ‘’п’н’’ со темен вокал. Гледаме дека освен што е идентичен, зборот има и своја содржина што го поврзува со поимот ‘’исполнетост ’’ со дух, односно во категоријата дивинизираност. Од каде тогаш нозете на коза и роговите што се симбол на демоните. Одговорот ќе го најдете во книгата на Елизабет Хејч, каде што таа ни посочува дека Богочовекот секогаш се раѓа во астролошкиот знак на Јарец (Христос е роден во знак на Јарец.) Јарецот ја симболизира суперконцентрираната материјалност, односно човековата врзаност за земното/материјалното (нозете од коза) и неговата тенденција да се дивинизира (телото на момче), како и двете рогчиња што го симболизираат дуализмот да се надмине самата себе и да стане она што првобитно и била – светлина. Затоа поимот ‘’кристал’’, кој е  ‘’проѕирна материја’’ или ‘’стврдната светлина’’, всушност значи ‘’Крист-ал’’ односно Христ-Бог (богочовек), односно завршен процес на дивинизација, можност како што низ кристалот што се генерираат боите на спектарот, така и низ богочовекот да се генерира овој свет. Јарецот, пак што не се надминува себе ја симболизира во себе заробената материја (затворена автореференција) и како таков е симбол на паднатиот ангел.

divite kozi 2

divite kozi 3

Пан е  водич на сатирите, момчињата први шумски поети,  соблазнителите на нимфите , полудивинизирани митски креации, покровител на стадата овци и кози, чувар на чуварите…бог на илузијата? Искривувањето на истата митска претстава е присутно во девијации со додавање на атрибути – заробување на материја од страна на разни секти и нус појави особено во последните векови на вториот милениум од нашата ера.

Во книгата на Даниел, од Еврејската Тора – Стар Завет/Свето Писмо (чиј што прв превод започнал под налог на Птоломеj пред околу 2,300 години – и е превод на демотско писмо, од петокнижие во четворокнижие – добропознатиот Септуагинт) пишува за малиот рог кој што израснал од четирите каде што се скршил големиот рог на влакнестиот јарец, се воздигнал до небото и бутнал на земја дел од ѕвездите небесни, ја одзел жртвата од секојдневното светилиште. Ужасот ќе траел уште две илјади и три стотини вечери и утра, тогаш Светилиштето ќе било очистено, пренесува Даниел преку АРхАнгел Гаврил, кој што му го донел видението.

Ноември 1977 – кај јужните соседи се открива Кралската Гробница во Вергина, Кутлеш. И покрај потврдата на самите археолози и експерти дека во никој случај не станува збор за Филип II ниту пак Александар IIIти ил IVти, а веројатно за Филип IIIти Архидеј и Евридика, ГРЧката пропаганда бесрамно продолжува да ја соблазнува светската јавност.
Oктомври 2011~Јануари 2012 – во Лувр, Франција почнува изложба за Александар III Македонски, каде што продолжува илузијата сервирана наместо култура

Истражувањата веќе потврдија дека навидум чудната и случајна форма видлива од небо, на територија Канда, Овче Поле е пиктограм за дива машка коза, јарец – според најстарото дешифрирано писмо од страна на светската научна јавност – линеарното Б писмо – 2000 години п.н.е. Во близина во село Орел, Овче Поле се наоѓа КУТЛЕШ – местото со обоената река, камените сфинги, античките светилишта и озлогласениот вир и понорница. Во Аркадија Алфеј понирала, Херакле ја поместува во петиот подвиг. Порано, еден од останатите подвизи – оној со лавот е запишан на Пајонските монети ко реверс. Каран води потекло од Херакле.

Информациите од милениумски етапи водат кон едно и исто, за кое што сепак повеќе ќе се извести во догледно време. Немање на рид повисок од 1000м надморска висина, судирањето на четирите ветра кај ридот Синај, Немањици – поради што имаме озонски темен филтер на небо и нема дожд а и чудни појави под земја, мистичноста на Орел и Кутлеш, чудата на Ѓуриште, светиот Богословец,  озлогласениот Ѕид, линијата Руг Баир – Кнежје – ЅЕ – Барутница – најголемата кривина на Брегалница, Бела Зора најголемиот Пајонски град, спираловидните записи во пештери, ни даваат за право да навлеземе подлабоко во истражувањата за Вистинската приказна за овој простор. Саргентиос – сребрена, света, бела река, Taен Рај, Ново Сонце на Слободата.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top