Историја

Што правел Александар Македонски кога бил нервозен?

aleksandar-treti-makedonski

Се разбира, пцуел на својот јазик :

„Потоа Александар, неспособен повеќе да го задржи својот гнев скокна на нозе и фрли едно од јаболките кои лежеа на масата кон Клитус и го погоди, а потоа почна да го бара својот меч. Но еден од неговите телохранители, Аристофан, го сокри пред тој да може да го дофати, а останатите го обиколија и го молеа да се воздржи, кога тој наеднаш скокна на нозе и извика на македонски јазик да се соберат трупите на неговата гарда(а ова беше знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да затруби и го удри со тупаница бидејќи овој се колебаше и не сакаше да го стори тоа. Овој човек подоцна го гледаа со голема почит, бидејќи само поради него кампот не го зафати метеж. Но Клитус не се предаваше и со голема врева неговите пријатели го истуркаа од салата. Но, тој се обиде да влезе од друга врата и многу храбро и со презир ги изрецитира следните стихови од Андромаха на Еврипид:

„Ах какви лоши обичаи сега владеат во Елада!„

И така конечно, Александар успеа да дофати едно копје од еден од неговите телохранители, го фрли кон Клитус додека тој ја тргаше завесата на вратата и го прободе.“

Појаснување : Цитатот од Еврипид е всушност дофрлање и провокација кон Александар и македонската гарда. Со цитатот од Еврипид, Клитус сакал да посочи на лошите обичаи кои ги наметнале новите владетели на Елада – Македонците.

Александар трети Македонски – Alexander the Great of Macedonia

aleksandar-treti-makedonski

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top