Историја

Една земја на југот ќе се покаже како многу важна!

tajnite-na-prorokot

tajnite-na-prorokot

Ова пророштво потекнува од 17 век, негов автор е еден германски свештеник, а сега е објавено во книгата “Тајните на пророкот”. Во него се опишува она што доаѓа во 21 век, за кој авторот вели дека ќе биде доба на страв и голема беда. Понатака тој раскажува дека во овој век ќе се случи големo зло.

– Во поголемиот дел од земјите децата ќе се кренат против своите родители, граѓаните против власта, верниците против Бога, целото човештво ќе се бори против поредокот. Ќе дојде до голема војна … ги опишува тој настаните.

– По привремениот мир ќе има уште пожестоко продолжување на таа војна кога целиот свет ќе се сврти наопаку. Ќе дојде и до големи финансисики крахови и до уништување на добрата. Луѓето ќе се однесуваат како без разум и ќе немаат почитување ниту кон најблиските. Отровните испарувања и зраци ќе можат да продрат посилно од екваторијаното Сонце, ќе маршираат железни војски, а на небото ќе летаат бродови полни со бомби. Фатални летечки ѕвезди и сулфурен оган ќе уништи многу градови, го опишува тој оружјето кое ќе се користи во 21 век.

 Тој во пророштвото вели дека овој ќе биде најизопачениот век досега поради тоа што моќниците кои се над другите ќе мислат дека се богови, а народот ќе се дигне против нив во сите земји.

Најважниот дел од пропоштвото се однесува на една земја на југот која според него ќе биде многу важна во ова време.

– Една земја на југот многумина ќе се обидат да ја уништат. Преку неа ќе се скршат многу копја! Заради неа народ ќе војува, а жителите на таа земја во неколку наврати ќе бидат пред тотално уништување. Кога ќе пројде таа војна, таа земја одново ќе се роди, а ќе ја води еден човек кој најпрво ќе биде омразен, а потоа сите ќе го сакаат. Таа земја многумина нема да ја сакаат и ќе се обидат да ја уништат на секој можен начин. Луѓето таму се многу алчни и заради различни вредни работи, многу крв ќе биде пролиена. Во таа земја веќе се имаат случено две големи војни во минатото. На крај, таа земја ќе ја допре самиот Бог. Од тогаш таа ќе биде најпочитуваната во светот…

Start.mk

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top