Култура и туризам

Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир

1og

1ogВО ТЕТОВСКО – ГОСТИВАРСКАТА ЕПАРХИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА ЕПАХИСКОТО СПИСАНИЕ “ОГЛЕДАЛО“

Со благослов на неговото високопреосвештенство, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф излезе од печат новиот број на списанието „Огледало“, списание за православната вера, култтура, образование и наука.

Списанието е двоброј 14/15, во септември 2020 година, во кое е поместена следната порака „Чувај ја верата и никогаш немој да ми го заборавиш мојот манастир“

Имено, тема на овој број на списанието „Огледало“ е: „Тетовско – гостиварската епархија во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите“. Во списанието, неговото високопреосвештенство, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф го напиша следното поздравно слово:

 Мили чеда,

„И во оваа високосна 2020 година, иако погодени од големи искушенија меѓу кои најповеќе од познатиот коронавирус, сепак со Божја помош повторно сме со Вас преку нашето списание „Огледало“, кое пред сè го издаваме за сите Вас, кои сте „жедните за словото Божјо“. Ете во пресрет на овогодишните јубилеи на нашата Света Македонска православна црква – Охридската архиепископија, кога сите ние сме радосни сведоци на чествувањето на големите и значајни духовни и национални јубилеи: Еден милениум постоење на Бигорскиот манастир; 175 години од блаженото упокојување на игуменот на Лешочкиот манастир, јеромонахот Кирил Пејчиновиќ; 75 години од одржувањето на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје; и 30 години од осветувањето на Соборниот храм во Скопје – излегува од печат, веќе 7-ма година по ред и овој двоброј на епархиското списание на Тетовско-гостиварската православна епархија. 

2ogМитрополитот г.Јосиф со поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан

Спомнувајќи ги јубилеите, можам слободно да кажам дека не помал јубилеј оваа година доживува и нашиот Лешочки манастир, во кој по скоро цели 200 години се започна со изградба на нов манастирски конак. Како што споменав во мојата беседа за време на осветувањето на темелите во февруари оваа година, и во оваа прилика ќе споменам дека Лешочкиот манастир несомнено уште од дамнина е голем благослов за Полог, па така знаејќи го сето тоа и бивајќи свесни дека годинава во Лешок се започна делото на воскресенски препород на комплексот, во консултација со ценетата Редакција, се одлучивме темата на овој двоброј 14/15 да ја посветиме на: „Христијаните во Полог и Лешочкиот манастир низ вековите.

 Освен трудовите поврзани со носечката тема на овогодинешното списание, благодарение на нашите почитувани соработници како и на Редакцијата на списанието, сместивме и научно градиво од многу области и тоа од: црковната и световната книжевност, од црковната уметност, секако трудови со теолошка тематика, потоа од областа на историјата и медицината, како и теми поврзани со периодот на македонската преродба. Исто така, на крајот од списанието се наоѓа и рубриката – Вести и настани од епархијата. Се надевам дека ќе Ви се допадне изборот на трудовите кои се сместени на овие страници и дека тие ќе го привлечат Вашето внимание.

Ја користам оваа прилика од мое лично име, како и од името на членовите на Редакцијата да им се заблагодарам на нашите почитувани соработници, кои со својот труд значително го помогнаа издавањето на ова списание.

Драги читатели, имајќи го во Вашите раце нашето епархиско списание „Огледало“, Ви посакувам успешно чтение и продлабочување на духовните и интелектуалните способности за слава на Троичниот Бог“.

Притоа, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, кој е главен уредник на списанието „Огледало“ напиша дека Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот дух да биде со сите нас.

Посебно место во овој број на списанието „Огледало“  е посветен на текстот:на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф под наслов: “Лешочкиот манастир пред доаѓањето на јеромонанахот Кирил Пејчиновиќ (од создавањето до 1818 година“), со следниот превод на англискиот јазик: THE LESHOK MONASTERY BEFORE THE ARRIVAL OF HIEROMONK KIRIL PEJCHINOVIC (FROM  ITS FOUNDATION UNTIL 1818).

. Во него, меѓу другото, е претставен почетниот дел на бурната историја на Лешочкиот манастирски комплекс низ вековите, периодот од основањето на манастирот, па сè до 1818 година, кога со доаѓањето на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ на чело на манастирот како игумен – манастирот бил возобновен, а со тоа и неговата историја.

Посебно во трудот хронолошки е изложена историјата на манастирот, кој бил и ѐ центар на христијанството во Лешок и во Полошкиот регион, каде христијанството се појавило уште во ранохристијанскиот период. Историските настани се поддржани со бројни археолошки пронајдоци. Денешните остатоци на стариот манастир „Свети Атанасиј Велики“, како и црквата „Пресвета Богородица“ во новиот возобновен манастир се појдовна и темелна точка на овој труд кога станува збор за Лешочкиот манастирски комплекс. 

3ogМанастирот „Свети Атанасиј “ во Лешок

Во овој текст митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф се потрудил да го долови непрестајното егзистенцирање на манастирот, со прикажување на историскиот развој преку претставување на настаните поврзани со основањето, разурнувањето, подигањето и уривањето на храмовите и манастирските конаци, сè до неговото повторно возобновување, како феникс од пепелта во 1818 година под покровителство на игуменот Кирил Пејчиновиќ од Теарце.

Инаку, Лешочкиот манастирски комплес „Свети Атанасиј Александриски и Пресвета Богородица“ е важен духовен центар и игра видна улога во духовната преродба на македонскиот народ. Тој се наоѓа над селото Лешок и е сместен во прекрасниот природен амбиент во подножјето на Шар Планина, на надморска височина од околу 600 метри. Во православниот манастирски комплекс денес се наоѓаат светилишта: манастирската црква „Свети Атанасиј Велики“, старата црква „Пресвета Богородица“ и параклиот „Свети Кирил и Методиј“.

Денес во склоп на манастирот кој повторно е епископско живеалиште влегуваат и: манастирските конаци, вечното почивалиште и спомен-собата на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, како и остатоците од стариот манастир со разурнатата црква посветена на „Светиот Атанасиј Велики“, чии остатоци се наоѓаат надвор од денешните манастирски ѕидини, во непосредна близина на комплексот.

Исто така, во бројот 14/15 на списанието „Огледало“ заслужуваат посебно внимание  и текстовите и научните трудови на дваесет и еден автор кои со своите објави придонесуваат за збогатување на православната вера, култтура, образование и наука кај Македонците, како и го презентираат минатото и сегашноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја прикажуваат вистина за црковно-националното живеење во Република Македонија.

4ogПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top