Историја

Македонски наречја – Сухо и Високa во Солунско“ (1934)

makedonski-narecja

„Dwie gwary macedońskie – Suche i Wysoka w Soluńskiem“ (1934)

makedonski-narecja

„Две македонски наречја – Сухо и Високa во Солунско“ (1934) – Мјечислав Малецки („Dwie gwary macedońskie (Suche i Wysoka w Soluńskiem)“ – Mieczysław Małecki) Во оваа збирка македонски народни умотворби се собрани голем број македонски приказни и преданија, меѓу кои „Настрадин Оџа“, „Дедал и Икар“, „Александар Велики го скротува Букефал“, „Александар Велики и бесмртната вода“ како и многу други, кои сведочат за богатата македонска култура и творештво. Преданијата се запишани со полско латинично писмо, но на типичен македонски јазик. Авторот се потрудил да ги запише како што ги чул, со што би ја запазил автентичноста на солунскиот македонски говор. Мјечислав Малецки (1903–1946) е полски лингвист и еден од првите слависти – македонисти во оваа земја. Тој во 20-те и 30-те години од 20. век долго време го проучувал македонскиот говор од околината на Солун, инспириран пред сè од предходните трудови на словенечко-австрискиот лингвист Ватрослав Облак (1864–1896).

На: Macedonia : a True Endless Story …

Најново од: Историја

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Најнови вести

To top