Македонски легенди

Епаминонда Попандонов

1epamiona

1epamionaЕпаминонда Попандонов

Епаминонда Попандонов (1898 – 1968) е македонски деец и револуционер, делегат на АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и секретар и член на Президиумот на АСНОМ. предлага да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“. Бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ (1946).

Епаминонда Попандонов е роден во 1898 година во градот Струмица. Основно и средно образование заврпил во родниот град и во Скопје. Во 1922 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград.

Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање и Скопје.

Епаминонда се приклучува  на Народноослободителното движење во 1944 година и истата година станал член на КПЈ. То бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ.

Како повереник за просвета, на третата седница на Президиумот на АСНОМ одржана од 2 – 5 октомври 1944 години Епаминонда Попандонов предложил  да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“, односно Комисија за македонската азбука и ја раководи нејзината работа.

На Второто заседание на АСНОМ, одржано од 28 до 30 декември 1944 година, Епаминонда Попандонов бил избран за втор секретар, а на Третото заседание на АСНОМ, кое е одржано од 14 до 16 април 1945 година, кога доаѓа до трансформација на Президумот на АСНОМ во Президиум на Народното собрание на Македонија и се укинати поверенствата во состав на Президиумот, Попандонов бил остранет од државното раководство. Причина била опозициската дејност на неговиот брат Васил Иванов, кој во 1947 година бил осуден на смрт, за потоа му ја сменат пресудата во повеќегодишен затвор.     

Сепак, по Втората светска војна, во 1946 година, Епаминонда бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ. Исто така, по ослободувањето, во сојузната држава Југославија во чиј состав била Македонија, биле формирани републички верски комисии. Во Македонија Републичката верска комисија ја предводел Епаминонда Попандонов.

Во последните години од животот тој работи во културни и образовни институции. Од 1947 до 1951 година Епаминонда бил директор на Народната библиотека во Скопје, а од 1952 до 1966 година и професор на Педагошката академија.

Епаминонда Попандонов починал во 1968 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top