Култура и туризам

НАСЛЕДСТВОТО НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ (30)

1sl

1slСЕДУМНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1985 ГОДИНА

Во 1985 година, по традиција кога се одбележува 1100-годишнината од смртта на свети Методиј во Рим, се одржа манифестацијата „Во чест на свети Кирил”, втемелувачот на словенската писменост и култура . Во рамките на програмата на оваа значајна манифестација се одржа изложба на уметнички колор-фотографии „Светлините на Охрид” од талентираниот охридски фотограф Ристо Шапкар, којашто претходно беше подготвена по повод вклучувањето на Охрид во УНЕСКО-виот список на објекти од светско значење, а д-р Јосип Братулиќ, професор на Филозофскиот факултет во Загреб, одржа предавање на тема: „Наследството на Константин-Кирил и Методиј на Балканот”.

Државната делегација ја сочинуваа: проф. д-р Данчо Зографски, шеф на делегацијата, дописен член на Македонската академија на науките и уметностите и директорот на Институтот за национална историја во Скопје, потоа д-р Јосип Братулиќ , професор на Филозофскито факултет во Загреб, Алберт Бубичиќ, советник за култура во амбасадата на СФРЈ при Република Италија и Михаил Банде, помошник – претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, која беше и организатор на манифестацијата.

Црковната делегација, пак, ја сочинуваа митрополитот австралиски г. Тимотеј и свештеникот

Спасе Стефановски. Манифестацијата отпочна во Рим на 20 мај 1985 година со свеченото

отворање на изложбата „ Светлините на Охрид” чија ликовна-графичка спрема на каталогот и експозицијата на изложбата ја направија Нико и Жарко Този, а се изврши во присуство на преку 120 гости, меѓу кои беа и амбасадорот на СФРЈ при Република Италија Анте Скатеретико и амбасадорот на СФРЈ при Светата столица Звонко Стенек, директорот на музјот г. Бернини, претставници на Министерството за надворешни работи на Италија и Ватикан, поголем број истакнати јавни и културни работници од главниот град на Италија и други гости. 

22slРим

Воведен збор, со мошне топла и н тонација, имаше г-ѓата Барбеилини Амидеј, заменик на диркторот на музејот, а изложбата ја прогласи за отворена шефот наделегацијата проф . д-р Данчо Зографски, чијшто говор на италијански јазик го прочита проф. Лионело Константини, шеф на Одделот за србокроатика при Институтот за славистика на Универзитетот во Рим.  На изложбата беше претставен репрезентативен каталог и изложени 180 примероци од поранешните изданија на италијански јазик на посебната публикација „Gloria а ѕап Cirillo”, и на специјалниот број на списанието „La battana”, коешто беше посветено на Македонија.

На 23 мај во Рим, проф. д-р Јосип Братулиќ го одржа своето предавање на тема: „Наследството на Константин-Кирил и Методиј на Балканот”, кое наиде на мошне добар прием кај присутните.

Традиционалната церемонија, којашто беше одржана на 24 мај 1985 година на гробот на свети Кирил во црквата „Сан Клементе” во Рим, помина пригодна и достоинствено. Најпрвин, делегацијата и амбасадорите на СФРЈ положија венци и свежо цвеќе, а делегацијата на МПЦ

одржа молебен со асистенција на хорот на „Русикум”.

Во текот на манифестацијата се организираа неколку средби и при еми. Така, на 22 мај 1985 година двете делегации беа примени од кардиналот Силвестрини, кој ја врши фунцкијата министер за надворешни работи на Ватикан.

Иако со мошне задоцнета најава, на 23 мај двете делегации во придружба на амбасадорот Звонко Стенек беа· примени во посебна аудиенција кај папата Јован Павле II. Во разговорот што се водеше спонтано на македонски, односно на повеќе јазици, беше изразено обостраното задоволство од позитивниот придонес на манифестацијата којашто помага во продлабочувањето и проширувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Исто така, на 23 мај проф. д-р Данчо Зографски , во придружба на амбасадорите Анте Скатеретико и Звонко Стенек, беше примен и во Министерството за надворешни работи на Република Италија, каде што имаше подолга пријателска среба со г . Бартоломео Атолико, директор на Културната дирекција за надворешни работи, задолжен за културна и научна соработка со странство.

Потоа д-р Зографски заедно со советникот за култура при амбасадата на СФРЈ, Алберто Бабиќ, го посети директорот на Архивот на Министерството за надворешни работи, проф. д-р Енрико, при што стана збор за можноста македонски историчари да истражуваат во овој Архив дипломатски документи од значење за македонската историја.

33slМАНУ

Во текот на манифестацијата, а во чест на државната делегација на Македонската православна црква, двајцата југословенски амбасадори приредија свечен прием, на којшто меѓу гостите присуствуваа и високи функционери од Министерството за надворешни работи на Итаија, од Ватикан и повеќе истакнати јавни и културни работници, како и раководители

на стопански и други претставништва во Рим. Исто така, културната делегација имаше средба и разговори со проф. д-р Лионело Константини, кој се интересираше за издавање поголема едиција литературни преводи.

И оваа година манифестацијата „Во чест на свети Кирил” доби забележително место во средствата за јавно информирање, како во Македонија, така и во Италија.

МАНУ ја одбележа 1100-годишнината од смртта на Кирил Солунски, а во 1985 година и годиншнината од смртта на Методиј. По повод 1100-годишниот јубилеј беше организиран научен собир на тема „Кирилометодиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија”. Собирот се одржа под покровителство на Советот на академиите на науките и уметностите на СФРЈ. Собирот се одржа од 1 до 3 октомври во Скопје.

Целта на собирот беше да се долови поширок приод кон разоткривањето и запознавањето на состојбите во Македонија во старословенскиот период и на живата кирилометодиевска традиција во Македонија.

Претседател на Организациониот одбор беше академик Блаже Конески, кој и го отвори симпозиумот. Собирот го поздравија: претседателот на Советот на академиите – Сурја Пуповци, претседателот на МАНУ – Јордан Поп Јорданов, и претседателот на Републичкиот комитет за образование и наука – Анатоли Дамјановски, ректорот на Универзитетот „Кирил и Методиј” од Скопје – Христо Андонов-Полјански .

На собирот учествуваа 35 излагачи. Покрај југословенските научници, настапија и претставници од Австрија и Полска.

На 6 август 1985 година, претседателот на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, Драгољуб Ставрев, во Охрид ја отвори изложбата „Словенска писменост”, по повод 1100-годишниот јубилеј на свети Методиј. Од оваа година изложбата прерасна во „Постојана изложба на словенската писменост” во Охрид.

Експозицијата ги претстави собрани на едно место спомените на словенската писменост од сите словенски подрачја, од IX век, се до појавата на современите словенски книжевни јазици.

На изложбата беше поделен каталогот „Словенска писменост”, Охрид 1985.

Продолжува  

1Slave Katin 2Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top