Историја

Новиот преработен Устав на ВМОРО од 1908 година

Ustavmakodr

Ustavmakodr

УСТАВ на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација.

(Преработен од Општиот конгрес во 1905 г.).

ГЛАВА I — ЦЕЛ

Член 1. — Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во една целина сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување на полна политичка автономија за тие две области.

Член 2. — Организацијата им се спротивставува на стремежите за делба и освојување на овие области од која и да е држава.

ГЛАВА II — СРЕДСТВА

Член 3. — За постигнување на оваа цел Организацијата се бори за отстранување на шовинистичките пропаганди и национални расправии, коишто се стремат и го обессилуваат населението во неговата борба против заедничкиот непријател. Таа дејствува за јакнење на револуционерниот дух и свеста кај населението и ги употребува сите средства и усилби за побрзо и навремено вооружување на населението со сe` што е неопходно за едно општо и распространето востание. Таа се грижи за културното и економското накревање на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против отоманската власт.

ГЛАВА III — СОСТАВ И УСТРОЈСТВО

Член 4. — Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација се состои од месни револуционерни организации, составени од членовите на секоја одделна месност (село или град).

Член 5. — Член на В. М. Р. О. Организација може да биде секој што живее во европска Турција, без разлика на полот, верата, народноста и убедувањето.

Член 6. — Секоја месна организација се дели на групи со по еден дестник.

Член 7. — Секоја месна организација се раководи од својот местен комитет.

Комитетите треба да се: селски, градски, реонски, околиски, окружни и еден централен.

Член 8. — Селските и градските комитети им се потчинети на реонските, а овие, заедно со потчинетите — на околиските, тие на окружните комитети, а целата организација се раководи од Централниот комитет.

Член 9. — Пред надворешниот свет Организацијата се претставува од претставничко тело.

Член 10. — За контролирање на финансиите и дејноста на комитетите се воведуваат контролни институти.

Член 11. — За разгледување на судски дела и спорови се воведува судски институт.

Член 12. — Службените лица се изборни.

Член 13. — Паралелно со легалната дејност на Организацијата постои и четнички институт од илегални сили. Задачите и устројството му се определуваат во специјален правилник.

Член 14. — Околиските, окружните и Централниот комитет имаат соодветни печати.

Член 15. — Организацијата се служи со своја тајна пошта.

ГЛАВА IV. — МАТЕРИЈАЛНИ И СРЕДСТВА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Член 16. — Материјалните потреби на Организацијата се остваруваат од:

а) редовни членски влогови;
б) доброволни прилози и налози;
в) помош и подароци испратени за Организацијата од странство;
г) глоби; и
д) непредвидени приходи, добиени со силата на оружјето

ГЛАВА V. — КАЗНИ

Член 17. — Секој, кој ќе му направи штета на делото, се казнува согласно Правилникот.

Член 18. — Врз основа на постојниот Устав, изработен е подробен Правилник на Организацијата.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top