Историја

Огледало на македонскиот живот во XIX век

182novoselo

182novoselo

Со реформите и развојот на производните сили и трговијата кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век во Османската империја, македонскиот трговец допира до развиените културни центри во Средна и Западна Европа. Нараснатата трговска соработка, на дневен план ја исфрлаат потребата од развој на просветното и црковното дело во Македонија.

Потребата од отварање на училишта на мајчин јазик се појавуваат на преден план, иако во некои поголеми градови на Македонија и порано постоеле училишта. Сепак сите тие биле на туѓ, грчки јазик. Исто така во поголемите манастири постоеле училишта, но нивната намена била да подготвуваат свештеници. Според тоа, било неопходно отворањето на училишта каде наставата ќе се одвива на македонски јазик, а свршените ученици ќе бидат кадри да ги задоволуваат и световните потреби. Поинтензивното отворање на училишта започнува од 30-тите години на XIX век. Скоро во сите поголеми градови на Македонија се отвораат училишта.

Паралелно со развивањето на образовниот процес се развива и учебникарството. Во 1792 година, Марко Тодоровиќ Везгов од Банско потпомага издавање на буквар за потребите на скоро целиот југ. Во поглед на развојот на образовниот процес и учебникарството во Македонија посебно се истакнува Јордан Хаџи Константинов – Џинот од Велес.

Во побогатите општини паралелно со развојот на образовниот процес започнува и изградбата на цркви. Изградбата на нови училишта и црква ќе ја наметне потребата од раководење со нив, што ќе доведе до формирање на црковно-училишните општини. Всушност, тие претставуваат зачеток на локалната самоуправа на македонскиот народ во рамките на Османската империја.

Преродбата која настанува кај македонскиот народ во почетокот на XIX век, ја предизвикува и појавата на литература. Појавата на првите печатени книги на народен македонски јазик, преставува најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се постави писмениот јазик на народна основа.  Првите литературни творци се главно монаси, како: Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ.

Во 1816 година во Будим е печатена првата книга на македонскиот просветителот Кирил Пејчиновиќ „Огледало“. Тоа, како и другите негови книжевни дела содржи се уште доста црковни елементи, но во основата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи од централните говори.

Огледало на Кирил Пејчиновиќ претставува прирачник за свештеникот, неопходен за вршење на верските обреди. Но, покрај молитвите и верско-обредните текстови, неговата книга содржи и беседи во кој Пејчиновиќ критикува и поучува. Истовремено неговата книга претставува огледало на животот во Македонија во тој период.

Во дел од текстот „Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение“, тој го отсликува животот и ја критикува заостанатоста на дел од населението и свештеството. Во него тој вели:

„Ете тако се празнува великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.

Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници. Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесет причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било она му било“! Другиј пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да се не забават“! А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „Не така. Да го тепамо, ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.” Пак другиј кмет велит за друго тамо! Обај поп се забават, ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хекот, ако му не платиш“.

Кој тако велит кој другојаче, аслиќелам свите хулат на попот што им ест законик, што (ги) крстил во името Свјатија Троици, и ги венчал, и ќе ги закопат, и што им ет татко и поголем от родител негов. Не се исповедуат, не постат ка што се постит, и на попа хулат и причешња чекаат до полдне, и ја грешниј и недостојниј во иеромонасе Кирилл, што сом погрешен от них многу и много, и прекомного, и уште грех собрах што ги осудих, создание и раби божии и браќа наши осудих, – ем не се понесуем со них, да не дадет Бог!, токо ги жалим ем ги учим ем се молим Богу Христу Спаситељу нашему, се молим да ги наставит на пут истинниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христиани да спасет и нас да помилует, амин! – и ја грешниј и видох така каде зборат, видох не берендисах и им рекох: „Зашто, христиани, чекате до полдне? Нели надробите леб и сипајте вино на лебац, да ни попа чекајте, ни пцујте го, ни тепајте го, ни глоба дадите стоката, јадите си ја сами, зашто на забит да ја дадете глоба“? Тија ми велат: „Попот што носите на велиј ден, што ни дават нам, тоа не ет леб и вино, токо ест крв Христосова, затова чекамо до полдне, зере сме чуле от стари – без неа не може чоек да биде жив“. Ја им велим: „Кој ви кажуе така, дали попот“? Тој ми велит: „Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излагат никогаш, њему кажи му со нас барабар да идет (на) свадби, на теферич, на хора, на лов, на сехер, на потера, на алиш-вериш, да прекупи да препродаде, а за поучение ни мије го прашаме ни он сам ни кажует“. („Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава“, Том I, Скопје, 1981, стр. 180 – 181)

Кирил Пејчиновиќ во својата беседа на почетокот на XIX век го напаѓа суеверието, паганските обичаи, ги критикува поповите и оние кои се здружиле со поробувачот да го измачуваат сопствениот народ. Тој како и другите македонски преродбеници врши позитивна пропаганда и преку поучните беседи се обидува да го избави сопствениот народ од мракот на повеќевековното ропство. Свесен е дека само образован народ може да го раскине вековниот робски ланец.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top