Култура и туризам

Зачувување на македонскот идентитет

narodni-nosii

ФОЛКЛОРНИТЕ ОБИЧАИ, УСНИТЕ ПРЕДАНИЈА И НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО ПРИДОНЕЛЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТ ИДЕНТИТЕТ

narodni-nosii

Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија.Низ вековите таа етнички била угнетувана.

Традицијата била таа која како народ не одржувала и кој токму преку нејзе сме се осознавале.Можеби македонците во голем процент не биле формално образовани но, во нив македонскиот код  бил постојано активен и пренесувам од колено на колено за потеклото и својот идентитет.

Затоа можеме да потенцираме дека  за Македонија е значајно усното творештво.Собирањето народни умотворби а посебно усните преданија биле битен елемент кој сериозно   се спротиставувал на изучувањето кое било прокламирано од страна на пропагандното образование.

Особено значајно во XIX век  им се спротиставувало на власта на царигратската патријаршија и на употребата на грчкиот јазик ви училиштата и црквите.

Всушност овие дејствија го будат националното движење во овој период.

Усната традиција прави сублимат на многу настани позврзани од античкиот период односно тргнувајќи од митолошката престава за Филип II и Александар III преку тоа како овој период го осознаваат словените.

Традицијата ни ги нуди елементите каде што јасно е изразено будењето на македонската нацонална мисла.

Поп Димитрија од кривопаланечкиот  период,  во 1848 запишува: за моето назначување, се заложи најмногу  господин Михаиљ Македонски, затоа што сум роден македонец и службата ја терам на Македонски. Од бога било пишано моето отчество Македонија да страда од Грците, па тие и денеска не им даваат мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното Кралство.

Постојат многу сведоштва од кои може да се забележи дека традицијата поврзана со македонското античко потекло не згаснало ниту во периодите кога биле најтешки за македонскиот народ.

Античките симболи се забележуваат и во македонските востанија, како на пример цвеното знаме укажува на античкомакедонски обичај како и  огнениот и некрунисан лав.

На крај може да се заклучи дека Фолклорните обичаи, усните преданија и народното творештво се најверодостоен документ кој е пренесуван и одржуван низ вековите.Орото тешкото е сведок за голготата на Макдонците, реалистичен фолклорен приказ кој го отсликува животниот пат на Македонците низ времето.Одржувањето на традицијата е одржување на националното сведоштво за иднината.

Ние имаме богата историска традиција,свои обичаи, култура и јазик.Кој се наши.Кои се негуваат низ вековите.Нив ЕУ неможе да ги условува ниту НАТО да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција  која нас ни раскажува за минатото а на нашите деца ќе им говори во иднина.

Весна Маневска

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top