(Софија, септември 1944 година)
“…Така во Македонија во 1941 изникна како решителна сила Македонската народно-ослободителна војска, која што славно ги продолжи традиционалните и историски борби на македонскиот народ против завојувачката политика на Балканот и во тесен сојуз со движењето на маршал Тито да ја гради слободатата на Македонија и нејзиното федерирање со сите демократски сили на Балканот. Во таа ситуација во нашата татковина се создаде АСНОМ како институт од највискока револуционерна и политичка вредност, прокламирајќи го основниот закон на Македонија, а имено: полно самоопределување на македонскиот народ. Денеска во Македонија е установена револуционерна наородноослободителна власт…
Сега кога македонскиот народ со оружје врака се бори за својата слобода и самоопределување се наоѓаме пред една железна неопходност и ние одовде со оружје врака да се приопштиме и да се жртвуваме во НОБ на Македонија…”
Да живее Општобалканската НОБ на чело со славниот водач маршал Тито!
Да живее нераскинливиот англо-советско-американски блок!
Да живее слободна Македонија во нова ДФ Југославија!
(Потпишале: д-р П.Шатев, Б. Димитров, Иван П.Јорданов, Љ.Манолов, Х.Калајџиев, А. Динев, А. Мартулков, М.Герџиков, Т. Делииванов и други македонски дејци)