Историја

Американски новинар во 1917г. во Битола:што сте вие Бугарка или Србинка?- Јас сум Македонка!

Новинарот Херберт Кори бил воен известувач на „Нешионал Џеографик“ за време на Iта Светска Војна во Македонија, патувал и ги опишал ужасите направени од Бугарската Војска, убивства, бесење, гранатирање но добил и одговор – Јас сум Македонка!

Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригинални копии, а во кој новинарот Кори многу убаво нотирал дека патува низа Македонија и дека сретнува Македонци.

Но она што е најтажно во целото негово патеписание е фактот дека Македонците бил сериозно злоставувани од страна на Бугарската војска, особено по пробивот на Српската војска. Следуваат неколку моменти од тоа специјално издание на Нешионал Џеографик – насловено како „On the Monastery Road” или „По патот накај Битола“. Оригиналното списание се наоѓа во продажба и на онлајн продавниците Амазон и Ebay
Следуваат неколку извадоци текстови од целото специјално издание , кои за жал ги опишуваат трагичните моменти на Македонците во Првата Светска Војна, наши предци кои многу страдале од оние кои „наместо да ни бидат браќа, сакаат и сакале да ни бидат татковци “ ( изјава на Премиерот Заев н.з. ).
Прочитајте ги овие тажни сведоштва на наите македонци од пред 100 години, за нивните страдања од Бугарската војска, а нотирани од новинарот Херберт Кори

„Нешто такво нешто се случи во Брод ( Македонски Брод н.з. ). Ова е град со фер големина за северниот дел на македонската земја. Можеби има 150 куќи расфрлани на падините на карпестиот рид или потонати во гнасната кал на долината на реката Црна. Тука Бугарите се однесуваа „прилично добро“, рекоа селаните. Некои од мажите беа претепани, а некои беа однесени за да копаат ровови, а некои бегаа кон ридовите; но градот не бил изгорен и жените не биле малтретирани. Селаните беа благодарни.“
Па продолжува…

„Еден селанец ја раскажал селската приказна ( за село Сливица н.з. ).
„Бугарите не беа љубезни со нашиот Татко ( претходниот Поп н.з. ) тука“, рече тој, посочувајќи го Попот. „Исто така, тие беа сурови кон нас“. Попот се смешкаше безобразно. Никогаш не сум видел Поп ( „новиот“ Поп бил Грк н.з. ) кој изгледаше дека е во толку лоши односи со своите парохијани. Тој на половина разговор се сврте да си оди. Потоа пак се сврте назад, како да сакаше да ја слушне приказната.
Селанецот продолжи :„Бугарите рекоа дека ќе го обесат нашиот Поп на пладне ако не им дадеме 200 динари“, импресивно рече селанецот. Ми се чинеше дека Попот не сакаше да им се сретнат погледите со селанецот.
‘Што направи?’ го праша српскиот офицер кој го спроведуваше истрагата. Селанецот објасни дека жителите на Сливица се многу сиромашни. Немале 200 динари. Понатаму, повеќето од жителите на Сливица се криеле во ридовите кога дошле Бугарите.
„Значи, единственото нешто што можевме да го сториме за нашиот Татко ( претходниот нивен Поп )“, рече селанецот, весело, „беше да ги замолиме Бугарите да го одложат настанот за во 4 часот. Тоа ќе им даде време на нашите луѓе време да се симнат од ридовите и да го видат обесен нашиот татко “….завршува тука „исповеста“ на македонскиот селанец какви „ браќа“ ни биле Бугарите во 1917 год.
Новинарот Кори при крајот на својата патеписна репортажа која ја правел заедно со трупите на Алијансата, односно Србските , Германските и Француските војници кои имале задача да ја истераат Бугарската војска навор од Македонија, забележува што правела таа иста Бугарска восјак при повлекувањето, па вели:

„Денес патот завршува кај Битола. Вистина, градот се наоѓа како на раскрсница меѓу Ниш, Скопје и Прилеп на север од една страна , а од друга страна ги преминува ридовите до Јадранското Море. Но, преку овие овие линии се наоѓа бугарската линија. Битола е град со 40.000 жители, прилично чист според источните стандарди, добро изграден, со широки улици и мала река што минува низ својот убав булевар. Беше заробен од сојузниците во ноември 1916 година, но Бугарите ги држеа ридовите од кои се командуваше. Тие го гранатираа Битола секој ден до средината на април и можеби сега го гранатираат, затоа што не сум таму сега.
Тоа беше дури и одвратен вид на гранатирање што тие го изведоа ( мисли на Бугарската војска н.з. ). Иако имале доволно количество на топови, понекогаш фрлале околу 210 гранати среде шеталиштето на градот само за да го докажат тоа, најголемиот дел од пукањата кон градот се одвивале со т.н. теренските парчиња од 77 калибар. Гледате колку блиску беа до градот – оддалечени само на четири или пет километри. Ноќе, можеше да се слушнат татнежи на митралезите кои доаѓаа од самиоте краеви на градот.
Еден по еден им беше дозволено да заминат, но кога ја видов Битола за последен пат, во јануари ( 1917 год. н.з. ), половина од неговото население сè уште се криеше во визбите и се надеваше дека Бугарите ќе бидат протерани. Улиците беа празни. Едното кафуле што останало отворено го изнајмувале само француски војници, пеејќи во стил на галски хор; а во единствениот ресторан единствените гости покрај мене беа италијанските офицери. Ноќе никогаш нема светло во градот“.

Ова специјално издание на Нешионал Џеографик од Мај 1917 год. напишано од новинарот Херберт Кори кој патувал со Алијансата, која ја завршила Iта светска војна како победници, а за жал оние кои ја „фалшираат“ историјата,која за нивна жал не може да се избрише, како и во IIта Светска Војна, и во оваа Војна, биле на страната на губитниците.
Дополнително ова издание старо преку 100 год. точно и прецизно ја дефинираат уште тогаш нашата земја како македонија, жителите како македонци, а тогашните Бугари како окупатори и убијци на нашето, македонско население кое пропатило како ниеден народ во период на војната уште позната како Војна на Нациите или Големата Војна која траела од јули 1914 до 11 ноември 1918

Да не се заборави, со уште неколку автентични фотографии направени од новинарот Кори за време на Iта Светска Војна

https://kanal5.com.mk/amerikanski-novinar-vo-1917g-vo-bitola-shto-ste-vie-bugarka-ili-srbinka-jas-sum-makedonka/a455602

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top