Историја

Симбол на бесмртноста на македонскиот народ

makedonski-stit

makedonski-stit

Симбол на еден народ е репрезантативен препознатлив знак, кој на индиректен начин ни ја претставува неговата култура, традиција и вера. Самиот симбол е историски производ кој произлегува од народните обичаи и преставува еден сублимат на сите аспекти од самобитноста на заедницата. Отука симболите преставуваат еден континуиран  атрибут од животот на заедницата, било тој да го отсликува, родот, племето, државата, религијата или пак разни други облици на здружување на заедницата.

Симболите како знамето, химната и грбот подразбираат народ, татковина, сувереност, граници и идентитет. Тие ја означуваат припадноста, честа, слогата и единството на заедницата. Без нив е назамисливо уредувањето на државите и нивните институции. Тие го поврзуваат народот, територијата и настаните низ историјата. Следејќи го човекот низ различните стадиуми на неговиот развој, во зависност од културниот развој, се раѓаат нови симболи кои го отсликуваат новото време и новите вредности.  Во тој процес, како вечен сопатник на народот, некои од старите симболи одумираат, некои се видоизменуваат, а некои се возобновуваат и со извесни прекини имаат повеќевековен континуиетет, изразувајќи го притоа заедничкото и далечно паметење на идејата, целта, стремежот и состојбата во која се наоѓа народот. Сето тоа овозможува преживување и опстојувањето на народот пред напливот на новите современи цивилизациски вредности.

Во повеќе милениумската историја на Македонија, сонцето се сретнува како доминантен симбол. Главно сонцето се сретнува исклесано или насликано во камени стели, сакрални објекти и обредните предмети, облеки, штитови и монети. Најстарите соларни симболи на територијата на Македонија, датираат од времето на неолитот, т.н. „варварска идила“. Прекрасната керамика од времето на неолитот, полна со симболика поврзана со годишните времиња, јасно сведочи за тогашниот изразен култ кон сонцето и космосот. Дека навистина овој култ кон сонцето е изразен покажуваат примерите со Цоцов Камен и опсерваторијата Кокино. На овие места освен извршувањето култни обреди, се следат звездите што овозможувало создавање на прецизен календар кој помагал да се одреди времето за жетва или други важни датуми, што од друга страна пак укажува за постоење на една високоразвиена цивилизација кај древните Македонци. Печатот од Говрлево на кој е преставено дванесетокракото сонце, не само жто го потврдува сонцето како симбол на народот од Македонија, туку зборува за можноста од постоење на организирана држава многу порано од легендите за потеклото на владателската куќа на Македонците, поврзани со митскиот полубог Херакле, односно неговиот потомок Темен.  

Првите пишани докази за култот кон сонцето на Македонците се поврзани со „таткото на историјата“ Херодот (484.ок.425,г.п.н.е.). Тој 200 години по владеењето на Пердика I (653г.пр Хр.), ќе раскаже: “…Трите потомци Теменови, браќата: Гаван, Аероп и Пердика избегале од Арг во Илирија, а од Илирија навлегувајќи во Горна Македонија дојдоа во градот Лебаја. Тука се вработија да служат кај кралот. Едниот ги чувал коњите, вториот говедата, а најмалиот од нив Пердика, ги чувал козите и овците. Беше тоа време кога и кралевите, а не само народот, беа сиромашни и немаа пари. Лебот го месеше и печеше самата кралица. Ама кога и да го печеше лебот за најмладиот, овчарот Пердика, тој секогаш двапати нараснуваше. И откога тоа истото секогаш се повторуваше, му раскажа таа на својот маж за ова. Штом кралот тоа го дочу, се сети дека тоа може да биде некој и дека претскажува нешто важно. Тој ги повика слугите и им нареди да ја иапуштат неговата земја. Овие пак му рекоа дека веднаш ќе си одат штом ќе ја добијат платата што ја заслужиле. А кога кралот слушна дека овие бараат плата, многу се разлутил, и  бидејќи сонцето ги фрлаше своите зраци во куќата низ отворот на покривот каде минуваше чадот, им рече, бидејќи божеството го наведе на таа лудост, покажувајќи со раката на сонцето: „Еве, тоа е платата што ја заслуживте и што ви ја давам“. Гаван и Аероп беа вчудоневидени кога ова го дочуа, а најмладото дете, бидејќи случајно имаше меч рече: „Се согласуваме, кралу, да го примиме тоа што ни го даваш“ па со ножот го нацрта сончевиот зрак на куќниот под, и, исцртувајќи го тоа, зафати три пати сончеви зраци во своето крило, па потоа отиде и тој и тие со него“.

makedonski-stit-2

Освен по јазикот кој го употребувале, начинот на војување и облекување, Македонецот се разликувал од другите соседни народи и по симболот на сонцето кој го употребувал за да ја истакне својата божественост, бесмртност и својата посебност како народ. Култот кон сонцето кој постоел од праисторијата, за време на македонските кралеви ќе дојде до полн израз. Симболот на сонцето бил прикажан на накитот, монетите, оружјето и посебно на штитовите. Овој одраз кон култот на Сонцето, вербата во бесмртноста, односно вечното раѓање, ќе му овозможат на Александар и македонските војници да ги надминат сите искушенија, да ги добијат сите битки и да стигнат до Индија, нешто што во досегашната историја никому не му успеало. Македонските војници го имале овој симбол на своите штитови и се верувало дека симболот на Сонцето, дава моќ и победа на тој што го носи.

Првобитниот македонски антички штит бил изработен од дрво, кожа и малку метал, како и бројни заковани  метални клинови, а подоцна заради подобра заштита од непријателот ќе биде изработен од метал. Шеснастокрако, дванаесетокрако и осумкракото сонце го сретнуваме на штитовите и монетите на македонските кралеви. Шеснаесетокракото сонце станало доминантен симбол за времето на владеењето на  Филип П и на неговиот син Александар Ш Македонски. Дванаесетокракото и осмокракото сонце главно го користеле македонските кралеви од династијата Антигониди. Го сретнуваме на штитовите на македонскиот крал Деметриј, припадник на истоимената династија. На штитот по страните и во центарот се забележливи осмокракото и дванаесеткракото сонце. На монетите кој ги издава Антигон Досон исто така се втиснати осмокракото и дванаесеткракото сонце.

makedonski-stit-3

Следејќи го континуитетот на сончевиот симбол со осум, дванаесет и шеснаесет крака,  тој се јавува во разни периоди во македонската историја. Посебно интересна е виничката теракотна икона на која случајно или не, таа е илустрирана со старозаветната приказна за запирањето на сонцето над палестинскиот град Гаваон, опишана во книгата на Исус Невин. На оваа илустрација, додека Исус Невин со божја помош го запира сонцето се до конечна победа на неговите воини, неговиот придружник Калеб облечен во панцирна кошула на која е забележлива буквата М, држи штит со симбол на сонцето. 

Во средниот век симболот на сонцето се забележува и на наметката на царот Самоил, откриена во неговиот гроб. Исто така како мотив се сретнува и на многубројните фрески и иконостаси во црквите од различни периоди. Но се сретнува и во куќите на граѓаните, поставени на зидовите и таваниците како заштитници на домот.

Шеснастокракото сонце како симбол на македонскиот народ го сретнуваме на македонското знаме непосредно по осамостојувањето на Македонија. За жал под притисок на Грција ова знаме е променето со сегашното, кое го претставува осмокракото сонце.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top