На прво место

Мицкоски: Ако опозицијата сака избори, подготвени сме да излеземе на терен и да победиме

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата е подготвена за парламентарни избори кога и да ги побара опозицијата, нагласувајќи дека во втората половина од мандатот секоја сериозна политичка структура мора да биде подготвена за сите можни сценарија.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на спортската сала „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода, Мицкоски рече дека изборите секако ќе дојдат многу скоро, но не прецизираше дали мисли на евентуални предвремени парламентарни избори во 2027 година или на редовните избори во 2028 година.

„Политички умно е кога ќе влезете во втората половина на мандатот да бидете подготвени за било какви сценарија. Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме како Влада е редовни избори во 2028, но сме подготвени ако опозицијата побара да излеземе на терен и да победиме“, изјави Мицкоски.

Премиерот повтори дека приоритет на Владата останува реализацијата на програмските определби и проектите што беа ветени пред граѓаните, но истовремено порача дека владејачкото мнозинство нема страв од проверка на довербата кај народот.

Со денешната порака Мицкоски испрати сигнал дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за изборен натпревар во секој момент, доколку за тоа постои политичка иницијатива од опозициските партии.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top