На прво место

НАМЕСТО ГРАДЕЊЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ — БЕСКОНЕЧНИ УСЛОВИ!

Ацо Македон Крстески

Ацо Македон Крстески

Се возев со брз, тивок и современ воз кон Пирин.

Низ широките прозорци се отвораа прекрасни глетки: зелени полиња, планински падини, мали населби и уредени станици. Возот се движеше лесно, речиси нечујно. Границата како да не постоеше. Немаше долги колони, немаше недоверба, немаше нервоза.

На една од станиците здогледав голем натпис на македонски јазик.

Никој не го криеше.

Никој не го бришеше.

Никој не се чувствуваше загрозен од него.

Во Благоевград, Сандански и Петрич имаше прекрасни библиотеки со книги на македонски јазик. На полиците стоеја делата на Блаже Конески, Круме Кепески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски и многу други македонски автори.

Децата влегуваа слободно, читаа, прашуваа и учеа.

Никој не им објаснуваше дека нивниот јазик е проблем.

Никој не гледаше закана во една книга.

Никој не се обидуваше да им каже кои смеат, а кои не смеат да бидат.

Македонците во Бугарија беа признати како Македонци.

Не како статистичка непријатност.

Не како историски спор.

Не како тема што треба да се премолчува.

Туку едноставно како луѓе со право на сопствен идентитет, јазик, култура и достоинство.

На плоштадите се слушаа песни од двете страни на границата. Никој не прашуваше кому му припаѓа секоја стара песна. Никој не ја претвораше блискоста меѓу двата народа во причина за негирање на другиот.

Луѓето се почитуваа.

Се посетуваа.

Се радуваа едни на други.

Гледав едно вистинско соседство: без страв, без омраза, без негирање и без постојано отворање нови историски фронтови.

И токму кога помислив дека конечно сме стигнале до европско добрососедство какво што одамна заслужуваме, небото одеднаш се затемни.

Од една црна сенка, со развеана коса и со дебела папка преполна со нови барања, се појави „Условотова“.

Не дојде да подаде рака.

Не дојде да отвори нов мост меѓу двата народа.

Дојде со нов услов.

Потоа уште еден.

Па уште еден.

И уште еден.

Добро е што се разбудив.

За жал, реалноста е многу поинаква од сонот.

По последната средба во Софија повторно слушнавме дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единственото прашање. Повторно се отвораат протоколите. Повторно се спомнува историската комисија. Повторно се наѕираат нови барања.

И затоа мораме да поставиме едно едноставно, но суштинско прашање:

Каде е крајната точка?

Македонија со години слуша дека треба да исполни уште нешто.

Прво едно барање.

Потоа друго.

Потоа трето.

Секогаш со уверување дека по следниот чекор патот конечно ќе биде отворен.

Но ако по секој исполнет услов се појавува нов услов, тогаш веќе не зборуваме за европски пат со јасни правила.

Зборуваме за подвижна цел.

А држава што постојано трча по подвижна цел никогаш не може да стигне до крајот на патот.

Македонија не бара привилегии.

Не бара да ги избегне реформите.

Не бара попуст во владеењето на правото, економијата, образованието или борбата против корупцијата.

Македонија бара нешто сосема разумно: однапред познати правила, јасно дефинирани услови и гаранција дека нејзиниот европски пат нема бесконечно да биде заложник на билатерални историски спорови.

Историјата треба да се проучува.

Но историјата не смее да биде алатка за уцена.

Историчарите треба да разговараат.

Но политичарите не смеат преку историски комисии да одлучуваат кој народ има право на сопствен јазик, сопствен идентитет и сопствено историско паметење.

Добрососедството не се гради со папки полни со услови.

Не се гради со блокади.

Не се гради со негирање.

Не се гради со постојано барање едната страна да докажува дека има право да постои.

Вистинското добрососедство се гради со почитување.

Со заемност.

Со доверба.

Со признание дека и другиот има право на сопствено достоинство.

Сакам повторно да се качам на оној брз воз кон Пирин.

Но не само во сон.

Сакам еден ден навистина да патуваме без страв и без недоверба. Да се посетуваме. Да тргуваме. Да пееме. Да читаме книги на сопствениот јазик.

Тоа би било европска иднина.

Но до неа нема да стигнеме ако на секоја следна станица нè пречекува „Условотова“ со уште една нова папка.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

23 Октомври – завет што нè обединува, Македонија што нè обврзува! Постојат датуми што ги запишуваме во календарот и датуми што ги носиме во срцето. За македонскиот народ, 23 Октомври е завет: да ја сакаме татковината, да го чуваме своето и никогаш да не ја заборавиме цената на слободата. На 23 октомври 1893 година, во […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top