Историја

Контроверзите околу националниот идентитет во XIX век и потоа

kontroverziite-okolu-nacionalniot-identitet

kontroverziite-okolu-nacionalniot-identitet

“Eдвам се ослободихме от Грците, сега пак шопје ли да станеме!!!”

Денес бугарската пропаганда настојува да ги прикаже македонските преродбеници/возрожденци и револуционерите како тврдокорни Бугари. Но многу факти укажуваат на тоа дека националните определби и идентитети како новосоздадени (и млади) во 19 век, биле нејасни, нецелосно дефинирани и често се менувале. Многу фактори влијаеле на тоа, како на пример фактот што Македонците тогаш немале своја држава. Преродбениците во екот на борбата за своја црква (1860-тите), отвораат свои училишта и издаваат учебници на својот јазик, наменети за “бугарскиот” народ. Интересот и целта на македонcките, бугарcките, но и влашките учени околу 1840-50-те биле заеднички: ДА СЕ ОТТРГНАТ ОД ПАТРИЈАРШИЈАТА И ПОГРЧУВАЊЕТО. Тие се залагале (НЕКОИ, но НЕ СИТЕ) за: 1 милет, 1 заедничка црква за словените во Отоманското Царство наречена “бугарска”, наспроти грчката, за 1 заеднички унифициран јазик и слично. Kaкoв и да бил националниот идентитет на македонските преродбеници, тие ќе си останат македонски преродбеници, значајни личности од македонската историја. Нивната работа и дејствување најчесто ја опфаќале само Македонија и ништо пошироко и ништо подалеку…

Macedonia : a True Endless Story …

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top