Култура и туризам

ОД ИЗРАЗОТ- ТЕЛО ХРИСТОВО – ДО ИМЕТО НА ВТОРИОТ СКАПОЦЕН КАМЕН – ТОПАЗ (38)

1017

1017

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од изразот Тело Христово – според апостолот Павле црквата е Христовото Тело – до Топаз  вториот скапоцен камен во вториот ред на плочата што ја носел на градите Првосвештеникот

Тело Христово – според апостолот Павле црквата е Христовото Тело. Според 1 Кор 12,12-31 телото е слика на единствената целина што ја сочинуваат многу различни делови. Но според Павле не се работи само за сликовито прикажување, Црквата не е само како едно тело, туку таа и навистина е Христовото Тело ( 1 К ор 12,27; Еф 3,6 ). Според Кол 2,29 Црквата е Христовото Тело, а Христос е Главата на тоа тело.

Темјан – бела мирисна смола што се користела во службите во храмот, при помазувањето со масло, а била палена при кадењето (1 Мој 30,34; 3 Мој 16,12). Димот имал многу пријатен мирис и се сметало дека има очистувачко дејство (2 Мој 42,5). Се произведувал во земјата Сава (Ис 60,6). Во НЗ темјанот бил еден од даровите што ги донеле мудреците од Исток, заедно со златото и смирната {Мт 2,11) како симбол на молитвата упатена кон Бога (Откр 5,8).

Теодоцијан – еврејско-елински преведувач на Библијата, живеел кон крајот на 2 в., а бил родум од Ефес.

Теофанија – одреден начин и облик на кој се остварува јавувањето на Бога. Според СЗ човек не можел да Го види Бога, а да не умре после тоа (2 Мој 33,20; Суд 6,22; Ис 6,5). Но Бог се појавувал и во човечки облик (1 Мој 18) и како ангел (1 Мој 16,10; 4 Мој 22,31-35). Според 2 Мој 3,1 Бог се појавува во вид на оган, кој е знак на неговата светост. При склопувањето на Заветот (2 Мој 19,18) се појавув аво вид наоган, дим и потрес; во звукот на труба и грмење (2 Мој 19,19; 20,18). Преку теофанијата Бог покажува дека сака да биде со Својот народ {2Мој 19,12-24; 20,18-21). Но никаде не се зборува за ликот Божји (2 Мој 24,9; 4 Мој 12,8; Ис 6,1; Ез 1,4-2,9). Значајна улога има и појавувањето во вид на облак (2 Мој 13,21; 4 Мој 14,14).

Теофил – Божји пријател, угледен човек, на кого му се посветени Евангелието на Лука и Дап, за да се осведочи во сигурноста на учењето (Лк 1,3; Дап 1,1)

Терафими – идоли, најверојатно во човечки облик, кои ги претставуваат куќните богови. Биле изработувани во најразлични облици и големини, од мали, за случај да е потребно итно да се скријат во седлото на камилата (1 Мој 31,19.30.34), до големина на човек (1 Цар 19,13). Случката со Рахила, кога ги украла куќните богови од татка си Лаван и не сакала да му ги препушти послужувајќи се со измама, укажува дека кај Евреите патот кон монотеизам бил маколрпен. Можно е идолите да биле сметани за носители на среќа и биле консултирани за претстојните одлуки (Суд 17,5). Не се спомнуваат по вавилонското ропство.

Терса – втората престолнина на Израел, североисточно од Сихем, првата престолнина. Првобитно била седиште на некој ханаански цар (Песна 6,4}. 

Тертул – тужителот на Павле пред Феликс (Дап 24,1).

Терциј – секретарот на апостолот Павле, го напишал Посланието до Римјаните, како што му било диктирано и во Рим 16,22 оставил свој поздрав.

Тесвитец – се однесува на пророкот Илија од Тесва (3 Цар 17,1).

Тестамент – збор што во НЗ и СЗ понекогаш се користи наместо завет или сојуз.

Тетраграм – ознака за четирите букви ЈХВХ од Божјото име;в. Јахве.

Тетрадрахма – Ковани пари.

Тетрарх – в. Четверовласник.

Тиамат – извештај за создавањето.

Тиатир – град во Мала Азија, познат по работилниците на гримиз. На христијанската заедница од овој град и е посветено едно од писматаза кои се зборува во Јовановото Откровение (Откр 2,18-28).

Тивериј – римски император, со     полно име Цезар Август Тивериј, владеел од 14-37 г. Во Лк 3,1 се споменува по име, а на други места од НЗ се нарекува „кесар”. Јован Крстител ја започнал својата дејност во 15 г. од неговото владеење, а бил император и во времето на распнувањето на Христос.

Тиверијада – град основан од Ирод Антипа, некаде во22г. како нов главен град на Галилеја; името го добил според римскиот император Тивериј. Лежи на западниот брег на Галилејското Езеро. За побожните Евреи бил ,,нечист” град. Во НЗ се споменува само еднаш (Јв6,23).

Тиверијадско в. Гени Езеро -Саретско Езеро.

Тиверијадско Езеро – Галилејско Езеро. 

1018Асириски град на Тигар

Тигар – река, заедно со реката Еуфрат ја сочинувале границата со Месопотамија – „земјата меѓу реките”. Во 1 Мој 2,14 реката Тигар се нарекува Хидекел; заедно со Еуфрат, течеле низ рајот. На нејзините бреговите биле подигнати значајни градски населби, Нинивија, Асур, Кала и Селевкија. Порано двете реки одвоено влегувале во Персискиот Залив, а денес се спојуваат пред самото устие.

Тиглат-Фелесар – асирски цар (745-727.г.пр.И.Х.), окупирал многу од северните израелски градови и населението го одвел во ропство. Во 732 г.пр.И.Х. го освоил Дамаск и станал владегел на Сирија и Палестина. Царот Ахаз и Израел му плаќале данок (4 Цар 16,7-10).

Тидал – име на некој пагански цар (1 Мој 14,1).

Тимна – Едомка, наложница на Елифаз и мајка на Амалек (1 Мој 36,12.22; 1 Лт1,39).

Тимотеј – почитувач на Бога, соработник и близок помошник на апостолот Павле. Бил од Листра (Мала Азија), татко му бил антички Грк, а мајка му јудеохристијанка (Евникија). Павле го преобратил во христијанство на своето второ мисиско патување во Иконија и оттогаш станал негов постојан придружник (Дап1 6,1-4;17,13-15).Според преданието Тимотеј е првиот епископ во Ефес (1 Тим 1,3; 2 Тим 1,6). Апостолот Павле му упатил две посланија.

Типологија – посебен начин на прикажување на СП. Настаните и личностите од СЗ се земаат како објави, односно праликови на оние од НЗ. На пример: Стар и Нов Сојуз, односно Завет (1 Кор 10,6), старо и ново светилиште (Евр9,24) итн.

Тир  –  древен,   многу  богат     фениќански град, на источниот брег на Средоземното Море. Давид склучил договор со тирскиот цар Хирам, па тој подоцна му испратил на Соломон ѕидари фениќански град, на источниот брег на Средоземното Море. Давид склучил договор со тирскиот цар Хирам, па тој подоцна му испратил на Соломон ѕидари

1019 

Градот Тир

Тит- античкогрчки христијанин, бил придружник на Павле на Апостолскиот Собор (Гал 2,1-3). Подоцна бил испратен од Павле во Коринт да ги смири тамошните верни (2 Кор 7,5-7.13; 8,6). Според Посланието до Тит 1,5 апостолот Павле му ја доверил на грижа христијанската заедница на Крит.

Титла – мала линија со која се разликувале одредени букви од еврејската азбука од други; како и античко грчката буква јота (се пишува како латинично и) означува нешто мало и безвредно (Мт 5,18).

Тихик – соработник и придружиик на апостолот Павле (Дап 20,4; Еф 6,21; Кол 4,7).

Тишри – месец од еврејскиот календар, одговара на месецоток-томври (ЗЦар8,2),

Тоа – иматски цар, го пратил својот син Јорам кај Давид да му честита на поразот над неговиот непријател Адразаар (2 Цар 8,9).

Тов – област во Источна Јорданија, прибежиште на Ефтај (Суд 11,3.5).

Товел (Тубал-Каин) – син на Ламех и Села, зачетник на ковачкиот и ливничарскиот занает. Негови потомци се најверојатно Кенитите, кои живееле југоисточно од Мртвото Море, а работеле во рудници на бакарна и железна руда (1 Мој 4,22).

Товија – Јахве е добар – полуевреин, амонитски намесник, еден од оние што му се спротиставиле на Неемија да ги обнови ерусалимските ѕидини по враќањето од ропството (Нем 2,10.19). Имал големо влијание и углед благодарение на родбинските врски што ги имал (Нем 6,1-19). Се настанил во храмот, но Неемија по сеоето враќање го истерал оттаму (Нем 13,4-9).

Товит – книга за Товит – девтероканонска книга од СЗ, напишана во Египет, во околу 200 г.пр.И.Х., на еврејски или арамејски. До денес се сочувани само преводи, а е составен дел на Септуагинтата и црквенословенската Библија. Содржината се базира на источните преданија и го возвеличува помагањето на сиромашните.

Тогарма – син на Гомер, а внук на Јафет, синот на Ное, Неговото потомство живеело најверојатно јужно од Црното Море, тргувале со Тир – нуделе војнички коњи и мазги во замена за луксузни предмети (Ез 27,14).

Толомија (Толми) – гесурски цар, тест на царот Давид, му пружил засолниште на Давидовиот син Авесалом, по убиството на Амнон.

Тома – близнак, еден од дванаесетте апостоли. Во трм евангелија се споменува само во набројувањето на апостолите (Мт 10,3; Д ап1,13),а во Јовановото евангелие се напомнува дека поверувал во воскреснатиот Христос, дури откако лично го видел (Јв 11,16; 14,5; 20,24-29). Проповедал во Северна Сирија, меѓу Партите и во Индија.

Топаз ■ вториот скапоцен камен во вториот ред на плочата што ја носел на градите Првосвештеникот (1 Мој 28,17).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top