Култура и туризам

Свадба во Кукуш

svadba

svadbaРуба. Седум дни пред свадбата в недеља од момата прашчает у момчето стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаешчем за момчето две кошули, две гашчи, една антериа, еден елек, една шамија, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујковци и тетиновци, по кошуља и риза; за јатрви вујни и тетки по крпа, за мајсторот што го учил занает и за учителот по кошула. Стигвеешчем у момчето, сите тие дарови обесват на ѕизд во одајата к’де момчето имат обесени сите дарови шчо му пратила момата. Им давает да ручает и момчето им целиват р’ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играјет оро така, шчо три п’ти излегвет надвор од вратата и влегвет натре. Това се каже руба.

Замес. Три дни пред свадбата, в чеврток рано, месвет у момчето две погачи; една за момата друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесвет три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ќе засеат брашно и ќе го соберат наедно. Мало дете шчо имат татко и мајка клават сољ и вода; и со дрвце кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка прво смешвит брашното и водата; а момите после го замесват. После кревает детето на р’це, а детето три п’ти ќе удрит со дрвцето на греди и три п’ти ќе речит: „Момок и мома“. – Това се велит замес.

Истиот ден момите прават фруглицата (бајрак), која је трска на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка облечена во момчеви руби, со м’шки фес на глава, фаштат на орото другите моми и водит танец, држеешчем фруглицата.

Вечерта еден ковчег, во кој клавает бамбаќерно семе ј’чмен и три јаболка, го испрашчает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата кога одеет за невеста; побратимите), кои, како г’ однесат седват на него. По малу идет момата, им целуват р’ка и ги даруват по риза, а тије је предавает ковчегот и се врашчает. По ними момчевиот татко со два-троица земат погачата, шчо месиха раното, и која је врзана крстообразно со црвена коприна и настреде имат цело и ходит у момата. Тамо им давает да јадет, и таткото скршвит погачата на виненото грне. После ќе се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи).

Истиот вечер седум-осуммина од родината момчева земает каниска (јастје со кое канат) и погачата што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гошчавает и ноќта се врашчает назад.

Петок. По ручег се берат у момата нејѕини сродници, невести и моми за да ја плетат. Се собирает околу неа и прво кладват мало дете шчо имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешљат, а момите ќе ја исчешљает и ќе ја доплетат со песни. Кога тие ќе свршет, момата им целуват р’ка и си клават на глава фесот и шамијата (шчо је беше дал момчето на големиот армас); а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ќе носит у момчето, стоит в одајата обесена.

Во тој ден у момчето вие карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Најодзади фругличарите ходат у момата да кажат че во недеља имает свадба. Невестата ги даруват по риза.

Собота. Неколцина се берат у момчето за да закољат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пеат песни; и дури да го одерат и суредат, не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите шчо беа ги каниле во петокот, а кумот не. Како ќе кладат вечера на гостите, фругличарите се врашчает у момата, к’де еднакво служат и од к’де не может да се вратет без повелање од моминиот татко.

Свадбени песни од Кукуш

Излегла је невеста

(Кога невестата се клањат у кумот)

Излегла је невестата

од утрина во недеља

да си мете рамни дворје,

дворје мете, солѕи роне.

Изметила, исчистила,

та застана проти слонце,

спроти слонце од протива,

со слонцето си зборува:

„Еј ти слонце, лепо слонце!

Ти си греиш на високо,

ти си гледаш на далеку,

на далеку на широко,

нели виде мојата мајка,

мојата мајка, мојот тејко,

и моите до два брата,

до два брата два близнака,

и моите до две снахи,

до две снахи и две сестри?

Слонцето и проговара:

„Еј невесто црнооко!

Вчера от там поминах,

твојата мајка колак месе,

твојте браќа коња седлат,

твојте снахи вино точат,

твојте сестри венци виат,

ќе си ходат за невеста.“

К’де ќе одиш наша друшко

Кога невестата иставајет од дома је

„К’де ќе ходиш наша друшко!

Кому мајка ќе оставиш?

Кому тејко ќе оставиш?

Та и твојте брата?“-

„Оставам, ќе ги нар’чам,

на градина рамн’ босиљок.“

Сон го краде лудо младо

Кога зетот ручат у невестата

Сон го краде лудо младо,

сон му краде црни очи,

а не може да заспие!-

Донесејте шарен бардак,

шарен бардак студна вода.-

Донесоха шарен бардак

шарен бардак, студна вода,

нема вода да заспие! –

Донесејте лоза с грозје! –

Донесоха лоза с грозје,

нема лудо да заспие. –

Донесејте благи јаболка!

Донесоха благи јаболка,

нема лудо да заспие. –

Донесејте шарен јорган!-

Донесоха шарен јорган,

нема лудо да заспие! –

Донесејте мала мома! –

Донесоха мала мома,

тога лудо је заспало.

Од зборникот на Миладиновци.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top