Култура и туризам

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ ВО 1996 И 1997 ГОДИНА (47)

1226

1226

ДВАЕСЕТ И ОСМОТО И ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО РИМ И ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЕЛВАНГЕЛ

Во 1996 година црковната делегација беше во состав: Митропоитот Дебарско-кичевски Тимотеј, свештеник Зоран Данев и протоѓаконот Ратомир Гроздановски. Предводник на државната делегација беше и тогашниот претседател на Собранието г-динот Тито Петковски. На специјална аудиенција во папската библиотека, македонската делегација беше примена од папата Јован Павле II, кој прочита и поздравен говор на француски јазик. Особен интерес папата покажал за делото и култот на светите Климент и Наум во Македонија.

Наредниот ден, на 24 мај, на гробот на свети Кирил Солунски митрополитот Тимотеј чиноначалствуваше со молебенот, по што државната делегација положи венец. Црковната делегација оваа година оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Ватикан, како што беше средбата со кардиналот Содана, со отецот Јозеф Мај од Советот за единство на христијаните, епископот Пјер Дипре, отецот Јиржи Весели од Ватиканскиот универзитет Анџеликум. Црковната делегација ја посети и библиотеката на најголемиот католички универзитет Грегоријана.

На 1 јуни 1996 година во градот Елванген во Германија каде што свети Методиј бил затворен од 870 до 873 година, беше одбележан Денот на светите Кирил и Методиј. По свечената богослужба во чест на Браќата, присутниот Архиепископ и поглавар на МПЦ – господин, господин Михаил, со митрополитите господин Кирил, господин Горазд и протоѓаконот Александар Цандовски, одржаа беседа за грандиозното дело на Светите Браќа. Црковната делегација изврши молебен, а делегацијата на Владата на Р. Македонија беше предводена од министерката Софија Тодорова и Славе Николовски-Кати, потпретседател на Републичката комисијата за односи со верските заедници. Пред спомен-плочата беа положени венци, посебни од амбасадорот на Р. Македонија г-дин Срѓан Керим во Германија .

По беседата на поглаварот Господин, Господин Михаил, беше осветена спомен-плочата со ликот на свети Методиј, изработена во бакар и бронза од скулпторот Боро Митриќески, на ѕидот од манастирот каде што бил затечен свети Методија. На банкетот во нивна чест слово одржа господинот Буке, заменик-градоначалник на градот Елванген.

1227

Од издавачката дејност: 

Илија Велев: Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје 1996.

Илија Велев: Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје 1996.

Вера Стојчевска-Антиќ: Апокрифи, Табернакул, Скопје 1996.

Илинка Дракулевска-Грубовиќ, Славе Николовски-Катин и Никола Јордановски: English-Macedonian Veterinary Dictionary Англиско-македонски ветеринарен речник, „Матица македонска“,  Скопје, 1996, 1-296, (на англиски и македонски).

Славе Николовски – Катин: Македонски иселенички паноптикум, Друштво за наука и уметност, Битола, 1996, 1-296

ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ  ГРАД РИМ – 1997

Дваесет и деветтото поклонение во вечниот Рим се оддржа во годината кога МПЦ одбележуваше 30 години автокефалност. Црковната делегација беше предводена од Архиепископот Охридки и македонски г.г. Михаил, кого го придружуваа митрополитот кумановско – полошки Кирил, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, протојерејот Стојко Ристевски и протоѓаконот Ратомир Грозданоски.

Во државно-црковната делегација беа вклучени и Скопскопризренскиот бискуп д-р Јоаким Хербут, министерот за култура г-дин Слободан Унковски и потпретседателот на Републичката комисија за односи со верските заедници Славе Николовски-Катин.

Архиепископот Михаил, во присуство на голем број верници, се поклони на светите мошти и отслужи молебен на гробот на свети Кирил Солунски. Веднаш потоа одржа вдахновено празнична слово за светителот, што беше проследено со големо внимание и интерес од присутните, особено од новинарите кои цитираа делови од словото во медиумите.

Откако се поклони, делегацијата оствари и повеќе средби со видни личности и институции на Ватикан, како и со папата Јован Павле. На средбата, папата беше информиран за поставувањето на камен-темелникот на римокатоличката црква „Св. Кирил и Методи“ј во Охрид и, по тој повод, му беше упатена покана да ја посети Македонија. Црковната делегација оствари средба и со кардиналот Ечегариј.

Од издавачката дејност: 

Илија Велев (со коавтори): Македонски скрипторски центри IX-XV/11век, Скопје 1997. 

Илија Велев: Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје 1997.

Илија Велев: Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература, Култура, Скопје 1997.

1228

Вера Стојчевска-Антиќ: Свети Климент Охридски, Епоха, Скопје 1997.

Фиданка Танаскова, Славе Николовски-Катин: Македонски клуб Илинден 1903 во Хамбург (1978-1998),  „Македонска искра“ – Скопје, 1997, 1-86 (на македонски).

Петко Златевски, Славе Николовски–Катин: Библиски речник, Библиско здружение на Македонија и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215 (на македонски).

Славе Николовски-Катин: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и германски, „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. 

Славе Николовски-Катин:Речник во слики – Ајде да учиме англиски и француски,  „Македонска искра“, Скопје, 1997, 104. 

Продолжува 

1slave Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top