Историја

Лозарско движење во Македонија

mlada-makedonska-knizevna-druzina

mlada-makedonska-knizevna-druzina

Членовите на Млада македонска книжевна дружина биле познати под името Лозари. Меѓу нив се и имињата на: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Петар Попарсов, Иван Хаџи Николов, Коста Шахов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев, Христо Попкоцев, Александар Караѓулев, Ѓорѓи Белев, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Наум Туфекчиев, Војдан Чернодрински и други.

Во јануари 1892 година Младата македонска книжовна дружина го објавува првиот број на својот орган Лоза и по неговото име целото движење го добива називот лозари. Најголемите имиња на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век биле членови или соработници на оваа Дружина.

Mlada druzina
Уставот на Младата македонска книжовна дружина

Лозарско движење – теророт во Бугарија против политичките непријатели и Македонцитево 19 век посебно бил засилен во времето на бугарскиот премиер Стефан Стамболов. За настаните од времето на неговото владеење, во 1902 година сведочи непотпишаниот Коста Шахов во весникот Македонија.

Во продолжение е опишано и растурањето на Македонското благотворно друштво, како и забраната за одржување митинг на Македонците во Софија. Несудениот организатор на овој митинг бил уапсен и интерниран.

Токму во тоа време група млади македонски интелектуалци во Софија формирале асоцијација што ја нарекле Млада македонска книжевна дружина. Оваа Дружина почнала да го издава списанието „Лоза“. Меѓутоа, и нивната работа била запрена од страна на експонентите на Стамболовата влада.

Бугарската влада ја уништила Младата македонска книжевна дружина во Софија, под изговор дека нејзините членови биле македонски сепаратисти. За теророт на бугарскиот премиер Стамболов против Македонците, Коста Шахов пишувал и во 1905 и во 1910 година.

Spisanie loza
Списание „Лоза“

Некои членови или симпатизери на лозарите (Коста Шахов, Петар Попарсов, Даме Груев, Крсте Петков Мисирков) изјавиле дека лозарите имале двојна програма – една за пред бугарската јавност, а другата – за пред нивните истомисленици.

Ист е случајот и со Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Таму и денес се` уште е забранета јавната употреба на етничкиот термин Македонци. Македонците ги потенцираат своите национални разлики во однос на Грците, во замена за терминот Македонци, за себе го употребуваат компромисниот и маскирен термин ендопи (што значи: тукашни, овдешни).

И лозарите не смееле директно да го употребуваат терминот Македонци во национална смисла (а слично е дури и денес во Бугарија), па надевајќи се дека нема да имаат проблеми со тогашната бугарска влада (која тогаш ги прогонувала Македонците), го користеле главно компромисниот и маскирен термин македонски Бугари, иако содржините на нивните статии биле со чиста македонска национална ориентација.

Денешниот бугарски став тврди дека националното чувство на лозарите било бугарско, а како доказ за ова тие го приложуваат фактот што во некои од текстовите на самото списание „Лоза“ се спомнуваат и македонски Бугари, дека лозарите зборуваат за јазикот во македонските Словени како за бугарски јазик. Лозарите се залагале во литературниот бугарски јазик да бидат вклучени колку што се може повеќе зборови од Македониjа и од западните делови на Бугариjа. Некои бугарски автори (Коста Црнушанов и други) додават и целосната деjност како Македонски Бугари на голем дел од лозарите – Андреј Љапчев од Ресен (бугарски премиер и дипломат), Тома Карајовов од Скопје, Георги Баласчев од Охрид, Христо Матов од Струга, Христо Поп Коцев од Штип, Ѓорѓи Белев од Охрид и други за кои се смета дека бугарското им чувство е докажано.

Авторите од Република Македонија ги земаат предвид веќе спомнативе услови во Бугарија, во кои било објавено списанието „Лоза“. Тоа е време на терор против Македонците од страна на бугарската влада на Стефан Стамболов. Македонците се прогонувани, апсени, интернирани и се забранувани сите нивни национални манифестации и други слични изблици на организирање. Во такви услови, оние Македонци што сакале да објавуваат статии за Македонија, единствено можеле да го прават тоа преку користењето на компромисниот термин – македонски Бугари.

Компаративен преглед со друштво Вардар, Наш Весник и весник Неологос

Во времето на големосрпската окупација на Македонија, во кралска Југославија во 1935 година, Македонците студенти во Загреб формирале свое друштво Вардар. Во рамките на ова Друштво по две години тие објавиле весник под наслов Наш весник. Во него биле објавени текстови и други прилози што исклучиво се однесувале за Македонија и за Македонците.

Автори биле тогашните истакнати македонски национални дејци: Кочо Рацин, Никола Ѓумуров, Христо Попсимов, Лазар Личеноски, Димитар Ѓузелов, Александар Линин и други. Меѓутоа, поради добро познатите причини, во ниту една од статиите не се спомнати термините: Македонија, Македонци, македонски народ и слично. Тоа е сосема разбирливо, ако се знае дека тоа е времето кога во Југославија беснеел најстрашниот терор против Македонците. Тоа е времето од само неколку години по убиството на кралот Александар, кога секакво спомнување на овие термини можело да има сериозни последици врз авторот. Затоа, во замена за термините Македонија, македонски народ и слично, во овие статии се употребени компромисните термини: Повардарие, повардарци, повардарски и слично. Дури и повеќето текстови се напишани на чист српски јазик (освен неколкуте лични и народни творби). Сепак, и покрај ваквото компромисно и маскирно детерминирање на Македонците, и покрај српскиот јазик во статиите, Наш Весник веднаш бил забранетод страна на големосрпскиот режим и тоа веднаш по излегувањето на првиот број.

Грчкиот весник „Неологос“ дозволувал на своите страници да објавуваат статии и Македонци, кои под псевдоними, од аспект на македонската национална идеја, ја напаѓале големобугарската пропаганда. Такви биле учителот Гаврил Баев од Охрид (кој објавувал под псевдонимот Пелагон) и учителот Димитар Сакелариев од Ресен (кој објавувал под псевдонимот Македон). Учителот Баев (под псевдонимот Пелагон) во следниот број на „Неологос“ во статијата под наслов Шовинистот Шопов, реплицирал на редакторот на бугарскиот егзархиски орган Атанас Шопов.

Лозарите, повардарците и авторите од Неологос:

  • објавувале весници, во кои авторите на статиите се потпишувале со псевдоними.
  • максимално ја избегнувале употребата на термините Македонци, Македонија, македонски народ и слично.
  • користеле маскирни термини (Македонски Бугари, Повардарци, Словеномакедонци и слично),
  • темите и содржината на написите ги поврзувале исклучиво за Македонија и за националните проблеми на Македонците.

На лозарите (како и подоцна на вардарците во Загреб) не им помогнало ниту маскирното обележување како македонски Бугари, бидејќи набргу списанието им било забрането. Некои од лозарите биле уапсени, други биле избркани, а трети интернирани. Дружината им била забранета од страна на бугарската влада. Подоцна некои од нив се вклучуваат во македонското револуционерно движење, а некои и застануваат по патот на туѓите пропаганди.

  • Освен јавниот пробугарски Устав, постоел и Таен устав на лозарите, со промакедонски ставови, што бил однесен да се печати во Романија, но за несреќа изгорел заедно со печатницата каде што требало да се отпечати.
  • Лозарите барале реставрација на античка Македонија.

Податоци за идеологијата на лозарите

За македонската национална дејност на лозарите сведочи и тогашниот бугарски официјален весник „Свобода“ и на 13 април 1892 година бугарскиот публицист Димитар Левов ги нападнал лозаритеД.Т.Левов, Лоза, СлободаVI/786, Софија13.04.1892, 3.

На бугарскиот напад врз лозарите, на 29 април 1892, реагирал и грчкиот весник Неологос, кој излегувал во Цариград.

Еден од уапсените основоположници на лозарството во Бугарија бил и Даме Груев. Во своите Спомени, тој пишал во врска со овој период од неговата дејност.

Дел од спомените на Даме Груев се објавени, но таму веднаш паѓа в очи дека недостасува делот за апсењето на Груев во Софија, иако таму цитираниот дел од „Спомените“ е речиси идентичен со овој што овде го предаваме. За лозарите пишувал и Ѓорче Петров.

За лозарите пишувал и Крсте Петков Мисирков, во својата книга За македонцките работи.

Од списанието „Лоза“ успеале да излезат само шест броеви (од кои едниот бил двоброј). Подоцна бугарската влада ја растура Младата македонска книжовна дружина, а списанието „Лоза“ го забранува. Под влијание на лозарите, подоцна (1894) Петар Попарсов објавува брошура што всушност претставува неофицијална програма на веќе формираната Македонска револуционерна организација,во која уште пожестоко ја критикува бугарската пропаганда и Бугарската егзархија

Александар Караѓулев беше осуден на смрт во монтиран судски процесза атентатот врз министерот Христо Белчев и казнуван на 15 јули 1892 во Софија, каде во затворот ја напишал познатата македонска патриотска песна Послушајте патриоти.

Периодот на лозарите одиграл значајна улога во развитокот на македонската национална мисла на крајот од 19 век и подоцна.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top