Култура и туризам

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1998, 1999 И 2001 ГОДИНА (48)

1svet220

1svet220

ТРИЕСЕТТОТО, ТРИЕСЕТ И ПРВОТО И ТРИЕСЕТ И ТРЕТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ 

И во 1998 година, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил”, Македонската православна црква испрати своја делегација во Рим, за поклонение на гробот на светителот. Делегацијата ја сочинуваа: митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Брегалнички г. Стефан, протојерејот Ефтим Бетински и протоѓаконот Димче Миланов.

Државната делегација оваа година беше предводена од премиерот г-дин Бранко Црвенковски, а од Католичката црква во Македонија учествуваа бискупот Јоаким Хербут и отец Анте Церимотиќ. Најнапред делегацијата беше примена од папата Јован Павле Втори и на таа средба, освен за делото на свети Кирил и Методиј и нивните ученици, стана збор и за актуелни теми во Македонија, и особено за МПЦ.

Прием за македонската делегација организираше и кардиналот Анџела Содана. Беше остварена и посета на Хрватскиот колеџ „Свети Ероним”. Претставниците на Македонската православна црква имаа срдечни разговори со великодостојници во Советот за единство на христијаните во Рим, секретарот бискупот Пјер Дипре, бискупот Перисе и отецот Јозеф Мај.

Овогодишната посета на Рим ја одбележа и работниот ручек на кој двајцата македонски митрополити се сретнаа со кардиналот Роже Ечегерај, претседател на Ватиканскиот оддел за Правда и мир, а на средбата присуствуваа и г-дин Владо Наумовски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници, како и амбасадорот на Република Македонија при Светата столица.

На централниот настан на патувањето што се случува во базиликата „Свети Климент” во Рим, беше отслужен молебен, на кој пригодна беседа одржа митрополитот Стефан, а со молитвени песни учествуваше и хорот „Русикум“. Покрај македонската делегација, беа присутни и голем број видни личности од Ватикан: отец Јозеф Мај, отец Тамаш Шпидлик од Институтот „Ориентале”, отец Ричард Чемус, професор на институтот „Грегоријана”, доминикански отци од базиликата, фрањевскиот отец Леонардо Орач и др.

1svet221Во црквата Свети Клементе

Од издавачката дејност: 

Зденка Рибарова и Зоја Хаупатова: Григоровичов паримејник, МАНУ, Скопје 1998.

Мито Аргировски: Грцизмите во македонскиот јазик, Скопје 1998.

Славе Николовски-Катин и Илмие Шабан: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на турски јазик) -„Македонска искра“, Скопје, 1998, 104.  

Славе Николовски-Катин и Лирие Реџепи: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на албански јазик) – „Македонска искра“, Скопје, 1998,104. 

Славе Николовски-Катин и Захарица Порчу: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски,(на влашки јазик) – „Македонска искра“, Скопје, 1998,104.  

Славе Николовски-Катин и Љатив Мефаилескоро Демири: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на ромски јазик) -„Македонска искра“, Скопје, 1998,  104. 

ТРИЕСЕТ И ПРВОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1999 

Цковната делегација оваа година беше составена од митропоитот Дебарско-кичевски Тимотеј, митрополитот Брегалнички Стефан, архимандритот Нектариј и протоѓаконот Димитар Белчовски. Државната делегација, пак, ја предводеше премиерот Љубчо Георгиевски, кого го придружуваа Александар Димитров и Димитар Димитров. Двете делегации, како и претходните години, одржаа заедничка средба кај папата Јован Павле. Средбата беше срдечна и во атмосфера на пријателство, при што на папата му беше упатена усна покана да ја посети Македонија.

Вториот значаен прием беше во Комисијата за единство на христијаните, каде беше разговарано за состојбата во Македонија. Тоа беше година на косовските немири што во Македонија се одразија преку бегалската криза и на овие разговори во Ватикан нашата делегација беше запознаена со хуманитарните активности на Римокатоличката црква во врска со кризата.

1svet222Колосеумот во Рим

На 6 јули 1999 година почина Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Михаил. Во Република Македонија беше прогласена тридневна жалост.

На 9 и 10 октомври 1999 година, во Охрид беше избран поглаварот на Македонската православна црква – Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Од издавачката дејност: 

Вангелија Десподова: Старословенско-македонски речник (редактор и соработници), Матица македонска, Скопје 1999.

Емилија Црвенковска: Загребскиот Триод, Институт за македонски јазик, Скопје 1999.

Славе Николовски-Катин: Иселенички хоризонти, „Македонска искра“, Скопје, 1999, 1-226 (на македонски).

ТРИЕСЕТ И ТРЕТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ  ГРАД РИМ – 2001 

Оваа година црковната делегација на чествувањето на свети Кирил во Рим ја сочинуваа митрополитите Тимотеј и Агатангел, протоерејот-ставрофор Љупчо Двојаковски и протоѓаконот Ратомир Грозданоски. Предводник на државната делегација беше претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Стојан Андов.

На молебенот беа присутни и видни претставници од неколку ватикански институции, претставникот на Советот за единство на христијаните, ректорот на „Русикум”, ректорот на хрватскиот колеџ, итн.

Празникот на светите словенски браќа годинава се совпадна со прославувањето на Спасовден, Вознесението Христово. Беседа произнесе митрополитот Тимотеј. Македонската делегација беше примена на кратка средба кај папата Јован Павле Втори.

Од издавачката дејност: 

Маја Јакимовска-Тошиќ: Македонската книжевност во XV век, Институт за македонска литература, Скопје 2001.

Георги Георгиевски: Македонистички студии, Скопје 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Од македонското книжевно минато, Скопје, 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Македонска книжевна традиција, Скопје 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Палеографски албум, т. I, Словенски ракописи во Македонија, Скопје 2001.

Илија Велев: Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје 2001.

Славе Николовски-Катин: Монографија за Андреа Бранов од Австралија, „Македонска искра“, Скопје, 2001, 1-222, (на македонски и англиски).

Славе Николовски-Катин: Моите патувања низ светот, „Македонска искра“ – Скопје, 2001, 1-192 (на македонски).

Продолжува  

1slave Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top