На прво место

Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки насочени кон зајакнување на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста, при што посебен акцент е ставен на младите и нивното активно вклучување на пазарот на трудот.

Преку Оперативниот план за вработување за 2026 година се предвидени мерки и програми што треба да придонесат за отворање на илјадници нови работни места, поддршка на претприемништвото и развој на работната сила. Планот опфаќа над 10.000 лица, а за неговата реализација се обезбедени речиси 40 милиони евра.

Една од клучните мерки е програмата „Самовработување – претприемништво“, преку која се очекува отворање на повеќе од 2.000 нови работни места. Дополнително, со мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ ќе се овозможи вработување на над 1.500 лица. Со овие две мерки директно ќе бидат поддржани повеќе од 3.500 граѓани.

Посебен фокус е ставен на младите како двигател на економскиот развој. Оперативниот план за 2026 година предвидува програми за самовработување, практикантство, обуки и активности за зголемување на конкурентноста и вештините на младата работна сила, со цел создавање долгорочни ефекти врз пазарот на трудот.

Во рамки на планот е предвидена и стимулација за вработување на млади лица во производните капацитети. Околу 3.500 млади до 23-годишна возраст ќе добиваат младински додаток во висина од 3.000 денари месечно, што претставува дополнителен поттик за нивно вклучување во работниот процес.

Минатата година за првпат беа воведени мерки што директно ги таргетираат младите, што претставува значаен чекор во справувањето со младинската невработеност. Резултатите од Програмата за самовработување, преку која беа отворени околу 2.200 нови деловни субјекти, покажуваат дека ваквиот пристап дава конкретни резултати во поттикнувањето на претприемништвото и економската активност.

Според предвидувањата, околу 6.000 млади лица до 29-годишна возраст ќе бидат опфатени со мерките од Оперативниот план за 2026 година. Со тоа Владата продолжува да ја реализира својата политика за создавање поактивен, поконкурентен и поинклузивен пазар на труд.

Целта на овие политики е не само намалување на невработеноста, туку и создавање услови за подобар животен стандард, економска стабилност и задржување на младите во Македонија преку обезбедување нови можности за работа и професионален развој.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top