Култура и туризам

КНИГАТА „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ НА ГРЧКИ ЈАЗИК ЌЕ СЕ ШИРИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

12a346

12a346

Под покровителство и организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков, а во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, неодамна излезе од печат книгата „ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата е објавена и на англиски и на грчки јазик. Нејзината грчка верзија во електронска форма масовно и бесплатно ќе се шири среде Македоцните низ егејскиот дел на Македонија кои, поради познати причини, зборуваат македонски, но читаат на  грчки.      

Во книгата од Алексанар Донски на едноставен начин концизно се објаснети сите клучни прашања од етногенезата на Македонците и историјата на Македонија и тоа:

– Дека античките Македонци не биле никакви Грци! Наспроти тврдењата на грчката пропаганда и историографија за нивното „грчко потекло“, во книгата се објавени сведоштва од десетици  антички автори  кои тврделе дека античките Македонци не биле никакви Грци (Хелени).

– Дека таканаречената „Грчка митологија“ воопшто не била грчка, туку содржелаелементи од различни култури и истории. И  Таткото на историјата Херодот напишал дека речиси ниту едно од божествата на Грците не било грчко (цитат): „Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие дознаа од Либијците, кои отсеко­гаш го славеа.”

– Дека денешните Македонци во најголема мера се потомци и на античките Македонци. Освен ДНК анализите (кои се неприкосновени), во книгата се објавени уште многу други докази во прилог на оваа вистина, како што се споредбите помеѓу фолклорните сегменти помеѓу античките и денешните Македонци (кои целосно се поклопуваат). Сето тоа е во детали објаснето). За ова сведочеле и странски патеписци, па така во врска со етничката свест кај Македонците од егејскиот дел на Македонија (конкретно кај родот Пуливаковци), босанскиот фолклорист Стефан Верковиќ во средината на XIX век запишал (цитат): „Кај родот Пуливаковци постои предание дека се чисти Македонци и по­томци на Александар Велики.”

– Дека постојат бројни сведоштва за грчкиот терор против Македонците уште од навлегувањето на грчките војски во Македонија во 1912 година, па се до 1950-те години на ХХ век. Сите овие потресни сведоштва, преку оваа книга, за прв пат ќе бидат пошироко претставени пред денешните Македонци, но и Грци, во егејскиот дел на Македонија!

Во книгата Донски претставува и краток осврт на најзначајните настани и личности од историјата на Македонија уште од античко време, па до денес.

Книгата на англиски ќе биде бесплатно делена на странски субјекти кои работат во Република Македонија или ја посетуваат, а секако дека можат да ја набават и нашите заинтересирани иселеници.

12a347

За очекувањата од оваа книга Александар Донски вели:

„Во последно време македонската национална свест засилено се буди среде Македонците во егејскиот дел на Македонија, но тие како да се оставени сами на себе. Додека голем дел од Македонците овде, но и во дијаспората, времето го минуваат во бескрајни меѓусебни кавги и расправии, нашите сонародници во егејскиот дел на Македонија жилаво се борат за својата егзистенција. Ова засега главно се манифестира преку отвореното експонирање на македонскиот фолклор и јазик на јавните собири. Но, ним им се потребни барем најосновни историски познавања затоа што спорот што го имаме со грчките националисти е од историска природа. Неодбранливите аргументи што ги нуди книгата на своите стотина страници претставуваат силно оружје кое ќе ја засили Македонската преродба во егејскиот дел на Македонија. Книгата ќе послужи и како информативно четиво за чесните и добронамерни Грци, но и странци. Упатувам јавна благодарност до сите патриоти кои помогнаа во реализирањето на оваа книга од Македонија, Австралија, САД, Велика Британија, Унгарија и Швајцарија, чии имиња се спомнати и остануваат овековечени во сите три верзии од книгата и кои за вложените средства ќе добијат соодветен број примероци од книгата“.

12a345

Александар Донски: Почнува новата преродба во егејскиот дел на Македонија!

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top