На прво место

Филипче вели подготвени сме, Зајкова вели не е време – кој ја кажува вистината?

Кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека наскоро се можни предвремени парламентарни избори, од опозицискиот табор веднаш почнаа да пристигнуваат сигнали дека таквото сценарио не им одговара.

Иако лидерот на СДС, Венко Филипче уверуваше дека неговата партија е подготвена за изборно соочување во секој момент, денес од редовите на неговите коалициски партнери се слуша сосема поинаква порака – дека не е време за избори.

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, порача дека предвремени избори не се во игра и дека не постојат услови за такво сценарио.

Се поставува логично прашање: ако СДС навистина е подготвена за избори, тогаш зошто нивниот коалициски партнер испраќа пораки дека не е време за изборно соочување?

Дали Зајкова зборува само во име на ЛДП или всушност ја соопштува вистинската позиција на поширокиот опозициски блок?

Дали зад јавните настапи на Филипче и неговите тврдења за подготвеност се крие сосема поинаква реалност? Бидејќи едно е да се зборува за избори пред камерите, а друго е навистина да се биде подготвен за нив.

Особено ако се има предвид дека повеќето анкети во изминатиот период покажуваат значителна предност на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа впечатокот е дека СДС сака да остави слика на самоуверена опозиција, но кога ќе дојде време за конкретно изборно соочување, од нивниот коалициски круг почнуваат да се слушаат повици за трпение, чекање и објаснувања дека „не е вистинскиот момент“.

Политиката не трпи контрадикторности. Не може истовремено да се тврди дека сте подготвени за избори и преку коалициските партнери да се испраќаат пораки дека изборите не се потребни.

Ако Филипче навистина верува дека СДС е подготвена, тогаш треба јасно да каже дали се согласува со ставот на Зајкова или не. Во спротивно, останува впечатокот дека зад гласните повици за изборно соочување се крие страв од реалниот суд на граѓаните.

На крајот, прашањето не е дали има услови за избори. Прашањето е дали СДС и нивните коалициски партнери имаат доволно доверба во сопствените политики за повторно да излезат пред народот и да побараат нов мандат.

Во македонската политичка историја опозицијата речиси секогаш барала предвремени избори кога сметала дека власта е слаба и кога верувала дека има поддршка кај граѓаните. Затоа изјавите дека „не е време за избори“ звучат необично токму кога доаѓаат од политички субјекти кои претендираат да бидат алтернатива на актуелната власт.

Токму затоа денес дилемата не е дали Владата има легитимитет. Таа дилема беше решена на изборите. Вистинската дилема е дали опозицијата има доволно храброст и самодоверба повторно да се соочи со граѓаните.

А кога опозицијата почнува да објаснува зошто не треба да има избори, тогаш можеби најголемиот одговор веќе е даден.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

23 Октомври – завет што нè обединува, Македонија што нè обврзува! Постојат датуми што ги запишуваме во календарот и датуми што ги носиме во срцето. За македонскиот народ, 23 Октомври е завет: да ја сакаме татковината, да го чуваме своето и никогаш да не ја заборавиме цената на слободата. На 23 октомври 1893 година, во […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top