Историја

Во 1903 г. Германија бара од Турција брзо справување со македонската револуција“

CampamentoOtomano

CampamentoOtomano

Масовноста, ширината и силината со која избувнало востанието на македонскиот народ на 2 август 1903 година, на ден Илинден, претставувале вистинско изненадување како за домашната така и за надворешната јавност. Пред се тоа било изненадување за самата турската власт, која иако добро информирана за дејноста и намерите на Внатрешната организација, сепак не очекувала дека востанието ќе добие такви диммензии и таква ширина во кое ќе земе учество поробениот македонски народ со огромно воодушевување. Ваквиот масовност на населението ќе го изненади и самото раководство на Македонската револуционерна организација.

Истовремено, Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои сметале дека имаат право на наследството од Османската империја. На пример, за Австро-Унгарија и царска Русија, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи востанието можело да го наруши воспоставениот статус-кво на Балканот. Двете големи сили, при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз Османската империја, особено се залагале да не дозволат некој друг да им го наруши тоа право.. Со строго дозирани подобрувања во Македонија, тие се обидувале да се спречат секакви можни радикални решенија што би ги прејидицирале нивните намери. Тргнувајќи од своите цели, во февруари 1903 година, уште пред да започне востанието,  тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја.

Сериозно загрижени од неочекуваниот развој на востанието, а уште повеќе и од резултатите што тоа ги постигнало со ослободувањето на Крушево, Невеска и Клисура, како и со создавањето на слободни територии во разните делови на Македонија, тогашните големи сили превземаат широка дипломатска активност и ја притискаат Турција да превземе решителни чекори за загушување на востанието.

Соочена со закана на големите сили, турската власт за да се справи со  востаниците и можните неочекувани последици, извршила концентрација на огромна војска во Македонија. За задушување на востанието турската армија ангажирала 167.000 пешадија, 3.700 коњаници и 444 топови. Таа имала задача систематски и безобѕирно да ги изолира сите жаришта на востанието.

Само за угушување  на востанието во Битолскиот округ, односно за напад на ослободеното Крушево и Крушевската република била испратена 20 илијадна армија на чело со Бахтијар паша. Против него застанале 1.200 востаници, готови до еден да ги положат животите во одбрана на Републиката. Односот на вооружените сили, несметајќи го голоракиот народ,  бил 1 према 20, што преведено со денешен речник, турската армија за завземање на Крушево и унишување на Крушевската република употребила несразмерна сила.

По завземањето на Крушево, турската војска со тешки борби систематски ги ликвидирала и другите востанички центри. Два и пол месеци на територијата на Македонија се водела жестока војна меѓу востанатиот голорак македонски народ и до заби вооружената турска војска. Светот бил свидетел на едно жестоко самоубиствено судрување, во кое македонскиот народ со нечуена храброст се обидел сам со свои сопствени сили, да го симне вековното турско ропство, да си извојува право на свој сопствен слободен живот.

За овој обид, за својата очајничка храброст македонскиот народ, со амин на големите сили бил подложен на тешки масакрирања. Настрадале 201 населено место, биле изгорени 12.400 куќи, 70.836 лица останале без покрив над главата, над 30.000 лица избегале, 8.816 лица биле убиенн. Тоа бил крвавиот данок на револуцијата и лицемерието на Европа.

Дека Илинденското востание и текот на „македонската револуција”, како ја нарекуваа, ги принуди некои од големите сили, преку демарши да и сугерираат на Портата, а и директно да му се заканат на Султанот, за да се воспостави ред по секоја цена зборуваат доказите . Токму за ваков демарш на Германија се говори во овој извештај на баронот Фон Маршал, германски амбасадор во Цариград, испратен до Министерството за надворешни работи( Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, – Die Grosse Politik. Band 18. Berlin 1924, Ѕ. 341 – 343.).

Во дешифрираниот телеграма бр.525 од 28 август 1903 година, Баронот фон Маршал во својот извештај ќе напише:

„По денешниов Селамлик(церемонија при одењето на Султанот на молитва.), имав два часа разговор со султанот. Јас му реков, сообразно со усно дадениот возвишен налог, дека Неговото Величество Царот може да даде добронамерен совет во оваа критична ситуација; со сета енергија да се смири Румелија (се мисли на Македонија).Одржувањето на редот и мирот, како и уништувањето на револуцијата би била првата задача на една монархиска влада. Долгото траење на македонската револуција (орг.Der mazedonischen Revolution) ја крие вистинската опасност за… Турција. Се надоврзав и кажав дека сегашниот воен систем во Румелија е сосем погрешен. Недостига вистински план, единство на акција и секаква иницијатива. Заповедниците чекаа на иницијатива од страна на непријателот и, место са дејствуваат на своја одговорност, чекаа наредба од Дворот. Под овие услови мораше да страда и армијата, која лошо или воопшто неисхранета не гледаше некаков успех пред себе. Не е можно воените операции да се водат оттука. Неизбежно се појави именувањето на еден врховен командант со најголеми овластувања. Целата одговорност ја носи командантот, а славата на успехот ќе биде добредојдена за султанот.

Султанот ме замоли да му пренесам на Неговото Величество Царот најтопла благодарност на советите, кои без сомневање произлегуваат од пријателството и од правилна оценка на положбата. Тој ќе го следи овој совет и на еден врховен командант ќе му биде (дадено н.з.) полно овластување. Ако воените операции досега немаа успех, тогаш причините имаат политичка основа. Постојано се ширеле и клевети за ставот на неговата војска. Некои амбасадори непрестајно рекламираа за наводни престапи на неговите трупи. Но, во Бугарија, во огништето на востаниците, не се случи ништо успешно од страна на силите. Некој го присилил да го протера еден од своите најспособни генерали, Риза-паша, кој ги завршил студиите во Германија, и покрај тоа што нема никаква вина за смртта на конзулот(Риза паша, валијата на Битола). Бунтовниците се од една флотска демонстрација и секој момент им се давала важност на рекламациите поради неконтролираните инциденти. Овие моменти ги парализираа и им наштетија на операциите. Јас одговорив дека политиката од секогаш била смртен непријател на воениот успех. Само, воениот успех во Румелија ќе биде решавачки. Ако со енергична акција се уништи востанието за четири недели, тогаш султанот не треба да се грижи за лагите што се шират од Софија. Работата ќе биде решена во негова полза. Но, ако не се дејствува, тогаш ќе се зголемат поплаките за држењето на турската војска, воената состојба се повеќе ќе се влоши, а на крајот Европа ќе добие уверување дека турската влада не е во состојба да воспостави мир во Румелија. А тогаш интегритетот на Турција ќе се доведе директно во прашање.

Султанот ја призна точноста на овие аргументи и продолжи со најлоши поплаки против Бугарија. Ги приведе настаните во областа на Одрин, кои биле можни само со соучество на бугарските власти. Јас потоа забележав дека токму тие настани содржеа најостра критика на воениот систем. Во Одрин имале 40.000 луѓе, а командантот без да мрдне со прст дозволи да бидат изгорени и ограбени жителите кои биле оддалечени само неколку километри од нив. Во Германија таков офицер веднаш би бил поставен пред воен суд.

Јас не можев да се одбранам од впечатокот дека овде имаат страв од Бугарија. Овој страв е и неоснован и штетен. Бугарија нема да биде лудо храбра да објави војна, а ако тоа сепак се случи, тогаш Турција нема што да се плаши. Русија и Австрија решија и се согласија со тоа на Балканскиот Полуостров да остане статус-квото. За Австро-Унгарија ова би било витално прашање, а за Русија императивна основа на надворешната и на внатрешната политика која го определува овој став. Султанот може да биде сигурен дека Владата на Неговото Величество Царот не би стоела зад двете царски влади кога би постоело сомневање во тој однос. Ако Турција не би ја исполнила задачата што и се дава, ако грижејќи се за идни евентуалности не се реши за една енергична акција, тогаш на тој начин ќе ги забрза настаните од кое се плаши.

За време на целиот разговор султанот беше милостив и во изненадувачки добро расположение. Ги испитуваше некои од моите аргументи, за да ја побие својата тешка состојба, но, на крајот уште еднаш ми даде сигурност дека ќе ги следи советите.

Во делот од извештајот во која се вели дека: „ако не се дејствува, .. на крајот Европа ќе добие уверување дека турската влада не е во состојба да воспостави мир во Румелија. А тогаш интегритетот на Турција ќе се доведе директно во прашање“, може да се види под каков притисок и закана била изложена Турција и зошто толку крваво турската армија се справувала со востанатиот  македонски народ.

Денес може само да се прашаме каков би бил исходот на Илинденското востание, доколку во 1903 гдина,  Турција наместо да се охрабри, била обвинета за употреба на прекумерна сила и соочена со закана по нејзиниот интегритет доколку продолжи да врши масакри врз невиното македонско населенеие.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top