Култура и туризам

Д-Р. ВЕРА АПОСТОЛОВА – МЕХАНЏИСКА – ЖИВОТHИОТ СОПАТHИК HА БЛАГОЈ (4)

1zivot

1zivot

Бизнисменот, хуманистот и донаторот и, во исто време, човекот кој епосветен на фармакологијата и економијата во Република Македонија и на Балканот, Благој Механџиски и неговата животна сопатничка Вера, испишаа една прекрасна заедничка деловна, лична, семејна, национална и професионална сага долга четириесетина години.

Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот, во нивното заедничко живеење, во кои споделиле и радост и тага, и успеси и падови и многу убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојот, од кои носат прекрасни спомени за еден хармо-ничен и среќен македонски брак.

Семејните корени на д-р Вера Механџиска, родена Апостолова, покојната сопруга на Благој Механџиски се од Пијанец. Поточно, нејзините родители се од Македонска Каменица, а таа е родена во Делчево, како второ дете во семејството Апостолови, по сестра ѝ Надица, педагог, и братот Жарко, адвокат.           

Имено, нејзиниот татко Фиданчо Николов Апостолов – Кантуре (1918-1990) бил роден во Македонска Каменица, а најдолго учителствувал во Македонска Каменица, Делчево и Тработивиште, каде станал учителска легенда. Тој бил познат како вистински народен учителски доајен, којшто со своите етички вредности, мисловно-критички хоризонти, естетски перфекционизми и професионалната делотворност, со својата раскошна човекова природа, со своите карактерни својства кај своите генерации во Делчево и Македонска Каменица останал како пример, почитуван просветен инспектор, просветен советик и уважен граѓанин на општините Делчево и Македонска Каменица.

Фиданчо како учител секогаш покажувал примерни резултати во училиштето надвор од него. Многу ја сакал својата служба и имал голема педагошка љубов кон учениците, при што покажал одлични резултати. Затоа, бил почитуван од учениците, колегите и образовните институ-ции, кои за неговиот успех во работата го наградиле со унапредување во работата со бројни признанија и награди

Мајка ѝ на Вера, Ристена Апостолова, пак, била пример на добра и традицио-нална Македонка, мајка, баба, другарка чувар на семејството. Таа не била образована како Фиданчо, но била мудра природно надарена. Ристена била поддржувачот и, во многу случаи реализаторот на сѐ она што Фиданчо го постигнал во својот живот и дело. Со еден збор, таа била столбот на семејството Апостолови.

1zivot2Делчево

Животната приказна на познатото и признато семејство Апостолови започнала во Македонска Каменица и Делчево, револуционерни гратчиња во кои се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други личности, кои се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња, не само во Пијанец, туку и ширум Македонија.

Вера Механџиска е Македонка родена во Делчево во 04.02.1947 (26.02.2014) година. Та е второ дете во бракот на познатиот пар педагогот Фиданчо Апостолов-Кантуре и домаќинката Ристена. Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години по втората половина на четириесетите години од минатиот век.

По успешното завршување на основ-ното образование во Делчево, Вера се запишала во средно училиште, кое го завршила со успех. Потоа продолжила на Медицинскиот факултет во Скопје, каде успешно го завршила своето виско образование­.

Во тој период се запознала со Благој, кога и пламнале првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што било најава за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1974 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Вера и Благој. Таа година тие го започнале својот заеднички живот и посреќно утре во годините што следеле.

Вера беше благородна личност која со сето свое битие, со душата и срцето беше посветена на своето семејство, на Благој, на ќерќите, на зетовците, но најмногу на внучињата, кои ѝ беа светлата точка и убавината во нејзиниот живот.

Д-р Вера Механџиска беше почитувана, позната и призната Македонка која потекнуваше од македонско патриотско семејство. Во исто време, таа беше почитуван медицински работник, специјалист и, заедно со Благој, најактивните во веледрогеријата „ЗЕГИН“.

Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската медицинска фела, тогаш името и делото на Вера Механџиска е тесно поврзано со активностите и работата на медицински и фармацевтски план. Со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на добриот македонскиот дух и љубов меѓу вработените, семејството и пошироко, меѓу пријателите, другарите, колегите…

Вера не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше актив-на во организирање на различни посети, видувања, другарувања, како и на вече-ринки, пикници, и друг вид македонски собири и дружења. Истовремено, таа беше жената која финансиски помагаше бројни индивидуални личности и институции, на кои им требаше помош, особено на македонските православни цркви во Македонија.

Оваа благородна и прекрасна личност со исклучителни способности и чувства го чуваше како аманет делот од спомените и настаните од нејзините животни врвици, и во детството и во онаа рана младост на битките да се бори и да се успее по секоја цена и кога е најтешко. И, се разбира, вгнездено во долапот на вечноста го чуваше најубавиот период – тоа се долгите брачни години со нејзиниот сопатник Благој.

Колку може да се пишува за таа заедничка идила, за радостите, успесите, тегобните моменти, среќниот углед и статус, и сѐ така од средината на минатиот XX век, и првите децении од XXI век сите години што следеа потоа што им ги дари Бог, да живеат среќни години во новото столетие, заедно со своето семејство, ќерките и најголемата радост внучињата, да им се посвети до крајот на нејзиниот живот.

Нема поблагородна работа од чув-ството да се осветли историската вистина за едно семејство, за еден брачен живот, за една вистински голема и респектирана жена и нејзиното поколение, како што беше д-р Вера Механџиска. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Апостолови и Механџиски и на Вера ја откриваат сликата за судбината на Македонците од биб-лиска Македонија, особено за Македонците од Пијанец и Малеш.  

1zivot3

Вера со Благој                                        

1zivot4

Вера со ќерќите Викторија и Христина

Животната приказна на Вера Механџиска е, истовремено и еден вид сторија и историска вистина на една честита и образована Македонка. Со овој дел во биографијата за нејзиниот животен пат, сублимирано се проектира најновата фаза наисторијата на една скромна докторка. Приказната за Вера и на нејзиното семејство Апостолови и Механџиски е и иста и единствена и слична и идентична иразличнасосудбинските ипатешествија-танабројни Македонци.

Инаку,биографскитеподатоци за Вераи Благој се огледало на нивниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа, со право може да се каже дека со ова дело во кратки црти се проектира еден дел од македонската историја, на македонска жена, сопруга, почитуван родител, на едно скромно македонско семејство, чиј претставник беше д-р Вера Механџиска.

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top