Култура и туризам

Гостивар во минатото : Градот беше многу малав. Се делеше на неколку маала

old-gostivar

old-gostivar

Градот беше многу малав. Се делеше на неколку маала.

Македонско маало,…

Во ова маало ние претежно живеевме Македонци, зато името Македонско маало се викаше. А иначе од двете страни имаме Роми кои сет населени: еден чифлик десно, еден лево.

Кога се населени тие?

Тие сет од време турско. Турците ги носеле као робови да работат за ним, во тоа време. И тиа сет ден денес останати овде, којшто зборат претежно македонски. Иначе градот многу малав беше. Сега е проширен и споен со селата. Рецимо, од една страна со Турчане. Споен е делот со Фазанерија, до Гостивар све е то споено. Од една страна. Од друга страна Бањица, и таа е споена со градов Гостивар. Чајле од друга страна исто така е споено со Гостивар. Ондак, Дебреше се изгради све, скоро до Гостивар е изградено све. И така е градот сега многу зголемен со тиа населби кои сет населени од свите села, поврзани сет со градот.

(Маркоски Димитрија – Митко, 1930)

Да ни кажете како изгледал градот порано.

Во тоа време према мојте години, со доваѓањето од село, четириесет и шеста, летото, се доселивме тука и преку Општината ни дадоа, ни доделија една просторија каде се живееше. Тоа беше негде кај саат кулата, каде џамијата, наспроти во една приземна куќа со две соби, поголеми соби. Имаше едно балконче и одвај едно претсобје. Во едната соба живееја од Маврово. Името му беше Гене, а тоа е дедо на Цобе механичарот. Чичко Гене живееше во едната просторија со неговите синови и ќерки, а во едната просторија, во едната соба живеевме мие. Тука во тоа маало пошто бевме доселени (Саат-маало се викаше).

По маала Гостивар се делеше на повеќе маала. Тоа беше Македонско маало, значи Саат Маало, Џамиџи Маало и Ново Маало. Ново Маало тоа е горе онде делот према Малеарди сега населбата.

(Томислав Стојаноски, 1937).

Гостиварска чаршија

Околу имаше све дуќани, кујни народни, со тенџериња, тепсии земјени, со шта-ја-знам, со огништа, кебапчилници. Имавме и два-три реда касапници бетонски. Туе близу јазот, општината стара туека исто беше.  Дворот постоит и ден денеска. И сее, како што се руши џамијата се напраи туека тој плоштад на Гостивар. Се руши и ке што е „Електро Маврово“, стрезот бивши. Жандармеријата бивша (од Кралевина мислам, не бивша Југославија, Кралевина таа Југославија) постоит реновирана, сет станови. А каршија туе беше амамот бањата на Гостиар, турски остаен, со базен и со тушои и со неколку кади. Дали печес имаше кади? Богами сум одел и ја со жената, ете то. Немало овдека водоводи, мрежи што ја знам  и таке. После се најде еден паметен чоек од Америка, прати не се сеќам, пет илјади долари да се напраит една бања. И тија пари се искористија, се напраи во паркот. Е, тија пари се искористија, се напраја, се слика та бања, му се прати фотографија на тој човек што даде пари.

(ТемелкоСофрониески, 1930)

Иначе Гостивар во тоа време бил негде околу пет-шест илјади жители. Гостивар се делел во пет-шест маала. Тоа маало Бег маало, Сет маало, Џимиџит маало, Ново маало, Македонско и Балиндолско маало. Во Балиндолско маало имало претежно Роми, православни и муслимани живееле, во Балиндолско маало. А во Ново маало Турци, али повеќе Албанци дојдени негде од Дебреше и Врањовце. Тоа време.  Иначе, инаку, Гостивар мешани маалата беа со Македонци и Турци. Претежно Турци и тоа се зборуваше све турски.  Никој албански не знаеше во тоа време, турски знаеја. Инаку во Бивша Југославија во Гостивар првата коцка е напраена триес пета година од куќата на Арсета до слаткарот Целета. И плоштадот првјот. Инаку беше све калдрма, со вардарски камен. Округли камен, не плочасти, така свите улици беа со калдрма.

(СимеТрифуноски,1931)

Иначе чаршијата што викаме, чаршијата куќи што биле со дуќани, негде осумдесет посто беше на Македонци и дваесет посто беше на Турци. Џамиските дуќани, во џамиските дуќани, мислам и Македонци имаа дуќанчиња тука, тија кепенци беа, ко со кепенци дуќани: мали, ниски, мислам, овај, само приземје имаше и Македонци шо и држеја, пошто тиа беа на џамијата, мислам, или како што имаме сега, нели и црквата имат тиа две згради. На пример „Американо“ што држи, касапницата шо е, тоа е на црквата. И џамијата на пример не разликувала: и на Македонците им давала да држат дуќан и Турците држеле дуќан. Сакам да кажам тоа било сопственост на Турците и Македонците отворале тука дуќани.

(ТомиславСтојановски, 1937)

Одкнигата–ТакасезборувавоГостивар“ приредилБогеДимитриески, Скопје 2000.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top