Историја

Реперкусиите од Балканските војни (1912-1913)

balkan-war

balkan-warПо Првата Балканаска Војна која беше објавена на 4(17), односно 5(18) октомври 1912 година, сојузничките војски: српската, бугарската, грчката и црногорската, им нанасеоа тешки загуби на турската војска, поради што Турција беше приморана да побара примирје (4 декември 1912 година). Војната со Турција правно беше завршена со потпишувањето на Лондонскиот мировен договор на 17(30) мај 1913 година, со кој територијалниот дел од европска Турција им се отстапуваше на сојузниците, без притоа да се одредат нивните граници. Поради тоа, а главно поради меѓусебните несогласувања која од нив да задржи и заземе поголем дел од новоослободените македонски територии дојде до Втората Балканска Војна, која наскоро заврши со целосен пораз на Бугарија.1

Треба да се напомене дека сојузничките војски својата меѓусебна нетрпеливост и своите ненаситни аспирации ги покажуваа уште во текот на Првата Балканска Војна, во која најмногу страдаа турското и другото муслиманско население во Македонија. Од сојузничките војски беа убиени илјадници муслимани, чии блага беа опљачкани, куќите запалени, а се палеа и цели села, па дури и цели делови од градовите што беа населени со муслимани2.

Но на окупираните територии во текот на Првата Балканска Војна не настрада само муслиманското население, иако тоа претрпе најголеми загуби. Спроведувајќи ги доследно своите империјалистички планови во Македонија, новите окупаторски војски и власти пристапија кон малтретирање и на она христијанско население кое според нивните калкулации и мислења не се чуствуваше за нивно3.

Втората Балканска Војна која се покажа многу посвирепа, а која избувна на 29 јули 1913 година, најскапо ја плати македонскиот народ. Во оваа војна, особено од страна на грчките војски беа заклани илјадници невини Македонци, од кои поголемиот број жени и деца, посебно во Кукушко и Валовишко каде што се водеа воените операции. Исто така беа запалени и разурнати десетици македонски села и убавиот македонски град Кукуш. Еднакво свирепи спрема грчкото население посебно во градовите Серес и Доксат се покажаа и бугарските војски4.

Како последница од двете балкански војни Бугарија на својата територија доби околу 112 000 бегалци од кои околу 50 000 Македонци, од нив 30 000 од Егејска Македонија5.

Грција пак на својата нова територија доби 157 000 бегалци од кои голем број Турци, а помал број на Грци, Македонци патријаршисти и Власи6.

Меѓутоа и покрај фактот што во Втората Балканска Војна поради споменатите свирепости, Македонците беа значително разредени во некои околии (Кукуш, Валовишта. Серес и др.), тие и натаму останаа главната народност во Егејска Македонија, а во апсолутно мнозинство во пограничните области во Вардарска Македонија која беше во склопот на Србија и со Бугарија.

Таквата состојба и од далеку не можеше да ги задоволи грчките планови кои се состоеја во тоа, оваа богата и дотогаш негрчка област, да се еленизира. Тоа можеше да се постигне единствено со присилно населување или асимилирање на Македонците и со присилно иселување на турското и другото муслиманско население од една страна и со населување на грчко население или население со грчки чувства од Кавказ, Мала Азија и други области од друга страна.

Поради тоа веднаш по склученото примирје, врз Македонците и Турците бил извршен силен притисок, да се иселат од грчката држава. Таквиот притисок принудил и извесен број македонски семејства да се иселат во Бугарија и Србија (поточно во Вардарска Македонија која се наоѓала во нејзиниот состав), а се јавило и засилено иселување во прекуокеанските земји7.

Превземено од Македониум


1Букурешки мир, Београд 1914; Д-р Петар Стојанов, Македонија во времето на балканските и Првата светска вона (1912-1918), Скопје, страна 58-63

2 Анкета на Балканите, Докладъ на Карнегиевата комисия по войните през 1912-1913 година, София 1914, страна 2 и 137

3 Анкета на Балканите …. страна 132

4 Анкета на Балканите …. страна 10-29; Д-ръ Л. Милетичъ, Граъцките жестокости въ Македония през гръцко-българската война, София 1913, страна 39-41 и 57-73

5 Анкета на Балканите …. страна 185; Список – таблица за бегалското население во Бугарија по години и место на потекло од 1924 година. Овој список се наоѓа во фондот „Молоф“, кој се чува во Народната библиотека во софија. Фотокопија во личната архива на авторот.

6 Анкета на Балканите …. страна 184

7 Анкета на Балканите ….; Архив на Македонија, Фонд на Македонскиот национален комитет – Софија. Во овој фонд постои вонредно богата документација во врска со овој проблем.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top