Историја

Британскиот конзул во Солун, Чарлс Блант, за грубите насилства на ајаните и патријаршиските владици во Серско

(Солун, 21 март 1839 година)

Мој Лорде,

sersko…Жалам што морам да го запознам Вашето лордство со фактот дека она што и го соопштив на вашата Екселенција во писмото број 2 за агата од Мелник не е точно,…затоа се надевам дека ќе ми биде простено што се излажав. Мустафа бег, агата од Мелник, не е пратен од Цариград и прилично се сомневам дека сеж додека не се извести  султанот за неговите свирепи постапки, нема ништо да се стори.

…Отидов во Серес… Таму дознав многу подробности во врска со Мустафа бег. Вашето лордство може да замисли колку тој ја угнетувал рајата штом жените си ја сечеле косата за да набават пари и да ги исплатат барањата на овој свер! Само неколку години наназад Мелник можеше да се гордее со своите 30 богати трговски семејства од редовите на рајата; секое од нив располагало со имот од вредност од по 6-700. 000 пијастри односно 6-7000 фунти стерлинзи, а сега нема ни три; останатите или се упропастени или имаат избегано. Има многу примери кога овој ги повикувал жените на  отсутните трговци и им барал пари. Бидејќи тие не можеле да ја исплатат сумата, нив ги затворале и ги држеле во пранги по 50-60 дена. Кога во Серес, мој Лорде, го сретнав Ибраим паша, поранешниот солунски паша, тој наполно го потврди она што бев го чул за агата од Мелник. Тој се сомнева дека на рајата ќе иж се подобри положбата, зашто агата испрати значителна сума пари во Цариград, а воедно му наредил и на својот ерменски банкар, Дели Бадрос, да ја среди работата и со грчкиот Патријарх!

Овој Мустафа бег и неговите роднини го држат ајанлакот Мелник цели триесет години, а последниве години негов главен помошник во тие неправди е некој Константин Карити, митрополит на грчката раја од Мелник. Ова, мој Лорде, претставува еден од многубројните примери што се среќаваат во Турција, имено, рајата повеќе страда од подлите предавства што ги чини самата раја, отколку од Турците и можат да се најдат, мој лорде, безброј случаи таму каде што има некој свиреп и грабежлив управувач, тој да е поттикнуван и помаган во се што тој чини од страна на чорбаџии или големци од рајата…; јас би додал, исто така, мој Лорде, дека во тоа не заостануваат и грчките владици кога им се укажува можност да добијат дел од пљачката, ќе се осмелам да го кажам уште и тоа, мој Лорде, дека поткупливиот карактер на грчката црква им дава голема заштита на таквите лица од народот или заедниците што се земени на око. Прва работа, мој Лорде, за еден грчки владика по пристигнувањето на должност претставува грабежот! …Сегашниов систем на грчката црква и нанесува на рајата далеку по-веќе штета отколку што всушност се мисли за угнетувањата на турските власти. Грчкиот владика собира свој забитлак или данок: првата година можеби правилно се наплатува, во втората година данокот се зголемува, исто така и во след-ната година, се додека поплаки против грабежот не се чујат на сите страни; тогаш владиците лично им даваат пари на турските власти додека се не се смири! Потоа, мој Лорде, доаѓаат годишните посети по селата, кога владиката граби се што ќе стигне! …Минувајќи низ селата на пат за Серес, чув многубројни поплаки против митрополитот од Серес… Селата што во вакви ситуации му плаќале по 500 пијастри или 5 фунти стерлинзи, биле принудени да му платат 2000 пијастри или 20 фунти стерлинзи!

Чарлс Блант

ПРО – ФО 195/100; Британски документи за историјата на македонскиот народ, ред. Христо Анадонов  Полјански, Архив на Македонија, Скопје 1968, т. И, стр. 129-131;

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top