Историја

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја” во 1935 г.

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минатиот век и ја влошуваше внатрешната положба на земјата, беше една од причините за сменување на владата на Народниот блок со воен удар од офицерите припадници на групата „Звено”, на чело со генералот Дамјан Велчев. Новата влада на претседателот Кимон Георгиев, која беше образувана по превратот од 19 мај 1934 година, меѓу првите мерки го презеде растурањето на македонските организации, за што пристапи кон апсење на нејзините раководители и функционери и кон забранување на нејзините печатени органи и. изданија. Истовремено владата, за разбивање на таа „држава во држава”, го расформира Петричкиот округ и го приклучи кон Пловдивската област, со што беше премавната административната посебност на Пиринска Македонија.

Во април 1934 година, македонскиот народ од Коминтерната доби авторитетна потврда, за постоење на Македонците како припадници на одделна јужнославјанска нација. Во тоа време, како обид да се изнесе теоретска аргументација на тезата за постоење на одделна македонска нација се појави една значајна публикација на Македонскиот народен сојуз во Америка, чие раководство го сочинуваа приврзаници на ВМРО (Обединета). Во статијата „Зошто ние Македонците сме одделна нација?”, објавена во споменатата публикација, се даде категоричен одговор со тврдењето дека ние, Македонците „не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту пак Бугари, а сме одделна македонска нација, која се бори за своето национално ослободување и одделување во своја македонска држава“.

Врз основа на ваквите ставови, раководството на ВМРО (Об.) во Бугарија го напдна расформирањето на Петричкиот административен округ и механичкото приклучување на неговата територија кон Софиската и Пловдивската област, гледајќи во тоа смислено разбивање на компакгноста на Пиринска Македонија како покраина.

Бидејќи, платформата на ВМРО (Об) од 1934 година имаше правилни позиции по македонското национално прашање, тоа доведе до ширење на нејзините редовите со нови припадници и симпатизери. Особено придонесе за опфаќање на поширок круг млади луѓе во редовите на организацијата. Едноставно интелектуалната младина од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија ги прифаќаше лозунгите и методите на ВМРО (Об.). Влегувајќи и работејќи во Македонскиот народен студентски сојуз, кој се наоѓаше под влијание на ВМРО (Об.), таа младина се вовлекуваше во акции и борби против фашизмот и за национални права, за демократија и прогрес.

Меѓутоа, ставот на звенарската влада на К. Георгиев во однос за признавање на Македонците и нивните национални права и белези не се разликувале многу од тие на другите поранешни бугарски влади. Тие во ВМРО (об.) гледаа пречка за спроведување на нивната денационализаторска политика и завојувачките планови.

Поради тоа, во април 1934 година во Горна Џумаја (денешен Благоевград) и други места во Пиринска Македонија профашистичката влада во Бугарија, која дојде на власт со државниот удар од 19 мај 1934 година, изврши многубројни апсења на прогресивни младинци, членови на ВМРО (Об). Поради својата македонска револуционерна дејност уапсените биле подложени на жестока тортура, а голем дел од нив беа осудени на долги временски казни.

Во дописката за состојбите во Горна Џумаја во периодот април-мај 1935 година, С. Џумајски го наведува следното:

„Од извесно време нашето граѓанство повторно се наоѓа во тревога поради хајката што ја презеде бугарската фашистичка власт против будните македонски младинци, ученици и возрасни. Во почетокот без секаков повод уапсија над 50 ученици. Тие беа подложени на чудовишни инквизиции во полицијата, а потоа и во касарната. Бидејќи не можела да ги добие потребните изјави, а и под притисокот на растечкото негодување кај граѓанството, полицијата ги ослободи повеќето а задржа само 19 души. Последниве во овој момент се наоѓаат во затворот со нарушено здравје, многу од нив плукаат крв – ова го констатирал месниот воен лекар Јуруков. Најмногу се тепани во касарната и лично од замразениот од сите поручник Ѓумџиев…

… На протестите од блиските на уапсените кај обласниот обвинител, последниот одговара дека тој не знае за никакви апсења (?!).

Скоро во исто време со апсењето на учениците беа уапсени и многу возрасни граѓани – работници и занаетчии, обвинети како членови на ВМРО (Об.). Инквизициите врз нив биле уште поголеми.

Изнесувајќи го горново, ние на драскачите од бугарскиот фашистички печат, кои се помачија да ја фалсифицираат вистината со тоа што и двата процеса ги оквалификуваа како „комунистичка конспирација”, им го праќаме нашиот презир, бидејќи процесите се против активностите на ВМРО (Об.) и македонската прогресивна младина. Се разбира, целта на оваа фалсификација не е да ги компромитира македонските националреволуционери како комунисти, бидејќи власта знае подобро од секој друг дека кај македонските трудбеници комунистите имаат најголеми симпатии.

Меѓутоа, целта на бугарската фашистичка власт е друга. Со третирањето на македонските апсења под општиот назив „комунистичка конспирација”, таа сака да го скрие постоењето на национално-револуционерната борба и во овој дел на Македонија којшто се наоѓа под чизмата на бугарскиот империјализам.

Со таа тактика таа сака да го скрие она што не може со ништо да се скрие, а имено дека и во овој дел на Македонијапостои жесток фашистички терор, национално потисништво и жестока колонијална експлоатација, дека и овде македонското население организирано и предводено од вистинската македонска национал-револуционерна организација – ВМРО (Об) води решителна револуционерна борба за своето ослободување од колонијалното ропство на бугарскиот империјализам, за своето национално самоопределување и одделување од бугарската држава, за национално ослободување и обединување на трите дела на Македонија во независна народнореволуционерна република.

Маневарот на бугарската фашистичка власт меѓутоа нема да успее. И покрај жестокиот терор и многуте жртви што ги даде до сега, ВМРО (Об) нема да запре ниту за момент со борбите за организирање и спроведување на македонската национално-ослободителна револуција.“ (С. Џумајски, Македонско дело, Х/197/198, (април-мај 1935 год.).

Сепак, во 1936 година, на ВМРО (Об.) и беше нанесен најтежок удар по извршената провала, кога околу 60 највидни раководни функционери и активисти на Организацијата беа разоткриени и изведени пред суд. На судскиот процес на оваа група, обвинетите отворено изјавуваа дека по национална припадност се Македонци и дека се борат за извојување суверенитет и државно конституирање на македонската нација. Големиот судски процес во 1936 година заврши со изрекнување на бројни тешки осуди и казни на обвинетите. Во отсуство беа осудени и главните раководигели на ВМРО (Об.), членовите на нејзиниот Централен комитет во странство – Димитар Влахов, Владимир Поптомов и Методи Шаторов.

Наскоро потоа престана организираната илегална дејност на ВМРО (Об.) во Пиринска Македонија и Бугарија, како и во другите делови на Македонија под грчка и југословенска власт, што беше условено и од менувањето на тактиката на најпрогресивните сили во периодот на разраснувањето на борбата против агресивниот фашизам и империјалистичките потпалувачи на светската војна.

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 292 – 295; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 48-51)

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top