Култура и туризам

„АНГЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ЛИМНОЛОШКИ ЛЕКСИКОН“ – ЗНАЧАЈНО ЛЕКСИКОГРАФСКО ДЕЛО (2)

1du123

1du123

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Публицистичкиот опус на Славе Катин опфаќа 60 наслови на кни­ги, од кои 22 се со името „Македонија“ и се тесно поврзани со иселеништвото, потоа 18 монографии за познати личности во иселеништвото и Македонија, 15 дела со историска и црковно духовна содржина и десетина лексикографски изданија, во кои спаѓа и првото дело „An English–Macedonian Limnological Dictionary“ („Англиско–македонски лимнолошки лексикон“),  .

Преведувачката работа во творечките активности на Славе Катин зазема значајно место во неговото творештво. Таа е иманентна на сите негови ангажмани во научно-истражувачката, публицистичката, информативно-пропагандната, кни­жевната и лексикографската сфера.

Од првиот ден на неговото вклу­чување во активностите на државата, почнувајќи од установата Хидробиолош­киот завод во Охрид, преку Матицата на иселениците од Македонија и Ре­публичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот на­род, до Комисијата за односи со верските заедници и Министерството, од­носно Агенцијата за иселеништво. Доброто познавање, особено на пи­ша­ниот англиски јазик му овозможи да функционира на сите ин­те­лек­туал­­ни канали во земјата и странство, преку позициите што ги заземал во Република Македонија.

Со делото  „An English–Macedonian Limnological Dictionary“ ( Англиско–македонски лимнолошки лексикон),  чиј издавач е Хидробиолошкиот завод од Охрид, во 1986 година, отпечатен на 206 страници, на англиски и македонски јазик, чиј рецензенти се д-р Борис Оцевски, проф. Д-р Јонче Шапкарев и д-р Владимир Цветковски, Славе Катин по­пол­ну­ва една голема праз­нина во областа на лимнолошката терминологија.

„Aнглиско-македонскиот лимнолошки лексикон“ е резултат на долгогодишната преведувачка работа на Славе Николовски-Катин, реализирана пред сè во Хидробиолошкиот институт во Охрид. Подготвен е со цел да пополни празнина во областа на биотехничката терминологија и да им помога на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни и биотехнички науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазично помагало.

Лексиконот беше подготвен и издаден од Хидробиолошкиот завод, кој  спаѓа во редот на најстарите научни установи, формиран  уште во далечната 1935 година како единствена научна институција од ваков вид на поширокиот Балкански простор. Беше формиран од познатиот и признат биолог академик Синиша Станковиќ, кој беше вљубеник во Охридското Езеро и Охрид и почитувач на Македонија.

„Англиско-македонскиот лимнолошки речник“ содржи приближно 4.000 зборови и термини, изрази и поими поврзани со биотехничките науки. Англискиот јазик опфаќа многу голема област и тој е јазик на кој се напишани повеќето стручни и научни книги. Бројни списанија и разни научни и стручни списанија и прегледи од различни науки се напишани на англиски јазик, за не случајно се вели дека тој е еден од најважните јазици во светот. Англискиот е јазик на науката, технологијата, коресподенцијата, уметноста и бизнисот.

Промоцијата на Лимнолошкиот лексикон, пак, беше извршена во Клубот на новинарите во Скопје, во присуство на голем број научници, новинари, пријатели и почитувачи на Славе Катон и љубители на пи­ша­ниот збор. За ова дело на Славе Николовски-Катин зборуваа д-р Јорданка Серафимова – Ха­џишче, директор на Хидробиолошкиот завод и д-р Борис Oцевски, нау­чен советник во Заводот.

Тие, меѓу другото истакнаа дека преведувачката кариера на Славе Ка­тин започна со неговото доаѓање во Хидробиолошкиот завод во Ох­­рид. Тој покажа голем интерест кон биолошките дисциплини, кон преведувачката дејност од македонски на англиски јазик и обратно од англиски на македонски јазик на бројни научни трудови. Тоа му помогна да се зафати да го потготви Лексинонот. 

Покрај „Англиско-македонскиот лимнолошки лек­си­кон“, Славе Катин ги преведе од македонски на англиски јазик: Монографијата „50 години од формирањето на Хидробиолошкиот завод“, моно­гра­ф­скиот дел за „Синиша Станковиќ“, како основач на овој Завод, а док­тор­ската ди­­сер­тација на биологот д-р Милчо Точко: „Развиток и ис­хра­­на на мла­ди­ците на ципринидите од Охридското Езеро“ од македонски на англиски јазик, како тре­то издание од циклусот на Заводот по повод неговиот јубилеј. Потоа, изврши превод на бројни науч­ни трудови од Славе Хаџишче, д-р Борис Oцевски, д-р Иван Џадо, д-р Милчо Точко, д-р Јорданка Серафимова – Хаџишче и други научници од Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top