Историја

Почит кон оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски 1929-1998

dragan-bogdanovski

dragan-bogdanovski

Драган Богдановски, македонски емигрант,  револуционер и борец за самостојна македонска држава, против комунистичкиот режим на  СР Македонија, во состав на СФР Југославија и против режимите на Бугарија и Грција, каде сеуште се асимилираат Македонците, под нивните шовинистички власти, стана еден од најголемите современи поборци за македонската кауза, во македонското движење во диаспора.

Пред оснивачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ, во Република Македонија, одржано на 17 Јуни 1990 година во Скопје, во Германија се донесе одлука за преименување на предходно предложеното од Драган име,  ДПМНЕ да се додаде ВМРО и идната партија да се вика ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредните месеци, пред повекепартиските избори,  во сеуште под Југословенска власт на СР Македонија, Драган Богдановски се врака во СР Македонија. Заедно со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ствара нови ограноци и врши пред изборни кампањи, во скоро сите градови на СР Македонија. За одбележување е и говорот, пред иљијадната публика ,на митингот во Охрид. Паралелно со тоа се организираат и вршат осниваки Собранија во диаспората, каде се оформуваат ограноци на ВМРО_ДПМНЕ во Австралија, Канада и Европа, во соработка со Драган Богдановски, Координативното тело на ДПМНЕ и со централата на ВМРО-ДПМНЕ во 90-те години од миналиот век.

Позначајните функции на Драган Богдановски во ДПМНЕ и во ВМРО-ДПМНЕ:

– Пртетседател на координативниот Одбор на ДПМНЕ за диаспората;

– Почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, избран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп одржан на 5-6 Април 1991 година и

– Претседател на задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, од 1991 до 1993 година.

Драган Богдановски, поради неговиот немирен револуционарен дух, поради отсуството со децении од родна Македонија и најпосле поради дел од неговите недосататоци, кои секој од нас ги има, во помала или во поголема мерка, при своите изразувања и усмени конверзации, бива изолируван до самоотстранување и до дистанцирање од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,во републиката и претседател на првата ВМРО-ска Влада, Љубчо Гепргиевски, кој не беше доследен на ВМРО-вските принципи, за лојалност кон единствената ВМРО-ска партија и организација, кој како и неговиот министер, Љубе Бошковски, кои дезертираа од матичната ВМРО-ДПМНЕ, стварајки други политички партии, но првиот, користејки ги четирите светли  букви,  му најде мана, на оснивачот Драган Богдановски. Тој бугароман, како народот го нарекува, го нарекол Драган Богдановски за   контрадикторна личност, поради свои лични процени, интереси и мислења, наводно, околу неговото отслужување на 11-годишната затворска робија во Идризово, СР Македонија.

Без разлика на било што, г-динот Драган  Богдановски останува засекогаш заслужен  оснивач на ВМРО-ДПМНЕ.

Вршејки ги своите национално-политички-патриотски македонски должности, Драган Богдановски, почина на 31. Мај 1998 година, Во Копенхаген-Данска, патувајки од Шведска за Германија.

После неколку месеци, неговите посмртни остатоци, со помош на македонските патриоти, негови најблиски соработници, пренесени се од Шветска и погребано е во гробиштата во Куманово, Република Македонија. На погребот на македонскиот великан и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, во присаство на членови на неговото семејство,  а за жал и срамот на  неговите сопартијци, од централата на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од Љубчо Георгиевски и ограноците од градовите на Република Македонија, никој од нив не присаствувал на погребот.

Од неговата смрт е навршено 12 години,  баш во времето на отпочнувањето на прославата на 20 годишнината од оснивањето на денешната ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој го води Македонскиот народ и сите граѓани  на Република Македонија, кон прогрес и посветол живот, отколку  поранешните комунистичкмо-социјалистички и шовинистички општества и нивните следбеници, против кој се бореше Драган Богдановски, очекуваме од Премиерот, како подржувач од Македонците од републиката , а и од цела патриотска македонска диаспора, да му оддаде потребна почит и изрази признание за овој македонски великан.

Нека му е вечна слава и лесна македонската земја, на нашиот ценет Драган Богдановски, кој не задолжи сите нас и нашите идни Македонски генерации, да го продолжиме неговото дело за обединување и ослободување на Македонците и на Македонија.

Сопартијците и најблиските соработници на Драган Богдановски, кои го создадоа и придонесоа за создавањето на  ВМРО-ДПМНЕ,кои  денес се покојни,  во времето на прославата од 20 годишнината на  формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, да ги спомнеме и да им оддадеме потребна почит. Тие несебични патриот беа: Панко Самковски, Михаил Шариновски-Солунски,  Крсто Шкодров, Спасе Трпоски и други од Австралија, како и поединци од Канада, Америка, Европа , а од  Македонија, покојниот Костадин Диневски-Динката, кој е заслужен за поврзувањето на Борис Змејковски со Драган Богдановски, кој штотуку излегол од затворот и почнал да организира нова македонска  национално политичка партија. На сите нив, заедно со големиот Драган Богдановски, нека им е лесна земјата и вечна слава, амин!

Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија, 26 Мај 2010

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top