Историја

Скопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ

lozari

lozariСкопскиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ ги разгледал главните прашања кои во целина се однесувале на Македонската револуционерна организација. Овој Конгрес е еден од низата окружни конгреси, а на него се потврдил појавениот сепаратизам на Скопскиот револуционерен округ.

Конгресот започнал со работа на 2 јануари 1905 година и траел една недела.

Тој се одржал во Осоговските Планини над село Кнежево, Кратовско [1].

На овој Конгрес присуствувале 20 делегати од Скопскиот округ, а меѓу нив се нашле Крсто Б’лгаријата, Ефрем Чучков, Атанас Бабата и Тодор Александров.

Меѓу другото како главно прашање во работата на овој Конгрес се наметнало идното уредување на Организацијата. Разгледувањето на оваа прашање започнало со проектот-правилник на Пере Тошев наречен Образец I од Прилепскиот конгрес. Меѓутоа таквиот проект на Тошев претрпел измени од страна на самиот Конгрес особено во поглед Централниот комитет и Задграничното претставништво.

Таквиот преработен проект-правилник, Конгресот решил да стапи во сила веднаш во Скопскиот револуционерен округ за да се зачува единството во работата на Округот [3][4], меѓутоа правилникот бил ревидиран и ставен во сила без да биде потврден од еден општ конгрес на Организацијата и тоа претставува израз на сепаратизам од страна на Скопскиот револуционерен округ.

Меѓутоа конфузијата се зголемила откако Конгресот ги прифатил и принципите на Христо Матов (Брут) – Основите на Внатрешната револуционерна организација и Директивата за идна дејност од софиските советувања за притоа дополнувајќи дека Организацијата ќе ги гони сите Срби кој нема да се придружуваат кон нејзините статути.

Конгресот прифатил решенија кој меѓусебе си противречеле и затоа самиот Христо Матов, чии решенија биле прифатени и преовладувале на овој Конгрес, обвинил за кршење на единството во Организацијата.

Решенија

Согласно реведираниот правилник било избрано ново окружно раководство во кое влегле:
•    Крсто Б’лгаријата – претседател
•    Ефрем Чучков – секретар
•    Атанас Бабата – легален член

•    Тројца нелегални дејци чии имиња не се наведувале
Конгресот исто така го избрал Даме Груев за претседател на Скопскиот револуционерен округ, а доколку тој не ја прифател таа должност, да ја извршува Б’лгаријата.
Конгресот го избрал Иван Гарванов за задграничен преставник на Скопскиот округ. Додека траела работата на Конгресот, Даме Груев се наоѓал во Софија и тој го прифатил изборот за претседател на овој Округ и истовремено го препорачал Иван Гарванов за задграничен преставник и на Солунскиот и на Битолскиот округ, а набргу потоа Даме Груев се нашол на територијата на Скопскиот округ.

На овој конгрес биле разгледани низа на прашања кој ја засегале Македонската револуционерна организација и бил направен обид за нивно решавање. Меѓутоа со донесените решенија само се засилиле недоразбирањата меѓу македонските дејци. Самиот Скопски округ со овој Конгрес манифестирал сепратаизам видлив преку преседантот при избор на Иван Гарванов за задграничен преставник на Округот.

Извори
•    ↑Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија – заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика – Скопје, Скопје, 1969 година
•    ↑Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот округ на МРО (јануари 1905, Историја XXVIII/1-2, Скопје, 1992
•    ↑ Протоколъ на I-вия редовенъ революционенъ конгресъ въ Скопския окръгъ, откритъ на 2 яануарий, 1905 година, Ил. Илинденъ, г.5/4 (44), София, 1933, (сообщава – Боянъ Мирчевъ
•    ↑Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј – Факултет за философско – историски науки, Скопје, 1981
•    ↑Христо Силянов, “Освободителнитѣ борби на Македония”, том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
Литература
•    Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија – заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика – Скопје, Скопје, 1969 година
•    Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот округ на МРО (јануари 1905, Историја XXVIII/1-2, Скопје, 1992
•    Христо Силянов, “Освободителнитѣ борби на Македония”, том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. (бугарски)
•    Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј – Факултет за философско – историски науки, Скопје, 1981

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top