Култура и туризам

ПЕЧАЛБАРСКИОТ КОПНЕЖ НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН (7)

1ko1

1ko1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Книгата „Печалбарски копнеж“е дело на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатено во 1993 година на 156 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. Д-р Томе Саздов и Фиданка Танаскова, автор е Славе Николовски – Катин на своите страници опфаќа вкупно 44 новинарски и публицистички текстови за нашите сонародници – македонски иселеници во Канада и во Соединетите Американски Држави.

Инаку, во публицистички текстови за македонските исе­лени­ци во Америка и Кана­да, Катин раскажува за своите средби и разговори со нив во ма­ке­дон­ските православни цркви, клубови и друш­тва, во овие две го­ле­ми др­­жа­ви на Американскиот континент. Пред нас дефилираат најразлич­ни чо­ве­кови судбини на повеќе генерации маке­донски исе­леници, чии заед­­­нички одлики, како своевидни мотиви во овие рас­ка­жувања, се ностал­­­ги­јата кон родниот крај, врските со старата татко­вина и стреме­жи­­­те за за­чувување на нивниот национален и културен инте­гри­тет“,

Всушност, преку овие свои написи авторот раскажува за своите бројни средби со Македонците во тие две огромни прекуокеански земји. Тие чести средби се резултат на неговите патувања и престои по разни поводи и во подолг временски период, но поголемиот број од овие текстови ги одразуваат најсвежите, неодамнешни контакти, средби и разделби на авторот со македонските иселеници присутни во македонските православни цркви, друштва и друг вид асоцијации во најразлични региони на американските и канадските простори.

За публикацијата „Печалбарски копнеж“  проф. д-р Томе Саздов, претседател на Матицата на иселениците од Македонија е напише:

„Сите застапени текстови, земени заедно, може да се третираат и како една богата, автентична и значајна своевремена хроника на македонското иселеничко живеење во дијаспората, во случајов во Канада и САД. По неодамнешната појава на книгата „Во Австралија како дома“ во издание, исто така, на „Матица Македонска“, авторот Славе Николовски – Катин, со овој свој нов ракопис, всушност, ги заокружува своите репортерски записи и кажувања за печалбарите, а денес и видни граѓани во земјите каде што живеат и работат во попријатни околности, но со ненамалена желба и копнеж почесто да се најдат во прегратките на првата Татковина и дедовска земја – Македонија“, истак­­­нува д-р Томе Саздов во својот предговор кон ова дело..

Со оглед дека публикацијата „Печалбарски копнеж“ се појавува само две годи­ни по осамостојувањето на Македонија, како суверена и независна држа­ва, во неа посебен акцент е даден на заложбите на македонските исе­ле­ници за брза консолидација и успешна трансформација на земјата во демократска држава и нејзината ориентација за вклучување во евро­ат­лантските структури. Во овој историски момент, заедничка и единствена благородна цел на сите Македонци, е развојот на Република Македонија како матица на сите свои чеда, без оглед од кој дел на Македонија по­текнуваат и на кои меридијани тие живеат.

Од тие причини, ова дело на Катин е богата, автентична и значај­на современа хроника на македонското иселеничко двичење во ди­ја­спо­­рата, во случајов во САД и Канада. Всушност, по книгата „Во Ав­стра­лија како дома“, со овој свој нов ракопис, Катин ги заокружува свои­­­те ре­портерски записи и кажувања за бројните македонски иселеници.

На Илинденските средби во ЉУбојно во 2000 година беа промовирани книгите: „Печалбарски копнеж“, „Македонски иселенички паноптикум“ и монографијата за најголемиот донатор од иселеништвото „Атанас Близнаков“ чиј  автор е Славе Николовски – Катин. Пред присутните, на „Полена“ за трите книги и за творештвото на Катин зборуваа проф. д-р Томе Саздов, д-р Петре Лубаровски и Бошко Рајчовски – Пелистерски.

Промоциите на „Полена“ беа со одушевување прифатени од присутните, па како да ги отворија широко вратите „Љубанските илинденски иселенички средби“ да добијат плус една културна димензија која продолжува да се негува сите овие години.

Печалбарсвото на Славе Катин е поврзано со неговото печалбарско Љубојно во Преспа. Тоа е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер, многумина заминале и се задомиле во многу земји од светот, но тие  доаѓаат во родно место,особено за Илинден. Затоа и останала поговорката „Ојш кај ќе ојш, во Љубојно за Илинден дома да си дојш“.    

Ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живот, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот  –  средбите и Македонија  да бидат вечни.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Најнови вести

To top