На прво место Коментари

Нека ја прочитаат Бугарите „Македонскиот јазол“ – можеби конечно ќе ја разберат вистината за Македонија

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Германскиот дипломат Ханс-Лотар Штепан со необјавени архивски документи го потврдува историскиот континуитет на македонскиот народ, јазик и идентитет

„The Macedonian Knot – The Identity of the Macedonians, as Revealed in the Development of the Balkan League 1878–1914“ е капитално дело на германскиот дипломат и прв германски амбасадор во независна Македонија, д-р Ханс-Лотар Штепан.

Книгата е објавена во 2009 година од издавачката куќа Peter Lang и на повеќе од 450 страници претставува едно од најзначајните странски истражувања за македонското национално прашање.

Во време кога од Софија повторно се слушаат обиди за оспорување на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја, можеби најсилниот одговор не доаѓа од Македонија, туку од германските дипломатски архиви.

Ханс-Лотар Штепан зад себе остави дело кое претставува едно од најсилните меѓународни сведоштва за историската вистина за Македонија. Неговата книга „Македонскиот јазол“ не е политички памфлет, ниту идеолошки манифест. Таа е резултат на долгогодишно истражување на необјавени документи од архивите на Германското Царство и германското Министерство за надворешни работи.

Токму затоа вреди да ја прочитаат оние кои и денес тврдат дека Македонците се „измислена нација“, дека македонскиот јазик е „дијалект“ или дека македонскиот идентитет е производ на политички одлуки од XX век.

Штепан доаѓа до сосема поинаков заклучок.

Во предговорот на книгата тој јасно наведува дека врз основа на необјавени германски дипломатски досиеја се потврдува непрекинатиот идентитет на Македонците. Според него, извештаите на германските дипломатски претставништва покажуваат дека Македонците биле препознаени како посебен народ уште во периодот пред Балканските војни и пред поделбата на Македонија.

Особено значајно е што авторот не настапува како македонски историчар, туку како германски дипломат и научник кој работел со оригинални архивски извори. Неговите заклучоци не произлегуваат од политички или национални симпатии, туку од документи.

Во книгата детално се анализираат политиките на Бугарија, Србија и Грција кон Македонија во периодот од Берлинскиот конгрес во 1878 година до Првата светска војна. Штепан покажува дека претензиите кон македонското име, јазик и територија не се резултат на историски факти, туку на национални и империјални проекти на соседните држави.

Особено силно одекнува неговата констатација дека македонското прашање не може да се сведе ниту на бугарско, ниту на српско, ниту на грчко национално прашање, бидејќи Македонците поседувале сопствена национална свест и историски континуитет.

Во своето истражување Штепан пишува дека германските дипломатски документи го потврдуваат постоењето на посебен македонски народ и покажуваат дека обидите за присвојување на Македонија од страна на соседните држави се производ на политиките на балканскиот национализам и империјализмот од XIX и почетокот на XX век.

Ханс-Лотар Штепан не ја бранеше Македонија само преку својата книга. Во бројни интервјуа и јавни настапи тој отворено застануваше во одбрана на историската вистина.

„Македонците имаат најголемо право да го користат своето име Македонија“, изјавуваше германскиот дипломат.

Во друга прилика нагласи:

„Многу држави, вклучително и САД, го признаваат вашето уставно име. Тоа покажува дека политичарите и научниците ги провериле историските факти и дошле до единствениот можен заклучок. Светот има обврска да ја поддржува демократска Македонија.“

Не е случајно што во Македонија беше одликуван со медалот „Блаже Конески“ од Македонската академија на науките и уметностите и со наградата „Духовен борец Македонија“. Тоа беа признанија за човек кој не беше Македонец по потекло, но беше искрен и доследен борец за вистината за Македонија.

Денес, кога повторно се отвораат расправи за идентитетот, историјата и јазикот, „Македонскиот јазол“ останува книга која заслужува да биде прочитана од секој што сака да зборува за Македонија врз основа на факти, документи и историски извори.

А можеби најмногу од оние кои и понатаму се обидуваат да ја негираат македонската посебност.

Затоа, пред нови условувања, нови блокади и нови историски конструкции, нека ја прочитаат Бугарите книгата на Ханс-Лотар Штепан. Можеби токму во германските архиви ќе ја пронајдат вистината што толку долго одбиваат да ја прифатат.

Најново од: На прво место Коментари

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top